Супа од моркови и кокос

Супа може да биде извонредно вкусна и феноменално здрава ако ја направите со вистинските состојки. Во овој случај „вистинските“ состојки вклучуваат загревање на билки и зачини како ѓумбир, лук, куркума и пипер, во комбинација со крем од кокос, моркови и сладок компир за малку слаткост.

Што ја прави супата од моркови и кокос толку добра за вас?

Два збора: природни производи. Секоја состојка во оваа супа од моркови и кокос е вистинска; нема модифициран скроб, калиум хлорид, изолиран соин протеин, карамел боја или мононатриум глутамат (MSG), што се примери за адитиви што обично се наоѓаат во конзервираните супи.

Кога правите домашна супа, ги контролирате состојките, што значи дека крајниот производ не само што е многу повкусен, туку исто е и далеку поздрав. Во рецептот за супа од моркови и кокос што следува, ќе најдете богат асортиман на вистински супер производи, во кои ќе уживате со секој залак.

Кокосово млеко

Кокосовото млеко се добива од сок од рендано месо на кокосови ореви и вода. Околу 50 проценти од мастите во кокосовото масло се лауринска киселина, што ретко се наоѓа во природата. Вашето тело ја претвора лауринската киселина во монолаурин, моноглицерид што всушност може да уништи вируси со липидна обвивка, како ХИВвирусот, вирусите предизвикувачи на херпес, грип, мали сипаници; грамнегативни бактерии и протозои како Giardia lamblia.

Лауринската киселина е масна киселина со среден ланец (medium chain fatty acid-MCFAs), што е лесно сварлива и лесно ја преминува клеточната мембрана. MCFAs веднаш се претвораат во вашиот црн дроб во енергија, наместо да бидат складирани како масти.
Има бројни истражувања што покажуваат дека
MCFAs промовираат намалување на телесната тежина, вклучувајќи и едно истражување што покажува дека кај стаорци хранети со MCFAs се намалуваат телесните масти и се подобрува чувствителноста на инсулин и толаренцијата на глукоза.

Друго истражување наоѓа дека луѓето со зголемена телесна тежина кои биле на исхрана богата со MCFAs изгубиле повеќе масно ткиво, што веројатно се должи на зголемената потрошувачка на енергија и оксидација на мастите поради внесот на MCFAs. Покрај тоа, кокосовото млеко е богато со антиоксиданси и хранливи материи, вклучувајќи витамин Ц, Е и Б витамини, магнезиум, калиум, фосфор и железо.

Моркови

Морковите се богати со бета-каротен (пре-витамин А), витамин К1, витамин Ц и калциум. Морковите може да ве заштитат од срцеви заболувања и мозочен удар, а истовремено ви помагаат да изградите силни коски и здрав нервен систем. Морковите особено се поврзани со 32 проценти помал ризик од коронарна срцева болест и го намалуваат ризикот од срцев удар кај жените.

Антиоксидантите во морковите, вклучувајќи го бета-каротенот, може исто да помогнат во превенција на рак. Едно истражување покажува дека пушачите кои јадат моркови повеќе од еднаш неделно имаат помал ризик за рак на белите дробови, додека исхрана богата со бета-каротен може исто да ве заштити и од рак на простатата.
Користењето на моркови за супа е идеално бидејќи хранливите материи како бета-каротенот и фенолните киселини се зголемуваат кога морковите се готват.

Кромид

Кромидот е богат со соединенија што содржат сулфур и други фитохемикалии што може да го зајакнат здравјето на срцето, да ве заштитат од рак и дијабетес, да го зајакнат здравјето на коските и многу повеќе.
Кромидот е антиалергиски, антихистамински, антивоспалителен агенс и антиоксиданс; и има особено висока концентрација на корисни полифеноли, повеќе полифеноли од лукот, празот, доматите и црвените пиперки.
Кромидот содржи бројни антиканцерогени соединенија, вклучувајќи кверцетин, што е докажано дека намалува иницијација на канцерозни тумори, а исто и инхибира пролиферација на култивирани канцерозни клетки од јајници, дојка и дебело црево.

Лук

Свежиот лук има моќни антибактериски, антивирусни, антигабични својства и ефекти што го зајакнуваат имунолошкиот систем. Другите компоненти што промовираат здравје ги вклучуваат олигосахаридите, протеини богати со аргинин, селен и флавоноиди. Едно истражување открива дека како што алицинот се вари во вашето тело, произведува сулфенска киселина, соединение што реагира со опасните слободни радикали побрзо од било кое друго познато соеднинение.

Ѓумбир

Ѓумбирот е еден од најдобрите природни лекови доколку се борите со гадење или мачнини при патување и има моќни антивоспалителни својства, што го прави вредна алатка во борбата против болката. Ѓумбирот исто има широк спектар на антибактериски, антивирусни, антиоксидантни и антипаразитарни својства, што се само неколку од неговите повеќе од 40 фармаколошки дејства.
Ѓумбирот ветува многу во борбата против ракот, дијабетесот, неалкохолната масна болест на црниот дроб, астмата, бактериските и габичните инфекции, а бидејќи е термогена супстанца, исто има и позитивно дејство врз метаболизмот и складирањето на масти.

Куркума

Куркумата содржи куркумин, полифенолот е идентификуван како неговата примарна активна состојка и има преку 150 потенцијални терапевтски дејства што вклучуваат антиоксидантни, антивоспалителни и антиканцерогени својства. Куркуминот е способен да ја помине крвно-мозочната бариера, што е една од причините зошто ветува многу како нервнопротективен агенс кај широк спектар на невролошки нарушувања.
За куркуминот има најмногу литература базирана на докази што ја подржува неговата употреба против ракот.

Супа од моркови и кокос (4 порции)

За да се направи оваа супа потребни се 30 минути и е неверојатно вкусна и хранлива.

Состојки:

  • 1 голема главица кромид, исецкан
  • 2 лажички свеж ѓумбир, исечен
  • 4 средни чешниња лук, исецкан
  • 1 лажичка кари во прав или куркума
  • 2 чаши исечени моркови на парчиња дебели околу 0,5 см
  • 1 чаша сладок компир, исечен во вид на коцки со големина од околу 1 см
  • 150 мл кокосово млеко
  •  сол и пипер по вкус

Упатства:

  1. Исечете го кромидот и оставете го да отстои барем пет минути за да ги даде своите здравствени придобивки.
  2. Додадете го лукот и ѓумбирот и оставете ја мешавината да отстои уште една минута.
  3. Додадете кари во прав или куркума и измешајте ги добро со кромидот.
  4. Додадете ги морковите и слаткиот компир и оставете ја мешавината да врие на средна температура додека не се размекне зеленчукот, околу 15 минути.
  5. Додадете го кокосовото млеко.
  6. Ставете ја смесата во блендер, но внимавајте блендерот да не биде полн повеќе од половина. Кога смесата е жешка, а блендерот преполн, смесата може да се излее надвор од блендерот и да ве изгори. Додадете сол и пипер по вкус.
  7. Вратете ја супата во тенџерето и подгрејте ја. 

Експерт по природно здравје д-р Меркола

photo_4.jpg

Извори:

Масло со среден ланец ги намалува масните наслаги и ја намалува експресијата на гените за складирање на масти кај стаорци

Триглицеридите со среден ланец ја зголемуваат потрошувачката на енергија и го намалуваат складирањето на масти во поткожното масно ткиво кај мажи со прекумерна телесна тежина

Поврзаност меѓу одредена храна и ризикот од акутен миокарден инфаркт кај жени

Моркови, зелен зеленчук и рак на бели дробови: истражување со контролни случаи

Плазмата и каротеноидите во храната и ризиокот од рак на простата: истражување со селективни контролни случаи

Антиоксидантни промени и сензорни својства на пире од моркови обработено со и без перидермно ткиво

Употреба на кромид и лук и рак кај човекот

Лук: Врвен извор на антиоксиданси - сулфенска киселина