Дали вашите производи за лична нега се безбедни?

Ако користите конвенционала шминка секојдневно, можете да апсорбирате скоро 2,5 кг. хемикалии годишно во вашето тело – и тоа без додавање лосион за тело, дезодоранс, шампон, регенератор и други производи за лична нега!

Многу од тие хемикалии директно се поврзани со рак или е познато дека предизвикуваат оштетување на вашиот мозок, репродуктивен систем и други органи и ова не е претерување. Иако може звучи тешко да се верува, Агенцијата за храна и лекови не ја разгледува систематски безбедноста на производите за лична нега.

Важно е да се разбере дека од 10 500-те состојки што се користат во пасти за заби, производи за заштита од сонце, лак за нокти итн., само 13 проценти се разгледани за безбедност во последните 30 години, според анализите на Инваројментал Воркинг Груп (Environmental Working Group),

Работната група за заштита на животната средина – и тие што се разгледани, разгледани се од Козметикс Ингридиентс Ривју (Cosmetics Ingredients Review), компанија за преглед на состојките во козметичките производи, која што е водена од козметичката индустрија!

Просечно, аплицирате 126 различни состојки на вашата кожа дневно и 90 проценти од нив не се евалуирани за безбедност. Агенцијата за храна и лекови дури и изјавува:

„Козметичките производи и состојки не се предмет на Органот на Агенцијата за храна и лекови за одобрување пред да се најдат на пазарот, со исклучок на адитивите за боја... Козметичките фирми се одговорни за докажување на безбедноста на нивните производи и состојки пред нивна промоција.“

Што всушност навистина ставате на и во вашето тело?

Само козметичките компании знаат сигурно, со оглед на тоа што не се бара дури ни сите состојки да бидат на етиката. Повеќето производи за лична нега затоа не се ништо повеќе туку производ на успешен маркетинг, формулирани да мирисаат убаво, да изгледаат убаво и да се чувствувате убаво кога ќе ги нанесете на вашата кожа, со малку важност во однос на нивното влијание врз вашето здравје.

Листата на опасни состојки кои се користат во козметските препарати е прилично долга – Државниот институт за професионална безбедност и здравје изјави дека близу 900 од хемикалиите што се користат во козметските препарати се токсични.

Oвие се некои од главните што често се среќаваат и што сигурно ќе сакате да  ги избегнете:

  • Парабен, хемикалија што се наоѓа во дезодоранси и други козметски препарати што е покажано дека го имитира дејството на женскиот хормон естроген, кој може да предизвика раст на рак на дојка.
  • Натриум лаурил сулфат (SLES/SLS), сурфактант, детергент и емулгатор што се користи во илјадници козметички производи, како и во индустриски средства за чистење. Присутен е во скоро сите шампони, третмани на скалпот, боја за коса и средства за белење, пасти за заби, гелови за туширање, основи за шминка, течни сапуни за раце, детергенти за алишта и масла за бањање/сол за бањање. Вистинскиот проблем со SLES/SLS е што производниот процес (етоксилација) резултира со контаминација на SLES/SLS со 1,4-диоксан, карциноген нус производ.
  • Фталати, пластифицирачки состојки (присутни во близу ¾ од 72 производи тестирани од Инваројментал Воркинг Груп (Environmental Working Group), што се поврзуваат со дефекти во репродуктивниот систем кај момчињата и намалена подвижност на спермата кај возрасни мажи, меѓу другите проблеми.
  • Мошуси, што се користат како мириси,може да се акумулираат во вашето тело, а се поврзуваат со иритација на кожа, нарушување на хормоните и рак во лабораториски истражувања.
  • Вештачки мириси, што се вбројуваат меѓу првите пет познати алергени, а можат да предизвикаат астма и да бидат тригер фактор за астматични напади.
  • Метилизотиазолинон (MIT), хемикалија што се користи во шампони со цел да спречи развој на бактерии, која што може да има штетни ефекти врз вашиот нервен систем.
  • Толуен, добиен од нафта или катран од камен јаглен, а се наоѓа во повеќето синтетички мириси. Хронична изложеност се поврзува со анемија, намален број на крвни клетки, оштетување на црн дроб и бубрези и  може да влијае на развојот на фетусот.
  • Минерално масло, парафин и вазелин, овие производи ја покриваат вашата кожа со слој како пластика, ги затнуваат порите и доведуваат до натрупување на токсини. Исто така, го забавуваат клеточниот развој, што може да предизвика рана појава на знаци на стареење и постои сомневање дека се причина за појава на рак и нарушување на хормоналната активност.

Може да апсорбирате повеќе токсини од производите за нега на кожа отколку од храната

Вашата кожа е вашиот најголем орган – и исто најтенкиот. Помалку од  2,5 мм го разделуваат вашето тело од потенцијалните токсини. Уште полошо, вашата кожа е многу пропустлива.  Скоро сè што ќе ставите на вашата кожа ќе заврши во вашиот крвоток и ќе биде дистрибуирано низ вашето тело.

Затоа сакам да кажувам: „...не ставајте ништо на вашето тело што не би го изеле доколку морате...“

Ставањето хемикалии на вашата кожа или скалп, всушност, може да биде полошо отколку јадејќи ги. Кога јадете нешто, ензимите од вашата плунка и желудник помагаат да се разложи и да се исфрли од вашето тело. Сепак, кога ги ставате тие хемикалии на вашата кожа, се апрорбираат директно во вашиот крвоток без било каква филтрација, одејќи директно до вашите деликатни органи.

Кога овие хемикалии еднаш ќе го најдат нивниот пат до вашето тело, имаат тенденција да се акумулираат со време бидејќи вообичаено ви недостигаат потребните ензими за да се разложат. Кога ќе ја додадете секојдневната изложеност во текот на целиот живот, тоа доведува до неискажана мерка на изложеност на хемикалии.

Заслужувате безбедни производи за лична нега

Повеќето произоди за лична нега во супермаркетите и дури и во специјализираните продавници содржат токсични состојки што можат да му наштетат на вашето здравје. Вие и вашите семејства заслужуваате подобро, а постојат и други опции.

Еден од најлесните начини да се осигурате дека не сте изложени на потенцијално опасни агенси е едноставно да си направите ваши сопствени производи за лична нега.

Ова се неколку мои предлози:

  • Целосно природни креми – Чисто ему масло е одлична алтернатива за кремите и лосионите за лице и тело, како и чисто кокосово масло. Тоа е фантастична крема и моќен извор на корисната масна лауринска киселина.
  • Целосно природни препарати за акни – Протривајќи само капка масло од оригано може да го забрза исцелувањето и да спречи создавање лузни без прибегнување кон тешките комерцијални лекови за акни (запомнете темелно да ги измиете раце потоа).
  • Целосно природни дезодоранси – Советувам избегнување на сите антиперспиранти. Обичен сапун и вода функционира сосема добро. Ако сè уште ви треба и понатамошна помош, тогаш обидете се со малку сода бикарбона во вода како ефикасен дезодоранс за цел ден.

Ако повеќе сакате готови производи, задолжително прочитајте ги етикетите и пробајте ги производите пред да ги купите. Податоците за козметичка длабинска безбедност на кожата на Инваројментал Воркинг Груп (Environmental Working Group) се одличен извор за наоѓање и проценување на здрави производи за лична нега.

На крај, ако купувате некои безбедни, природни опции во вашата локална продавница за здрава храна, ова се моите главни насоки што треба да ги имате на ум:

  • Барајте знак за органски производ.
  • Ако не можете да го изговорите, најверојатно не сакате да го ставите на вашето тело. Прашајте се: „Би го изел ова?“
  • Барајте производи што се без мирис. Еден вештачки мирис може да содржи стотици – дури и илјадници – хемикалии, а мирисите се главна причина за алергиски реакции.
  • Обрнете внимание на редоследот по кој се наведени состојките. Производителите се обврзани да ги наведат состојките по волумен, што значи дека првите неколку состојки се најдоминантни. Ако екстракт од невен е последната состојка на долга листа, вашиот производ за нега на телото со невен не е многу природен.
  • Држете се до основното. Дали навистина ви требаат 20 производи за да се подготвите за денот? Поедноставете го вашиот живот и спасете ја вашата сметка во банка.
  • Купувајте производи што доаѓаат во стаклени шишиња наместо пластика бидејќи хемикалиите од пластиката може да се исфилтрираат во содржината. Бисфенол А (BPA-БПА) е сериозен проблем; бидете сигурни дека секој пластичен сад не содржи BPA.
  • Барајте производи направени од компании кои се пријателски насочени кон земјата, животните и природата.

Експерт по природно здравје д-р Меркола

photo_4.jpg

Извори:

Агенцијата за храна и лекови на САД (FDA), Орган на Агенцијата за храна и лекови за козметика

АБЦ Вести, 27-ми април 2015

Перспективи за заштита на животната средина, јули 2003; 111(9):1148-51

Енвајорментал Воркинг Груп (Environmental Working Group-EWG), Работна група за заштита на животната средина, Опасностите од тешките метали: Здравствените ризици од скриените тешки метали во шминката за лице

„Саенс дејли“ (Science daily), 28-ми јануари 2015

„ПЛОС ван“ (PLOS One), 28-ми јануари 2015

Списание за применета токсикологија, 12-ти јануари 2012, 32(3); 219-232

Орган на Агенцијата за храна и лекови за козметика

АБЦ Вести, 27-ми април 2015

„Д Вол Стрит Џрнл“ (The Wall Street Journal), 23-ти октомври 2013

ewg.org, База на податоци за кожата