Амалгамските пломби може сериозно да ве разболат

Опасностите од амалгамските пломби, што се составени од 50 проценти жива, стануваат нашироко познати. Се почесто дури и конвенционалните вести можеме да прочитаме статии со наслови: „Амалгамските пломби во вашите заби може да ве направат болни“.

Ова би било контроверзно дури и пред неколку години и иако здравствени установи како Агенцијата за храна и лекови и Стоматолошката комора сè уште остануваат верни застапници на амалгамските пломби, доказите брзо говорат против нив.

Агенцијата за храна и лекови значително доцни во решавањето на прашањето за амалгамските пломби

Повеќе од 30 години Агенцијата за храна и лекови во САД едноставно одбива да издаде било какво јавно предупредување за невротоксичните ризици од амалгамските пломби. Во 2009 година всушност изјави дека се безбедни во класа 2 кај возрасни и деца постари од 6 години кои не се алергични на жива.

Оваа нерационална изјава се појави и покрај цврстите докази што покажуваат дека живата е високо токсична и лесно се ослободува во форма на пари (пареа) секој пат кога јадете, пиете, ги четкате забите или ги стимулирате забите на некој друг начин.

Тие живини пари лесно минуваат преку клеточната мембрана, низ крвно-мозочната бариера и во вашиот централен нервен систем, каде може да предизвикаат психолошки, невролошки и имунолошки проблеми.

Деца и фетуси, чии мозоци се сè уште во развој, јасно се најмногу изложени на ризик, но секој може да биде погоден, а здравствените ризици се зголемуваат колку подолго ги имате вашите пломби.

Многумина се надеваа дека Агенцијата за храна и лекови во САД ќе го преиспита тој бесмислен став откако Светската здравствена организација повика на прекин на употребата на амалгамот во нивниот извештај за 2011 година: „Понатамошна употреба на материјалите за дентална реставрација“.

Во мај 2011 година Европскиот Совет, исто така, издаде проглас за ограничувања и забрани за амалгамските пломби, што се веќе забранети во Норвешка, Шведска и Данска. Канада, исто така, престана да одобрува употреба на амалгам кај деца, бремени жени и луѓе со нарушена бубрежна функција, дури во 1996 година!

На 22 септември 2011 година, д-р Џеф Шурен, директор на Центарот за апарати и радиолошко здравје (огранок на Агенцијата за храна и лекови на САД одговорен за одобрување и безбедност на медицински апарати) вети дека ќе даде изјава за амалгамот до крајот на 2011 година. На прашање од новинар на голем весник, Агенцијата за храна и лекови на САД повтори дека ќе дејствува во 2011 година.

stomatologija1.jpgКако што доаѓаше крајот на 2011 година, неизвесноста се зголемуваше како што сите шпекулираа дали Агенцијата за храна и лекови на САД конечно ќе дејствува да го заштити здравјето на американските деца. Кога остануваа само уште шест месеци од работната година, на 30-ти декември, петок, во 16:54 часот, Агенцијата за храна и лекови призна дека не претстои никаква изјава – не во 2011 година, а можеби и воопшто не.

Дури и меѓународната спогодба за живата не ја поттикна Агенцијата за храна и лекови на САД на акција...

Во 2013 година меѓународната спогодба, именувана како Конвенција Минамата за жива на Обединетите нации, беше донесена, што бара прекин на употреба на многу производи што содржат жива, вклучувајќи термометри, до 2020 година и, исто така, повикува на крај на целото минирање со жива во рок од 15 години. Спогодбата ќе стапи на сила само откако ќе биде ратификувана од страна на 50 земји, што може да трае три или четири години.

Дури и откако беше донесена спогодбата, наместо да работи за намалување и на крај за прекин на употребата на амалгамот, Агенцијата за храна и лекови на САД (US Food and Drug Administration-FDA) и Американската стоматолошка асоцијација (American Dental Association-ADA) настапија со попречувачки тактики, кажувајќи дека пред да се исфрли амалгамот од употреба треба да поминеме низ литании на диверзии како: (1) превенција на кариес, (2) истражувања и залихи на жива и (3) пречистување на отпадот со жива.

Ниедна од нив не води кон прекин на употребата на живата, како што се бара од страна на Конвенцијата Минамата. Овие попречувачки тактики може да изгледаат привлечни на прв поглед. Но, немојте да бидете залажувани од Светската стоматолошка федерација: сите три од нивните „мерки за прекин на употреба на амалгам“ се направени да ја одложат смртта на амалгамските пломби.

Едноставно не ни треба никакво дополнително истражување пред да превземеме акција. Има многу ефикасни, прифатливи и достапни алтернативи без жива што се веќе истражувани повеќе од половина век.

ИАОМТ ја тужи FDA за неуспех во решавањето на ризиците од амалгамските пломби

Меѓународната академија за орална медицина и токсикологија (ИАОМТ)-International Academy of Oral Medicine & Toxicology (IAOMT) заедно со неколку други групи скоро поднесе тужба против FDA, барајќи одговор на 2009 петиции за официјална забрана на амалгамот или негова замена во класа 3 категорија апарати. Тоа би барало:

  • Дополнителни забрани за ранливи поединци, како бремени жени и деца
  • Построг доказ за безбедност
  • Изјава за влијанието врз животната средина

Грифин Кол, орален хирург, претседател на ИАОМТ, изјави во соопштение за печатот:

„Ја забранивме живата во дезинфициенси, термометри и многу други производи за широка потрошувачка... Не постои магична формула што ќе ја направи живата безбедна кога ќе се стави во нашата уста. Неоправдано е да се користи жива во пломбите кога има многу побезбедни алтернативи.“

Во меѓувреме, адвокатот Џејмс М. Лав, кој ја поднесе тужбата, истакна дека недостатокот на регулатива на FDA ѝ дозволува на ADA да продолжи да ја држи во забуда јавноста:

„ADA погрешно го претстави недостатокот на регулатива на FDA како доказ за безбедност и продолжува да ги користи овие токсични пломби и покрај научно докажаните ризици...

Повеќето поединци остануваат несвесни дека тие „сребрени“ пломби, претежно користени како дентални реставрации и покриени од осигурителни полиси, се состојат од 45-55% метална жива и дека постојат ризици по здравјето и животната средина поврзани со тие пломби.

Како што светот се собира околу очигледната потреба за замена на производите што содржат жива со нетоксични алтернативи, ADA продолжува да користи амалгамски пломби – несовесна за членовите стоматолози кои го отфрлиле амалгамот и свесна дека даночните обврзници мора да ја платат цената за загадувањето предизвикано од про-амалгамските стоматолози.

Можеби нивната верна опозиција, иако фактите е невозможно да се негираат, има нешто со нивните масовни конфликти на интереси. ADA е поранешен патент носител на амалгамот и има помогнато во нацртите за погрешно наведување на политиката на извештаи потврдувајќи дека денталниот амалгам е „безбеден“, а неговиот удел во загадувањето на животната средина со жива е „минимален“.

ADA, исто така, историски го има прикриено фактот дека терминот „сребрени пломби“ е длабоко измамувачки бидејќи овој материјал содржи од 49 до 54 проценти жива, поради што треба да се викаат живини пломби, а не измамувачкиот термин сребрени пломби. Во еден период дури и изјави дека отстранувањето на амалгамските пломби е неетичко и многу стоматолози ги изубија нивните лиценци за нивно отстранување.

Минатата година, после една епизода на „Шоуто на д-р Оз“ што детално ги објасни опасностите од амалгамските пломби, ADA дури и објави дека го заврши пријателството со Шеаркер (Sharecare), потрошувачки веб-сајт чиј кооосновач е д-р Оз. Тоа не беше изненадувачко , со оглед на тоа што ADA, исто така, помагаше и подржуваше стоматолошки одбори да им ги одземат лиценците на стоматолозите кои искрено им кажуваа на нивните пациенти дека амалгамот е главно жива и кои ги советуваа против негова употреба.

Тоа беше и покрај добро познатиот факт дека амалгамот емитува живини пари откако ќе се стави во вашата уста, а таа жива биолошки се акумулира во ткивата на вашето тело, загрозувајќи го вашето здравје на безброј начини.

Како сте изложени на жива преку амалгамските пломби?

Ако имате амалгамски пломби, секој пат кога јадете, џвакате, го посетувате стоматологот или пиете топло кафе, живините пари се ослободуваат во усната празнина каде можат да бидат апсорбирани во крвотокот. Отровните пари се без мирис, без боја, без вкус и затоа нема да можете да знаете дека се таму.

Една амалгамска пломба може да ослободи 15 микрограми жива дневно. Просечен човек има осум амалгамски пломби и може да апсорбира до 120 микрограми жива дневно. За споредба, јадење морска храна загадена со жива ќе ве изложи на 2,3 мигрограми жива дневно – а тоа само по себе беше доволно за научниците да повикаат на предупредување на светско ниво во 2006 година.

Живата во амалгамот е главен загадувач на животната средина

Многумина се несвесни дека живата од амалгамот е опасност за стоматолозите, пациентите и животната средина. Всушност, во САД стоматолошките ординации се најголемиот извор на жива во загадената вода што доаѓа во јавните пречистителни станици. Штом еднаш ќе влезе во водата, живата се претвора во метил жива, високо токсична форма на жива за која се знае дека е штетна за функцијата на мозокот и нервниот систем, особено кај фетус и мали деца. Живата е екстремно опасна бидејќи како се акумулира во воздухот, водата и почвата, нивоата на жива постепено се зголемуват со време. Не е ни чудо што контаминираната риба и друга контаминирана морска храна со жива е најголемиот диететски извор на жива во САД, благодарение на загадените води.

Неколку истражувања покажуваат дека 50 проценти од живата што доаѓа во општинските пречистителни станици може да се поврзе со амалгамскиот отпад.

Тој отпад од жива е со количина од 3,7 тони секоја година! Се проценува дека 90 проценти се заробени од страна на пречистителните станици за третман на отпадни води генерално преку милта – чиј што еден дел завршува во депониите, додека другите делови се согоруваат (со тоа загадувајќи го воздухот) или се применуваат како земјоделско ѓубриво (загадувајќи ја вашата храна) или навлегуваат во водите (загадувајќи ја рибата и дивиот свет).

Во 2010 година Агенцијата за заштита на околината на САД (US Environmental Protection Agency-EPA) објави дека ќе формира правило со кое ќе се бара стоматолозите кои користат амалгам барем да користат најдобри методи на работа со амалгам и да инсталираат амалгам-сепаратори. Амалгам-сепаратор е уред за прочистување на отпадна вода инсталиран во изворот, во стоматолошката ординација, што може да отстрани 95-99 проценти од живата во отпадната вода. Како што првично беше предложено, EPA рече дека регулативата ќе биде финализирана до 2012 година. За жал, EPA е на раб да го повлече правилото што би им наредило на стоматолозите да купат амалгам-сепаратори. Трошоците – и здравствените ризици – што следуваат ќе бидат префрлени на Американските даночни обврзници и семејства.

Имате амалгамски пломби што сакате да ги отстраните?

За тие од вас што имате амалгамски пломби, ви препорачувам да ги отстраните... но, не ја правете грешката што јас ја направив со тоа што го направив тоа кај не-биолошки стоматолог. Кога ќе ги отстранувате тие пломби, може да бидете изложени на значајни количини на живини пари доколку стоматологот не знае што прави. За истата цел силно ви препорачувам да станете здрави пред да ги отстраните вашите пломби бидејќи сакате вашите детоксификациони механизми да бидат оптимални пред отстранување.

Моите борби со моите сопствени заби ме доведоа да научам за и да ја прифатам биолошката стоматологија, исто така, позната како холистичка стоматологија или стоматологија за животната средина. На кратко, биолошката стоматологија ги гледа забите и гингивата како составен дел од вашето цело тело и сите изведени медицински процедури го земаат во предвид тој факт. Примарната цел  на холистичката стоматологија е да ги реши вашите дентални проблеми додека работи во хармонија со остатокот од телото. Биолошките стоматолози се свесни за опасностите од токсични материјали како амалгамот. Некои нешта што треба да бидат направени за да ве чуваат вас (и вашиот стоматолог) безбедни за време на отстранување на амалгамот вклучуваат:

  • Обезбедување алтернативен извор на воздух и давање упатства да не дишете преку уста.
  • Користење евакуатор со голем волумен во близина на забот цело време за да се евакуираат живините пари.
  • Користење ладна вода во вид на спреј за да се минимизираат живините пари.
  • Поставување кофердам во вашата уста за да не проголтате или вдишете токсини.
  • Промивање на устата веднаш откако ќе бидат отстранети пломбите (стоматологот, исто така, треба да ги промени ракавиците после отстранувањето).
  • Инстантно чистење на заштитната облека и лицето веднаш откако пломбите ќе бидат отстранети.
  • Користење на прочистувачи на воздух во просторијата.

Имајте на ум, исто така, дека ако ви е потребна пломба, има многу алтернативи за амалгамот. Една од најпознатите алтернативи е композитна смола, што е направена од еден вид на пластика засилена со стакло во прав. Веќе е честа појава во САД и остатокот од развиениот свет да се нудат значајни подобрени опции во однос амалгамот, како:

  • Безбедни за околината: композити, што не содржат жива, не ја загадуваат животната средина. Со тоа заштедуваат даночните обврзници да не плаќаат трошоци за чистење на загадувањето на водата со амалгам, воздухот и почвата – и трошоци за здравствени проблеми поврзани со загадувањето со жива.
  • Зачувуваат здрава забна структура бидејќи за разлика од амалгамот, не бараат отстранување на значителна количина на здрава забна супстанца. Долгорочно, композитите ја зачувуваат здравата забна структура и всушност ги зајакнуваат забите, што води до подобро орално здравје и помалку обемна стоматолошка работа за подолг период на време.
  • Долготрајност: Додека некои тврдат дека амалгамските пломби траат подолго од композитните пломби, науката открива дека тоа тврдење е неосновано. Последните истражувања покажуваат дека композитите не само што траат долго како и амалгамот, туку всушност имаат повисока стапка на севкупно преживување.

Што демне во вашите сребрени пломби?

Проценето е дека 75 проценти од Американците не знаат за фактот дека амалгамските пломби се всушност 50 проценти жива, а тоа не е случајност. Американската стоматолошка асоцијација (ADA) го популаризираше измамувачкиот термин „сребрени пломби“ за корисниците да мислат дека амалгамот е направен главно од сребро кога всушност има два пати повеќе жива отколку сребро.

Живата е неверојатно моќен невротоксин; не треба многу за да предизвика сериозна штета бидејќи е апсолутен отров. Кога би зеле количина на жива колку што има во обичен термометар и би ја ставиле во мало езеро, езерото ќе се затвори поради еколошка опасност.

Сепак, многу поголеми количини од таа брзо се ставаат во вашата уста кога ќе добиете амалгамска пломба бидејќи најголем дел од материјалот во пломбата е всушност жива.

Експерт по природно здравје д-р Меркола

photo_4.jpg

Извори:

wcnc.com 17-ти јули, 2014

Меѓународнаакадемија за орална медицина и токсикологија (ИАОМТ)-International Academy of Oral Medicine & Toxicology (IAOMT), 5-ти март 2014

„АМБИО“ (AMBIO), февруари 2007, 36(1):62-5

Отстранување на загадувачите од водата: Жива