11 основни насоки за општо здравје и долговечност

Водењето здрав начин на живот е вашиот најдобар облог за да добиете здраво тело и ум и да ја зголемите вашата долговечност. Следните насоки ги формираат основните постулати за оптимално здравје и здрава телесна тежина – основни стратегии што нема да се променат, без оглед какви чуда следно ќе донесе науката.

  1. Јадете здрава храна.
  2. Заменете ги засладените пијалоци (без разлика дали се засладени со вештачки засладувачи или ХФЦС) со многу и чиста вода.
  3. Избегнувајте секаква генетски модифицирана храна. Девет култури се првично генетски модифицирани, но нивните деривати се наоѓаат во преку 70 проценти од храната во супермаркетите, особено во преработената храна.
  • Соја
  • Пченка
  • Масло од канола
  • Памук
  • Хавајска папаја
  • Луцерка
  • Шеќер од шеќерна репка
  • Некои сорти на тиквички
  • Крукнек сквош (жолта тиква)
  1. Оптимизирајте ја вашата цревна флора со ферментирана храна.
  2. Консумирајте здрави масти, како путер, јајца, авокадо, кокосово масло, маслиново масло и јаткасти плодови.
  3. Јадете многу сирова храна.
  4. Вежбајте редовно.
  5. Добивајте доволна количина сончева светлина за да го оптимизирате нивото на витамин Д.
  6. Ограничете ја изложеноста на токсини.
  7. Спијте повеќе.
  8. Менаџирајте го вашиот стрес.

Запомнете, до вас е да превземете контрола врз вашето здравје и да правите тоа што е добро за вас за да живеете поздрав, подолг и живот без лекови и болести.

Ако сакате да живеете долг и здрав живот, следете ги овие три едноставни чекори

Кога се работи за здравје и долговечност, нема брзи ефекти и нема „фонтана на младоста“ што ќе ви помогне да станете здрави преку ноќ.

Но, ова се добрите вести: Постојат неколку едноставни промени во животниот стил што можете да ги направите за да го подобрите не само квантитетот, туку исто и квалитетот на вашите животни години. Тие промени се многу основни, но може да имаат големо влијание на вашето целокупно здравје штом еднаш ќе ги спроведете.

Здравата исхрана е од суштинско значење за долговечност

Еден од најосновните принципи за здравје (и, за жал, што луѓето најчесто го игнорираат) е исхрана составена од природни производи наместо нездрави преработени производи.

Имајте на ум дека преработената и брза храна е преполна со житарици, шеќер и нездрави калории што го зголемуваат нивото на инсулин, што не само што го забрзува процесот на стареење, туку исто го зголемува и вашиот ризик од дебелина и хронични болести.

Исто ве советувам против консумирање генетски модифицирана храна. ГМ производи не само што имаат помалку хранливи материи отколку органски одгледаните производи, туку исто придонесуваат и за многу здравствени ризици. Всушност, повеќето преработени производи денес содржат ГМ состојки – без оглед на фактот што тие ГМ компоненти не биле подложени на долгорочни испитувања за безбедност.

Најдобрата исхрана што ви ја препорачувам за оптимално здравје и долговечност е таа што е фокусирана на природни, непреработени производи – по можност органски зеленчук, месо од животни хранети со трева, сирови млечни производи и јаткасти плодови – добиени од здрави, одржливи, локални извори.

Исто препорачувам консумирање на голем дел од вашата храна во вид на сирова храна, како и додавање природно ферментирани производи во оброците.

Со применување на овие основни промени во исхраната, можете да направите голем чекор кон долговечност и оптимално здравје.

Друг ризик фактор за рана смрт: Живеење неактивен начин на живот

Еднакво важно како и консумирањето на здрава храна е да се биде физички активен.

Според истражувањата, луѓето кои се неактивни имаат пократок животен век. Всушност, едно истражување покажува дека со намалување на просечното време што го трошите во седење на помалку од три часа на ден може да се зголеми вашиот очекуван животен век за две години, а со намалување на времето што го поминувате во гледање телвизија на помалку од два часа на ден вашиот очекуван животен век може да се зголеми за 1,4 години.

Разбирам колку е тешко да се избегнува седењето во подолги периоди, со оглед на тоа што денес е доминантна работата на компјутер. Дури и јас сум виновен за поминување значаен дел од мојот ден седејќи. Но, за да надоместам, се трудам доволно да вежбам секој ден. Исто земам чести паузи секој час за да станам од мојата работна маса. Силно ги препорачувам вежбите (Foundation Exercises) развиени од киропрактичарот д-р Ерик Гудман, како и вежби со кратка експлозивност и висок интензитет, како пик фитнес.

Вежбањето исто има и некои ефекти против стареењето, што е докажано во многу истражувања. Едно истражување објавено во „Американскиот весник за физиологија“ (American Journal of Physiology) кажува дека вежбањето ја активира митохондријалната биогенеза, чиј пад е честа појава во процесот на стареење. Тоа значи дека вежбањето може да ги поврати значајните падови на митохондријална маса поврзани со возраста и, всушност, да го сопре стареењето во својот процес.

Основни насоки за општо здравје и долговечност: Пробајте ги денес!

Имајте на ум дека променувањето на вашата исхрана и вежбањето не се единствените важни фактори за здравје и долговечност. Постојат многу други нешта што треба да ги спроведете за да бидете сигурни дека ќе бидете оптимално здрави.

Сите компоненти што треба да бидат разгледани, ако сакате да имате долг и здрав живот, се претходно сумирани во „11 основни насоки за општо здравје и долговечност“.

Тие насоки ги формираат основните постулати за оптимално здравје. Тие се пробани и тестирани основни стратегии што нема да се променат, без оглед какви подобрувања ќе донесе современата наука.

Ве поттикнувам да ги следите овие совети за значајно да ја намалите вашата веројатност за појава на болест и прерано стареење. Користете ги како основа на вашиот целокупен план за здравје и сигурно ќе успеете во подобрувањето на вашето здравје.

Експерт по природно здравје д-р Меркола

photo_4.jpg