najvaznitoksini-1100-1.jpg

Откријте повеќе...

За време на бременоста жените треба да превземат дополнителни мерки за заштита на здравјето на бебето. Од суштинско значење за бремените жени е да внимаваат на нивната исхрана, ефикасно да се справуваат или да избегнуваат стрес, умерено да вежбаат и доволно да спијат во текот на ноќта. Сепак, верувам дека е еднакво важно за бремените жени да живеат, колку што е можно, начин на живот без токсини.

Ако очекувате бебе или некоја од жените во вашиот живот очекува, тогаш обрнете внимание. Ова се вредни информации што секој родител треба да ги знае.

Зошто бремените жени треба да избегнуваат изложеност на хемикалии

Токсините се насекаде. Може да стигнат до вашето тело преку производите за лична нега, облеката, мебелот и други предмети за домаќинство. Всушност, може дури да влезат во вашето тело и преку храната и пијалоците што ги консумирате. Постојат преку 70 000 хемикалии што се користат во индустријата, а добар дел од тие соединенија не се соодветно тестирани.

Бремените жени секогаш треба да имаат на ум дека за време на тие девет месеци, нивното неродено бебе е најранливо на изложеност на хемикалии. Крвно-мозочната бариера може да не е доволно развиена за да го заштити бебето од токсините во животната средина и до мајката е да го заштити од изложеност на хемикалии.

Опасноста не завршува по раѓањето. Инваројментал Воркинг Груп (Environmental Working Group-EWG), група за работа во околината, известува дека децата исто имаат многу ниски концентрации на протеини што ги врзуваат хемикалиите, а тоа дозволува хемикалиите да стигнат до нивните мозоци и други органи во развој.

Што се случува кога децата се изложени на токсини во матката

Не е точно јасно како хемикалиите влијаат на развојот на фетусот. Сепак, тестови авторизирани од Инваројментал Воркинг Груп (Environmental Working Group-EWG), група за работа во околината, открија преку 200 хемикалии во крвните примероци од новороденчињата.  Од нив, 180 се канцерогени, додека 217 се поврзуваат со оштетување на мозокот и нервниот систем. Дополнително, тестови врз животни поврзуваат 208 од тие хемикалии со вродени дефекти и абнормален развој.

Истражувачите веруваат дека зголемувањето на стапките на вродени дефекти, невролошки развојни прашања и други здравствени прашања се последница на опасната изложеност на токсини.

Ова е делумна листа на состојби што се поврзуваат со изложеност на хемикалии во текот на бременоста:

  • Пречки во сексуалната ориентација во матката
  • Генитални деформации, како микропенис, неразвиени тестиси и хипоспадија (состојба при која уретрата се формира на горната страна на пенисот)
  • Аутизам и одложувања во невролошкиот развој
  • Нарушувања на ендокриниот систем
  • Висок крвен притисок, намалена плодност, предвремено породување и дијабетес (кај мајката)

Уште поалармантно е што токсините на кои се изложени бебињата додека се во матката може да влијаат на нивните наследени гени, што влијае врз здравјето на вашите внуци и правнуци.

Токсините може да бидат насекаде, но сè уште постојат мерки на претпазливост што можете да ги превземете за да се заштитите себе и здравјето и развојот на вашето дете. Првиот чекор е...

Препознајте ги најважните токсини што треба да ги избегнувате по секоја цена

Откријте кои се најчестите токсини што може да демнат во вашиот дом или опкружување, внимателно проучувајќи го инфографикот на почетокот на статијата: „Најважни токсини што треба да ги избегнувате, особено ако сте бремени“. Освен откривање на тие најважни токсини, инфографикот ќе ви обезбеди листа со...

  • Кои соединенија се сметаат моментално за безбедни, но всушност може да имаат негативно влијание врз вашето здравје
  • Кои органски системи може да ги оштетат
  • Секојдневните производи и предмети што ги содржат тие опасни хемикалии – ќе се изненадите кога ќе откриете колку многу од нив ги имате во вашиот дом!

Кога еднаш ќе научите за овие опасности од животната средина, ви советувам да ги замените тие опасни синтетички хемикалии со безбедни природни замени.

Но, не застанувајте тука! Ако имате пријатели и сакани кои се родители или идни мајки, ве поттикнувам да ја споделите оваа статија со нив, така што и тие исто ќе можат да ја намалат нивната изложеност на опасни токсични материи и да уживаат во здрава бременост.

Експерт по природно здравје д-р Меркола

photo_4.jpg

Извори:

„Д Гардиан“ (The Gardian), 4-ти ноември 2013

Списание за клинички истражувања во детската ендокринологија (Journal of Clinical Research in Pediatric Endocrinology), март 2013

„Њу Јорк Тајмс“ (New York Times), 30-ти март 2012

„Карциногенеза“, јуни 2015; 36 Суппл 1:С2554-96

Радио „Мичиген“, 23-ти јуни 2015

„Карциногенеза“, јуни 2015; 36 Суппл 1:С61-88

Перспективи за заштита на животната средина, DOI:10.1289/ehp.1307455

Енвајорментал Воркинг Груп (Environmental Working Group-EWG), Работна група за заштита на животната средина, 28-ми октомври 2013

Списание за клиничка ендокринологија и метаболизам (Journal of Clinical Endocrinology & Metabolism-JCEM), 5-ти март 2015

„Корнел Дејли Сан“ (Cornell Daily Sun), 18-ти ноември 2015

„Епох Тајмс„(Epoch Times), 20-ти ноември 2015

„Дејли Колер“ (Daily Caller), 19-ти октомври 2015

„Њу Јорк Тајмс“ (New York Times), 24-ти ноември 2015

„Сиднеј Морнинг Хералд“ (Sydney Morning Herald), 20-ти ноември 2015

„Родејл“ (Rodale), 14-ти мај 2014

„Стар Трибјун“ (Star Tribune), 21-ви март 2015

„Стар Телеграм“ (Star Telegram), 18-ти ноември 2015

Енвајорментал Воркинг Груп (Environmental Working Group-EWG), Работна група за заштита на животната средина, База на податоци за кожата