Чоколадото е храна што ја надминува политиката, спортот и културата меѓу земјите. Може да помогне да се стават на страна разликите и да се сплотат луѓето од сите сфери на животот заедно.
Но, дали знаевте дека чоколадото ги сплотува луѓето заедно веќе преку 4 000 години? Најраниот запис за консумација на чоколадо датира од 1900-тата година п.н.е, од Раниот Формативен период. Древни керамички садови со остатоци од чоколадо во нив откриени се на археолошкиот локалитет Ел Манати во Веракруз, Мексико.
Денес чоколадото е индустрија вредна 50 милијарди долари, а се продава низ целиот свет. Неговиот уникатен вкус едноставно не може да се најде во ниедна друга храна. Но, доколку треба да јадете само еден вид на чоколадо, тоа е црно чоколадо.
Препорачувам да јадете црно чоколадо поради многуте здравствени придобивки што ги нуди. Преработените чоколадни табли што се навикнати да ги јадат повеќето луѓе се, всушност, нездрави и содржат многу малку хранливи материи.
Што го прави црното чоколадо супериорно во однос на други форми на чоколадо?
Одговорот лежи во процентот на какао. Црното чоколадо содржи скоро 400 видови на полифеноли, што обезбедува различни здравствени придобивки. Истите полифеноли што се наоѓаат во какаото се истата причина за неговиот горчлив вкус. Колку повеќе различни видови на полифеноли се присутни, толку погорчлив е вкусот.
Спротивно на тоа, чоколадото што сте навикнати да го јадете го добива својот сладок вкус главно од пастеризираното млеко и шеќер. Како што знаете, премногу шеќер во вашиот организам може да доведе до болести, како кардиоваскуларни заболувања, дијабетес и дебелина.
Млекото исто може да го наруши варењето на малкуте преостанати хранливи материи од какаото. Тоа подразбира дека преработеното чоколадо исто вклучува многу малку здраво какао.
Кога веќе установивме дека во чоколадото се наоѓаат полифеноли, ајде да ги погледнеме важните придобивки што ви ги нудат:
Купувајте црно чоколадо со висок процент на какао, по можност 70 проценти. Ако сакате да добиете 100 проценти од придобивките, како опција се јавува јадењето сирови зрна од какао.
Кога станува збор колку често да консумирате чоколадо, два до три пати на ден е оптимално за да ги задржите хранливите материи во крвотокот. Сепак, бидете сигурни дека консумирате црно чоколадо со висок квалитет.
Разбирам дека вкусот на сировите зрна од какао не им се допаѓа на сите. Затоа може да се каже дека можете да барате чоколадо колку што е можно минимално преработено. Бидејќи колку чоколадото е поблиску до неговата природна состојба, толку повеќе можете да искористите неговите придобивки. Обидете се да најдете баланс меѓу хранливата вредност и вкусот.
Ова се некои важни моменти што може да ги искористите за да се едуцирате себе и луѓето околу вас:
Експерт по природно здравје д-р Меркола |
Извори:
„Полиси Мајк“ (Policy Mic), 19-ти март 2014
medicinenet.com, 18-ти март 2014
„Тајм“ (Time), 17-ти март 2014
Британско списание за медицина, 26-ти август 2011; 343:d4488
scienceblog.com 14-ти ноември 2006
„Еурекалерт“ (Eurekalert), 26-ти мај 2008
Блог на defensenutrition.com 8-ми јуни 2012
Истражување за чоколадо на greenmedinfo.com