Сè што треба да знаете за јајцата

Идејата дека јајцата како извор на заситени масти се нездрави и промовираат срцеви заболувања е целосно мит. Иако е точно дека мастите од животинско потекло содржат холестерол, тоа не значи дека е нешто што ќе ви наштети. Напротив, доказите јасно покажуваат дека јајцата се едни од најздравите производи што може да ги јадете и всушност може да ви помогнат во превенција на некои болести, вклучувајќи срцеви заболувања.

На пример, едно истражување од 2009 година открива дека протеините во варените јајца се конвертираат од гастроинтестиналните ензими со што се добиваат пептиди што дејствуваат како АЦЕ (ACE) инхибитори (често препишувани лекови за намалување на крвниот притисок).

Иако жолчките од јајцата се богати со холестерол, бројни истражувања потврдуваат дека јајцата немаат ништо со покачувањето на вашиот холестерол. На пример, истражување објавено во „Меѓународното списание за кардиологија“ (International Journal of Cardiology) покажува дека кај здрави возрасни лица јадењето јајца секој ден нема негативни ефекти на ендотелналната функција (агрегатна мерка за срцев ризик); ниту пак ја зголемува концентрацијата на холестерол.

Голем број на луѓе имаат прениски концентрации на холестерол. Иако јадењето жолчки од јајца е одлична идеја од повеќе причини, нема да ја зголеми вашата концентрација на холестерол. Ако сакате да го постигнете тоа, метод на кој прилично можете да се потпрете е кокосовото масло. Вообичаено се потребни две до четири лажички на ден за да го покачите вашиот холестерол.

Јајце – извор на антиоксиданси што промовираат здравје!

Во едно истражување, истражувачите ја испитуваат хранливата содржина на жолчката од јајцето од кокошки првенствено хранети со пченица или пченка. Заклучија дека жолчката од конвенционалните кокошки содржи две амино киселини со моќни антиоксидантни својства, што е важно за превенција на кардиоваскуларни заболувања и рак: Триптофан и Тирозин.

Тоа што е навистина интересно за конвенционалните јајца и покрај нивната инфериорна хранлива содржина е дека сè уште се моќен извор на антиоксиданси здрави за срцето! Анализите покажуваат дека две сирови жолчки од јајца имаат антиоксидантни својства еднакви на половина порција малини (25 грама) и скоро два пати повеќе од едно јаболко.

Истражувањето исто покажува колку е деструктивно готвењето. Антиоксидантните својства се намалуваат за 50 проценти кога јајцата се варат или пржат, или се ставаат во микробранова што резултира со уште поголемо намалување.

Жолчките од јајцата се исто богат извор на антиоксидансите лутеин и зеаксантин, што припаѓаат на класата на каротеноиди познати како ксантофили. Тие два се моќни елементи за превенција на макуларна дегенерација поврзана со стареењето; најчестата причина за слепило.

Покрај тоа, како забелешка, амино киселината триптофан е важен прекурсор за серотонинот, хемиско соединение во мозокот што помага во регулирање на расположението, а тирозинот синтетизира два главни невротрансмитери, допамин и норепинефрин, што промовираат будност и ментална активност.

Не сите јајца се исто добиени

Постојат две предупредувања:

  1. Органските јајца од кокошки кои паселе или од кокошки кои имале пристап до природна површина се многу подобри кога станува збор за содржината на хранливи материи.
  2. Готвењето уништува многу од хранливите материи, затоа идеално е да ги консумирате вашите јајца сирови (но, само доколку се органски од кокошки што паселе бидејќи конвенционалните јајца имаат многу големи шанси да бидат контаминирани со бактерии што предизвикуваат болести како салмонела)

Јајцето се смета за органско доколку пилето било хрането со органска храна, што значи дека нема да има акумулирано високи концентрации на пестициди од храната (најчето ГМ пченка) што се користи за исхрана на пилињата.

Покрај тоа, тестови потврдуваат дека јајцата од кокошки што имаат пристап до природна површина се далеку похранливи од комерцијално добиените јајца.

  • 1/3 помалку холестерол
  • ¼ помалку заситени масти
  • 2/3 повеќе витамин А
  • 2 пати повеќе омега-3 масни киселини
  • 3 пати повеќе витамин Е
  • 7 пати повеќе бета каротен

Дали треба да ги чувате вашите јајца во фрижидер?

Пред да навлеземе во прашањето дали треба да се јадат сирови наспроти готвени јајца, ајде да видиме кој е најдобриот начин да ги чувате вашите јајца. Спротивно на популарното верување, свежите јајца добиени од кокошки што паселе, што имаат неоштетена лушпа, не е потребно да се чуваат во фрижидер доколку ги консумирате во релативно краток временски период.

Значи ако вашите јајца се свежи јајца од органска фарма, со неоштетена лушпа и ќе ги консумирате за период од неколку дена, можете едноставно да ги оставите на маса или во ладно шкафче. Животот на полица за јајца што не се чуваат во фрижидер изнесува околу 7 до 10 дена. Доколку ги чувате во фрижидер, ќе останат свежи 30 до 45 дена.

Како да ги јадете вашите јајца за максимални здравствени придобивки

Некои луѓе се алергични на јајца, но верувам дека тоа е бидејќи се зготвени. Кога го загревате јајцето, протеинот ја менува својата хемиска форма, а тој тип на дисторзија лесно може да доведе до алергии. Кога се консумира сирово, стапката на алергија на јајце речиси исчезнува.

Микробрановата ја загрева храната со тоа што предизвикува молекулите на вода во неа да резонираат на многу високи фрекфенции и на крајот да се претворат во пареа, што ја загрева вашата храна. Но, исто ја менува хемиската структура на вашата храна на начини на кои тоа не го прави обичното готвење.

Мое верување е дека јадењето сирови јајца помага да се зачуваат многу од лесно расипливите хранливи материи, а резултатите од едно истражување го потврдуваат тоа бидејќи сировата жолчка од јајце губи скоро половина од својот антиоксидативен потенцијал кога се вари, пржи или уште полошо кога се загрева во микробранова.

Запомнете дека најголемиот дел од хранливите материи во јајцето се наоѓаат во жолчката, не во белката што е главно протеин и многу луѓе имаат проблеми со текстурата кога ги јадат сирови. Од друга страна, жолчката е преполна со хранливи материи како биофлавоноиди, мозочни масти како фосфатидил холин, моќни антиоксиданси и сулфур.

Ако изберете да не ги јадете вашите јајца сирови, сварени на око или меко сварени е вашата следна најдобра опција. Освен ставањето во микробранова, пржењето на вашите јајца во вид на омлет е еден од најлошите начини да ги зготвите бидејќи на тој начин се оксидира холестеролот во жолчката, што всушност може да му наштети на вашето здравје.

Што е со ризикот од салмонела?

Ризикот од салмонела е пред сè зголемен кога кокошките се одгледани во нехигиенски услови, што е екстремно ретко кај малите органски фарми каде пилињата се одгледуваат во чисти, широки кафези, имаат пристап до сончева светлина и достапност на природна храна. Ризикот од салмонела може да биде висок кај конвенционалните јајца, но затоа советувам конвенционалните јајца да не се јадат сирови. Едно истражување од Британската Влада наоѓа дека 23 проценти од фармите со кокошки во кафез се позитивни на тестовите за салмонела, споредено со само преку 4 проценти кај органските кокошки и 6,5 проценти кај кокошките со пристап до природна површина.

Експерт по природно здравје д-р Меркола

photo_4.jpg

Извори:

Американско списание за клиничка исхрана, 10-ти февруари 2016

„ТАЈМ“ (TIME), 17-ти февруари 2016

„Њу Јорк Тајмс“ (New York Times), 17-ти февруари 2016

„Нејчр Комјуникејшнс“ (Nature Communications), 4-ти декември 2012, 3:1249

Списание за исхрана, ноември 1990, 120:11С:1433-1436

blogspot.com 20-ти август 2012

Меѓународно списание за кардиологија, 10-ти март 2005, 10;99(1):65-70

cholesterol-and-health.com март 2007

„ТАЈМ“ (TIME), 11-ти февруари 2016

Си Ен Ен (CNN), 7-ми јануари 2016

Средба на Советодавниот комитет за упатства во исхраната за 2015 година, 15-ти декември 2014

Списание за исхрана, февруари 2008, вол. 138, бр. 2, стр. 272-276

„Фуд Навигејтор“ (Food Navigator), 17-ти октомври 2014

Американска асоцијација на офталмолози, „Лутеин и зеаксантин“

cholesterol-and-health.com јули 2005

„Фуд Кемистри“ (Food Chemistry), вол. 129, издание 1, 1-ви ноември 2011, стр. 155-161

„Мадр Ерт Њус“ (Mother Earth News), октомври/ноември 2007