12 начини да ги избегнувате токсините во вашата кујна

По поминување многу време во избирање и подготвување на здрава храна, може да биде прилично фрустрирачки да дознаете дека производите што се користат за готвење, печење, јадење и складирање на храната може да го стават нашето здравје на ризик. Материјалите како тефлон, БПА, олово, алуминиум, фталати и меламин често се наоѓаат во секојдневните кујнски производи, а се врзани со сериозни нарушувања на здравјето. Добрите вести се дека постојат многу побезбедни алтернативи, како и нешта што може да ги избегнувате.

1.jpg

Избегнувајте пластика секогаш кога е можно кога станува збор за храна и пијалоци. Тврдата пластика може да го задржи БПА (BPA), што е развоен, нервен и репродуктивен токсин. Научниците поврзуваат многу мали дози на изложеност на БПА со рак, нарушување на функцијата на имунолошкиот систем, ран почеток на пубертет, дебелина, дијабетес и хиперактивност. Може да се пренесе од пластиката во храната и пијалоците. Едно ново истражување наоѓа дека дури и пластиката што не соджи БПА содржи синтетички хемикалии што можат да мигрираат во храната.

2.jpg

Ако морате да користите пластика во кујната:

Изберете пластика што не содржи БПА и ПВЦ (BPA-Free, PVC-Free).
Не загревајте пластични контејнери во микробранова („безбедно за во микробранова“ само значи дека пластиката, всушност, нема да се стопи – високата топлина на печката ќе го зголеми трансферот на хемикалии).
Не складирајте мрсна или кисела храна во пластика.
Не користете оштетени (изгребани), лошо зачувани или заматени пластични контејнери за храна и пијалоци.
Рачно мијте ги пластичните контејнери за да се избегне оштетување.

3.jpg

Избегнувајте садови од цврста пластика меламин. Направени се со комбинирање на хемискиот меламин со формалдехид (што е познат карциноген за човекот). Истражувања покажуваат дека формалдехидот може да се филтрира од садовите во храната.

4-1.jpg

Кога се работи за складирање на храна, во побезбедни материјали се вбројуваат: стакло, нерѓосувачки челик 304 наменет за користење при исхрана, силикон наменет за користење при исхрана – сите материјали од кои не може да се филтрираат хемикалии во вашата храна.

5.jpg

Кога станува збор за садови, стаклото е одличен избор, следено од керамика со безоловна глазура. Ако сте загрижени од кршење – силикон наменет за користење при исхрана (бренд Кајндервил - Kinderville), високо квалитетен нерѓосувачки челик 304 наменет за користење при исхрана и бамбусови или дрвени садови со безбедни бои при исхрана се безбедни опции.

6.jpg

Избегнувајте тефлон и други хемиски нелепливи покривни слоеви. Тефлонот е покривен слој произведен со користење на перфлуороктанска киселина (ПФОК) (PFOA) што се смета за „најверојатно“ карциногена за човекот. При загревање, садовите обложени со тефлон и други синтетички нелепливи површини испуштаат гасови што може да убијат птици и потенцијално да ги разболат луѓето. Прегревањето на нелепливите тавчиња и било какво изгребување или поткршување на тие материјали може да предизвика ослободување на тие хемикалии.

7.jpg

Претпазливо користете алуминиумски садови. Алуминиумот е мек, високо реактивен метал и може да мигрира во мерливи количини во храната кога се користи за готвење. Алуминиумот се поврзува со нарушувања на мозокот, како и бихевиорални нарушувања и се смета за токсична супстанца од Агенцијата за токсични супстанци и регистарот на болести во САД. Многу компании преминуваат од алуминиум на анодизиран алуминиум. Во тој процес алуминиумот се потопува во хемиска бања за да се создаде поиздржлив слој, за алуминиумот да не може така лесно да се филтрира во храната. Сепак, анодизацијата може да престане со тек на време – значи сепак не е најбезбеден избор за садови за готвење.

8.jpg

Избегнувајте пластичен прибор за јадење и прибор за готвење бидејќи може да се стопат или да се излее површинскиот слој при екстремна топлина или при долгорочно користење што потенцијално доведува хемикалиите да мигрираат во храната. Наместо нив изберете стабилни материјали како: дрво, бамбус, силикон или нерѓосувачки челик.

9.jpg

Најбезбедните материјали за готвење и печење вклучуваат: стакло, високо квалитетен нерѓосувачки челик 304 наменет за користење при исхрана, леано железо и Екстрема керамички садови (Xtrema ceramic cookware).

10.jpg

Кога користите садови од нерѓосувачки челик, треба да знаете дека длабоко изгребани и оштетени садови може да предизвикаат металите (никел и хром) да мигрираат во храната во мали количини. Тие не се токсични елементи, па затоа нема вистинска причина за загриженост освен доколку имате специфична алергија или чувствителност. Но, за бидете безбедни, избегнувајте честа употреба на абразивни материјали со садови од нерѓосувачки челик.

11.jpg

Користете нетоксични производи за чистење/миење – избегнувајте белило, амонијак и синтетички мириси и бои.

12.jpg

Филтрирајте ја водата од чешма за пиење и готвење. Најдете високо квалитетен филтер што може да отстранува тешки метали, хлор, испарливи органски соединенија и други загадувачи.

На крај, купувајте производи од реноминирани производители или поединци кои можат да ги одговорат вашите прашања, производи што не содржат токсини и ги исполнуваат сите барања за безбедност.

Извори:

Национален институт за здравство на САД
Национален институт за рак на САД
Инваројментал Воркинг Груп (Environmental Working Group), група за работа во околината на САД
Агенција за токсични супстанци и регистар на болести во САД