Престанете да користите паста за заби со флуор

Во 2014 година, едно историско истражување покажа дека флуорот предизвикува широк спектар на невролошки развојни аномалии. Истражувањето претходно покажа дека серија на хемикалии, олово, метилжива, полихлорирани бифенили, арсен и толуен се виновници за невротоксичност. Сепак, подоцнежно истражување го додаде и флуорот на листата.

Извадоци од истражувањето:

„Невролошките развојни аномалии, вклучувајќи аутизам, синдром на дефицит на внимание и хиперактивност, дислексија, како и други когнитивни нарушувања, погодуваат милиони деца низ светот, а застапеноста на некои дијагнози се чини дека се зголемува. Индустриските хемикалии што го оштетуваат мозокот во развој се наоѓаат меѓу познатите причини за зголемување на преваленцата. Во 2006 година направивме систематски преглед и идентификувавме пет индустриски хемикалии како развојни невротоксини: олово, метилжива, полихлорирани бифенили, арсен и толуен. Од 2006 година наваму, епидемиолошки испитувања документираа шест дополнителни развојни невротоксини – манган, флуор, хлорпирифос, дихлор-дифенил-трихлоретан, тетрахлоретилен и полибромирани дифенил етери.

Претпоставуваме дека уште повеќе невротоксини остануваат неоткриени. За да се превенира пандемијата на развојна невротоксичност, предлагаме глобална стратегија за превенција.“

Извор: Невробихејвиорални ефекти на токсичност во развојот

Интервју со д-р Дејвид Кенеди

Д-р Дејвид Кенеди вели дека не постои такво нешто како безбедна доза на флуор. Изјавува дека дури и ако користите флуорирана паста за заби и ја плукнете, истражувањата покажуваат дека вредностите на флуор во крвта се зголемуваат. Што му прави тоа на здравјето на децата и на вашето здравје?

Новинар: Ако има начин како да се каже дека знаете дека Х количина на флуор предизвикува Х количина на рак и тоа е линеарно, би било безбедно да се претпостави дека не постои безбедна вредност за флуоризација на водата?

Д-р Дејвид Кенеди: Мислам дека тоа е точно. Како што д-р Маркус објаснува во филмот – како научник, кој е начинот да развиете безбедна вредност на изложеност? Вели дека тој не знае како би пристапил, но мисли дека најверојатно ќе заврши како оловото. Кога нула количина е количината на која што треба да сте изложени.

Бидејќи причината поради што го спомнува оловото е, како прво, д-р Маркус беше човекот што го извади оловото од водата и, второ, флуорот е потоксичен од оловото. Затоа ако денес сите се загрижени за оловото, тогаш зошто нашите деца да не ги мијат забите со нешто уште полошо од оловото? Тоа е лудо!

Исто како арсенот и ако измислев паста за заби со арсен ќе кажевме: „Заштитени сте бидејќи ќе го плукнете.“ Но, не можете да плукате некои нешта од вашата уста. Ако ги измерите вредностите на флуор и му дадете на дете паста за заби колку зрно грашок или му направите локален третман со флуор во стоматолошка ординација, неговите вредности на флуор ќе се зголемат. Дури и ако го надгледувате и го натерате да исплука, неговите вредности на флуор во крвта се зголемуваат бидејќи вашата уста апсорбира сè што влегува во неа. Моралот на таа приказна е дека не треба да ставате ништо во устата на детето што не би го ставиле за вечера. Ако не е храна, ако не е хранлива материја, не припаѓа во устата на детето.

За македонски превод притиснете на „CC“.