Еве зошто може да се разболите уште повеќе од лековите

Д-р Џејмс Костен зборува за бројот на препишани рецепти и целокупното здравје во општеството. Ако резултатите од вашите тестови се подобрат, дали тоа значи дека навистина ви се подобрува здравјето? Може да биде само дополнително зголемување на проблемот. Дознајте што е вистинската причина и зошто лековите ве прават поболни!

Новинар: Колку голем проблем е огромната понуда на лекови на пазарот за било која болест и да претпоставиме, гледајте телевизија и ќе видите дека ви треба половина час за да дознаете дека најверојанто ги имате тие симптоми и ви треба тој лек? 

Д-р Џејмс Костен: Зависи од кој агол гледате. Ако инвестирате пари во акции во фармацевтска компанија, воопшто не е проблем. Ако ги продавате тие нешта, воопшто не е проблем. Ако сакате да бидете здрави, тогаш е огромен проблем.

За пример да ги земеме антидепресивите, само како еден пример. Препишани се повеќе од 230 милиони рецепти за антидепресиви само во претходната година во Америка. Тоа е скоро по еден рецепт за секој човек, така што тоа што го знаеме е дека се препишани, поголемиот дел од нив се препишани од општ лекар што имал само неколку часови по психијатрија, знаеме дека тие рецепти се препишани после консултација што не содржела валидна психијатриска проценка или психолошка проценка. Биле препишани врз основа на посета на фармацевтски претставник или реклама од медицинско списание. Вообичаено е фармацевски претставник или сега бидејќи постои директен маркетинг до потрошувачот од фармацевските компании што е основано на фактот дека штом потрошувачот-пациентот влезе, веднаш прашува за лекот.

Што значи дека ако ја погледнеме стапката на препишани рецепти и направиме споредба за последните 50 до 60 години, стапката на препишани рецепти само расте и секоја година сме поболни. Затоа знаеме дека не стануваме поздрави со земање повеќе лекови. Америка зема повеќе лекови од било која друга земја во светот. Америка зема, им дава повеќе лекови на нашите деца повеќе од остатокот од светот заедно. И дали Америка ги има најздравите граѓани? Јасно е дека не. Тоа е огромен проблем и всушност тоа што се случува е дека луѓето мислат дека се добри бидејќи вредностите за нивниот крвен притисок се промениле или резултатот од нивната крвна слика се променил, всушност се научени, исто како и лекарите што се научени - дека тоа значи дека тој човек е здрав. Напротив, не се здрави, туку се во состојба на нормални тест-резултати индуцирана од лекови, но всушност сите проблеми што ја предизвикувале промената во холестерол во крвта, во крвниот шеќер или промена на крвниот притисок, сите тие фактори се сè уште во животот на човекот. Сè што направиле е зеле лекови што ја инхибирале нивната способност за правилна саморегулирача адаптација, што значи дека сега се во нормала предизвикана од лекови. Но, знаеме дека тие луѓе што се во нормала предизвикана од лекарства не се со помала веројатност да земат друг лек, не се со помала веројатност да пропуштат работа, не се со помала веројатност постепено повеќе да се разболат, туку напротив, веројатноста е поголема.

За македонски превод притиснете на „CC“.