Д-р Меркола

Квалификации:

Мои квалификации: прво и основно, јас сум остеопатски лекар, исто познат како доктор по остеопатија. Остеопатските доктори се лиценцирани доктори кои, слично како докторите по општа медицина, можат да препишат лек и да изведуваат операции во 50 држави во САД. Остеопатските доктори и докторите по општа медицина имаат слична програма што се состои од четири-годишна наставна програма со основни и клинички науки, а потоа успешно полагање на испитите за добивање на лиценца за работа. Но, остеопатските доктори носат нешто повеќе во практицирањето на медицината. Остеопатските лекари применуваат целосен пристап на личноста, третирајќи ја целосно личноста, не само симптомите. Фокусирајќи се на превентивната здравствена заштита, остеопатските доктори им помагаат на пациентите да развијат животен стил и став што не само што се бори против болеста, туку исто и помага да се превенира.

Исто имам и уверение за семејна медицина и 5 години бев претседател на Одделот за семејна медицина во Медицинскиот центар „Св. Алексиус“ (St. Alexius Medical Center). Учев и традиционална и природна медицина.

Покрај тоа, добив и статус на соработник од Американскиот колеџ за исхрана (American College of Nutrition-ACN) во октомври 2012 година. Со цел некој да добие статус на соработник со ACN треба да исполнува минимум четири барања. Тие четири барања вклучуваат: (1) да се биде коавтор на пет или повеќе објавени трудови релеванти за исхраната во одредени медицински или научни списанија, (2) да се покаже значајно искуство во грижата за пациенти, (3) да се поседува докторска диплома од институција акредитирана од регионалните организации за акредитација и (4) да се одржува статус со ACN.

Врвен иновативен промотор за здравје

Во 2009 година бев прогласен за „Врвен иновативен промотор за здравје“ (Ultimate Wellness Game Changer) од „Хафингтон Пост“, чест што се доделува на „100 иноватори, визионери и лидери во 10 категории кои ја користат моќтата на новите медиуми за да ги преоформат нивните полиња и да го променат светот“. Читателите на „Хафингтон Пост“ ме изгласаа на врвот за да ја примам таа посебна награда.

Добиени награди:

„Еморд енд Асосиејтс“ (Emord & Associates P.C.), уставна и административна фирма за право што има претставувано интегративни лекари, производители на храна и додатоци во исхраната и непрофитни групи, ги призна моите придонеси во холистичката медицина и здравственото новинарството на галата на „Светиот оган на слободата 2014“. Ме почестија со наградата „Светиот оган на слободата – за доследна филантропска и интелектуална поддршка на каузата на слободата за здравјето“, а со тоа почитување на довербата дадена на американскиот народ во основањето на Републиката: да се зачува „светиот оган на слободата“ и да се обезбеди „судбината на републиканската форма на Влада“. (претседателот Џорџ Вашингтон, прво инаугуративно обраќање, 30-ти април 1789 година)

Награда „Извонредност во интегративната медицина“ – за пионерски достигнувања во полето на интегративната медицина што го намалиле страдањето, излечиле болест и продолжиле живот на начини што не можат да се постигнат со традиционалините модалитети и третмани.

Награда „Извонредност во здравственото новинарство“ – за проникливо и темелно известување за пазарите, законите и политиката на здравството.

Награда „Слобода на информиран избор“ – за успешно кршење на владините бариери што им негираат пристап на корисниците до терапии што ветуваат и информации за здравјето, како и за напори за спречување на индустриското заробување на Владата.

Образование:

  • Универзитет на Илионис во Чикаго – 1972-1976
  • Колеџ за остеопатска медицина, Чикаго - Среднозападен Универзитет 1978-1982
  • Остеопатска болница, Чикаго 1982-1985 – Специјализација по семејна медицина. Шеф на специјализанти 1984-1985
  • Дел од одборот на остеопатски општи лекари на сертифицираниот Американски колеџ – јули 1985
  • Лиценциран лекар и хирург во државата Илиноис

Професионални организации:

  • Соработник на Американскиот колеџ за исхрана (American College of Nutrition-ACN)
  • Член на Меѓународната академија за биолошка стоматологија и медицина (International academy Biological Dentistry and Medicine-IABDM)
  • Член на одборот на службата за вести во ортомолекуларната медицина
  • Член на советодавнот одбор на Американската асоцијација за исхрана
  • Член на советодавнот одбор на Фондација Прајс-Потингер исхрана
  • Член на советодавнот одбор на Фондација Вестон А. Прајс
  • Член на советодавнот одбор на Био-Солар Прото

Соработка:

Претседател, Оддел за семејна медицина во Медицинскиот центар „Св. Алексиус“ (St. Alexius Medical Center), Хофман Естејтс (Hoffman Estates), 1988-1993

Книги:

„Едноставно исцелување: 9 едноставни начини како да ја искористите болеста, да ги фрлите вишокот килограми и да му помогнете на вашето тело да се исцели себе“ (2015) – Њу Јорк Тајмс бестселер

„Големата измама птичји грип: Вистината што не сакаат да ја знаете за „следната голема пандемија““ (2006, со Пем Килин) – Њу Јорк Тајмс бестселер

„Исхрана без житарици: Победете ја зависноста од јаглехидрати и останете тенки цел живот“ (2003, со Алисон Роуз Леви) - Њу Јорк Тајмс бестселер

„Темна измама: Откријте ја вистината за придобивките од изложеноста на сонце“ (2008, со Џефри Херман)

„Генерација XL: Одгледување здрави, интелигентни деца во свет со висока технологија и нездрава храна“ (2007, со Бен Лернер)

„Здрави рецепти за вашиот тип на исхрана“ (2007, со Кендра Деген Пиарсел)

„Превземете контрола врз вашето здравје“ (2007, со Кендра Деген Пиарсел)

„Слатка измама: Зошто Спленда (Splеnda®), Нутрасвит (NutraSweet®) и ФДА (FDA)се штетни за вашето здравје“ (2006, со Кендра Деген Пиарсел)

Целосна програма за здравје на д-р Меркола: Докажан план за да спречите болести и предвремено стареење, да ја оптимизирате телесната тежина и да живеете подолго!“ (2004, со Брајан Васили, Кендра Деген Пиарсел, Ненси Ли Бентли)

Публикации:

„Аспартамот може да му наштети на вашето здравје“, Британско списание за медицина, 3-ти октомври 2004

„Рибиното масло е далеку поефикасно од аспирин за преекампсија“, Британско списание за медицина, 12-ти септември, 2003

„Справување со хипертриглицеридемија“, Канадско списание за медицина, 1-ви април 2003

„Незнаењето за исхраната ќе го саботира третманот“, Британско списание за медицина, 13-ти септември 2002

„Манипулации за исхраната што го решаваат атопичниот дерматитис“, Британско списание за медицина, 7-ми јуни 2002

„Миопија, можна поврзаност со зголемен внес на рафинирани јаглехидрати и хиперинсулинемија“, Британско списание за медицина, 17-ти мај 2002

„Најнови достигнувања во исхраната како алтернатива за паратироидниот хормон кај остеопороза“, Британско списание за медицина, 26-ти февруари 2002

„Омега-3 масните киселини и астма на градниот кош кај деца“, март 2002

„Повеќе за тероризмот“, списание на Американската остеопатска асоцијација (Journal of the American Osteopathic Association-JAOA), јануари 2002

„Многу луѓе земаат инсулин како фактор за раст без да знаат“, Западно списание за медицина, вол. 175 (6):378, декември 2001

„Флуорот и апоптозата: Размена на забниот кариес за клеточна смрт?“, Британско списание за медицина, 20-ти јули, 2001

„Прецизноста на анализата на косата“, списание на Американската медицинска асоцијација (Journal of the American Medical Association-JAMA), 285:1576-77, 28-ми март, 2001

„Труење со жива и агенси за системска елиминација, списание за медина на исхраната и животната средина“, 11:53-62, март 2001

Колумнист во „Д таунзенд летер“ (The Townsend Letter), периодично национално познато списание за алтернативна медицина, од октомври 1997 до јуни 2001

„Рекурентен отитис? Помислете на алергија“, Вести за семејна медицина, стр 12-13, 1-ви октомври, 1996

„Природен прогестерон за ПМС“, Грижа за пациентите, 30:27-28, 15-ти септември, 1996

„Основата на терапијата со електрични микроструи во конвенционалната медицинска пракса“, списание за напредокот во медицината, 8:107-120, 1995

„Разоткривање на „пукање на вратот““, Американски семеен лекар, 45:452-459, февруари 1992 (статија да се обесхрабри самоманипулацијата на пациентот што води до лабави лигаменти)

„Испитувања на миноциклин кај ревматоиден артритис“, Грижа за пациентите, 20-ти јануари, 1992, стр. 20-21

„Блокатори на каналите за калциум и дисменореа“, списание за адолесцентно здравје, 1:1-2, јануари 1992

„Подобар сон за помала болка кај ревматоиден артритис на рацете“, Грижа за пациентите, 15-ти декември 1991, стр. 15

„Програма за исхрана помага да се следат навиките во исхраната на пациентите“, Компјутерски вести за лекари, стр. 29-30, 15-ти јуни 1990

„Пребрачно тестирање за ХИВ“, списание на Американската медицинска асоцијација (Journal of the American Medical Association-JAMA), 261:2198, 21-ви април, 1989

Работа како уредник за „ХИВ монографијата“ од лабораториите „Абот“ (Abbott Laboratories), објавена во 1989 и дистрибуирана на лекарите на национално ниво

„Приватните извори треба да ја поделат одговорноста за финансирањето на СИДА-та“, списание на Американската остеопатска асоцијација (Journal of the American Osteopathic Association-JAOA), 88:313, март 1988

„Што треба да знаат лекарите за тестирањето на антитела за СИДА“, Остео медицински вести, декември 1988

„Предбрачниот ХИВ тест се исплати“, Американски медицински вести, стр. 45, 9-ти септември, 1988

„Педијатријата и СИДА-та“, списание на Американската медицинска асоцијација (Journal of the American Medical Association-JAMA), 258:3119-3120, 4-ти декември, 1987

„Последни случувања во откажувањето од пушење“, Остео хроники, 14:31-32, 1987

„Новата американска диета “(преглед на книга), списание на Американската остеопатска асоцијација (Journal of the American Osteopathic Association-JAOA), 153:10-108, 1987

„Ажурирање на рубеолата, хепатитисот и вакцините против грип“, Остео медицински вести, 3:31-32, 1986

„Додатоци на калциум во третманот на хипертензија“, списание на Американската остеопатска асоцијација (Journal of the American Osteopathic Association-JAOA), 85:104-107, 1985

„НМР анализи на леќата кај човекот и зајакот“, Експериментални истражувања за окото, 34:545-552, 1982