Зоштo сте подложни на воспаление? 

Слободните радикали водат до штетно воспаление во телото. Што можеш да направиш за да го намалиш овој процес? Д-р Питер Глиден зборува за воспалението и на кој начин предизвикува разградување и други оштетувања во телото.

Новинар: Докторе, зборувавме за воспалението како причина за всушност многу различни нешта. Од каде почнува тоа, што предизвикува воспаление, што на крај води до многу други нешта? 

Д-р Питер Глибен: Животот предизвикува воспаление. Со сигурност. Вториот закон на термодинамиката вели дека сè се разградува и распаѓа. Тоа е закон на физиката, вториот закон на  термодинамиката, планините се претвораат во прашина, железото во ’рѓа. Сè постојано се разградува. Истото се случува и во човековото тело.

Доволно интересно е дека човековото тело има полициски оддел, што е имунолошкиот систем, но исто има и противпожарна служба, за што никој не зборува, а всушност е способноста на телото да ги неутрализира пожарите предизвикани од воспаление што е составен дел од животот. На пример, одите по улица и дишете јаглероден моноксид од издувните гасови на автомобилите. Јаглеродниот моноксид влегува во телото и предизвикува формирање на нешто во телото  што се вика слободен радикал. Слободен радикал е атом на кислород што изгубил електрон. А, атом на кислород што изгубил електрон ќе се залепи за било што како лепак. Сега, кога доволен број на атоми од кислород ќе се залепат на нешто, тоа нешто на што се залепиле станува оксидирано. Кога нештото ќе стане оксидирано порано или покасно ќе се уништи. Затоа и железото ‘рѓосува. Штетата направена од оксидација внатре во телото е главната причина за воспаление.

Ако телото е правилно потхрането може да се справи со нормален стрес предизвикан од оксидирањето што настапува само од одење по улица. Но, ако телото не е потхрането,  тогаш е исто како да се појави противпожарно возило пред куќа што гори и го поврзува цревото за хидрантот, но нема вода вода во хидрантот. А, ако нема вода, не можеш да го изгасиш оганот. Ако телото има недостаток на есенцијални хранливи материи, противпожарната служба не може да работи. Затоа нормалното воспаление што е секојдневна нормална појава излегува надвор од контрола. Тука има две нешта што се неопходни во овој домен. Треба да ја подржиме противпожарната  служба на телото, а тоа го правиме со 90 есенцијални хранливи материи, особено селен. Селенот е исклучително важен, а исто и целиот концепт на хранливи антиоксиданси. Ова е доменот на антиоксидансите. 

Антиоксидансите се како водата што ја користи противпожарната служба. Затоа консумирањето на храна, напитоци и додатоци во исхраната со висока содржина на антиоксиданси е исклучително важно за здравјето на човековото тело. Но,  како додадок на подржувањето на противпожарната служба на телото, давајќи му ги суровите материјали што му се потребни за да работи, исто ќе ни биде од полза ако превземеме чекори да избегнеме да бидеме изложени на нешта во околината што предизвикуваат воспаление и произведуваат слободни радикали.

Знаете кој е најголемиот причинител на слободни радикали од наша гледна точка? Пржена храна и масло во шише. Што зборувам? Точно така. Омиленото  масло на сите - маслиново масло. Масло во шише, сосови за салата со тек на време оксидираат, а кога консумирате било што оксидирано, имате слободни радикали во телото, затоа јадењето салата со маслиново масло е како складирање на слободни радикали. А, пржењето на храната е уште полошо. Интересно е што ако ја погледнете мапата на животниот век во САД, регион по регион насекаде во САД, делот од земјата каде што животниот век е најкраток и тоа драстично краток, е стариот југ - стариот конфедерациски југ. А, зошто е така кога го имаат истото образование, ја имаат истата вода, ја имаат истата канализација, ги имаат истите лекови, истото здраствено осигурување, ги имаат истите болници. Сè e исто освен едно нешто. На југот од САД, пржената храна е како религија. Тие јадат повеќе пржена храна од било каде во САД со можен исклучок на некои индијански резервати околу САД, каде што исто екстремно многу се користи пржена храна. Кога ќе претерате со пржена храна, го полните телото со слободни радикали. Вашето тело нема сурови материјали  за да го изгаси тој оган и затоа вашето тело се распаѓа побрзо. Затоа луѓето што живеат во јужниот дел на САД имаат најкраток животен век во САД и никој не зборува за тоа освен ние.

За македонски превод притиснете на „CC“.