ХИВ не предизвикува СИДА - тврди добитникот на Нобелова награда за хемија, проф. д-р Кери Мулис 

Калифорнискиот микробиолог, д-р Kери Мулис беше награден со Нобелова награда за хемија во 1993 година за неговите постигнувања во една од денес најчесто користените методи во молекуларната биологија, ПЦР (PCR) - полимерна синџир реакција.

Наратор: Калифорнискиот микробиолог, д-р Кери Мулис беше награден со Нобелова награда за хемија во 1993 за неговите постигнувања во една од денес најчесто користените методи во молекуларната биологија, ПЦР - полимерна синџир реакција. Оваа револуционерна технологија им овозможува на научниците да земат примерок што содржи многу мал дел на ДНК и да ја репродуцираат ДНК секвенцата се додека има многу копии. Една од првите употреби на ПЦР беше анализирање на човечко ткиво за присуство на ХИВ. ПЦР е редовно користенa техника во медицинските и биолошки лаборатории за откривање на вирусна култура кај инфицирани луѓе.

Проф. д-р Кери Мулис: Луѓето што се занимаваат со проучување на СИДА-та стануваат невротични ако ги прашаш било какви прашања. Едно време јас почнав да прашувам прашања и сè што кажав беше: „Каде се документите, покажете ми ги документите што ги прочитавте и ве убедиле дека ХИВ е причината за предизвикување на СИДА бидејќи ми треба референцата од тие документи.“ Затоа што и требаше да напишам мало известување до НИХ за напредокот што го направивме, а насловот на тие документи беше: „ХИВ е веројатната причина за СИДА“. И јас мислев дека тоа е вистина пред да се инволвирам подлабоко…и прашав: „Каде е референцата за цитатот?“ И продолжив да прашувам и барам следните две-три години и не можев да ја најдам. На крајот од тие две-три години ги прашував сите на секој состанок што сум бил каде што се зборуваше за СИДА и пребарував преку сите компјутерски бази на податоци. Не постои референца! Не постои никој што ќе ќе добие признание за таа изјава. Тоа е прилично чудна ситуација во науката каде што добивањето на признание за откривање е најважното нешто во твојот живот како научник. 

Глупаво е кога ќе ги слушнеш луѓето како те прашуваат: „Не веруваш дека ХИВ предизвикува СИДА? Не веруваш во тоа?“ Разбирам дека е само збор, но мислам дека има многу важна голема разлика. Затоа мислам дека стана нешто многу емотивно бидејќи луѓето лично се посветуваат, но всушност ова е едноставен предмет со факти што може да се анализира од многу луѓе и до овој момент има толку многу документи што всушност никој не може да ги анализира сите, но никој не може да напише мислење што ќе тврди дека ХИВ предизвикува СИДА поради тоа и тоа. Akо Пустак напишеше мислење во неговите објавувања што покажува со многу малку сомнеж дека ХИВ предизвикува СИДА, тој човек ќе беше многу популарен. Сега има сто илјади луѓе наоколу што ја имаа можноста. Десет години поминаа. Чекаме на оваа постдокторска ѕвезда да се истакне себе засекогаш и да добие доживотна подршка, но сè уште не се појавила. 

Никој не се осмелил да напише дефинитивно мислење. Било кое списание ќе го прифати. Токму тоа потврдува дека ХИВ не предизвикува СИДА. Само бидејќи Боб Гала стана, ги извади очилата и кажа: „Господа, ја октривме причината за СИДА-та.“ Тоа е сè што имаме. Статија во „Њу Јорк Тајмс“. ЦДЦ извештај. Тоа е сè што имаме. Тоа не е доволно. Тоа не е доволно, знаете, тоа не е доволно дури ни да објавите и еден мал обичен научен документ било каде. Тоа не е доволно за научниците да веруваат во некој непобитен факт за некоја ѕвезда оддалечена 50 светлосни години. Тоа со сигурност не ги оправдува трошоците во милиони и милјарди долари годишно и губењето на многу животи, болката, животи што едноставно се уништени од ова нешто. Сè врз основа на некоја несуштинска малечка изјава од човек кој е познат дека е нечесен во животот на многу други начини. Лажеше за многу други работи. Зошто да му веруваме за ова? Беше сведок во судница и не му веруваа на неговото сведочење. Го фативме на многу лаги. Не му веруваме повеќе. Научниците треба да имаат некои докази што привремено ги водат до некаков заклучок или некакво случување. Треба да се во можност да им покажат на другите научници или која било заинтересирана личност што всушност сака да разбере што е тоа што е користено како доказ. Би требало да може да каже: „Да, се согласувам со тоа. Има смисла.“ користејќи правила на инференција што сме ги користеле уште од времето на Аристотел. Тоа што бараат се сурогат маркери. Си го слушнал тој термин? Погодуваш што е? Сурогат маркерите изгледа не прават ништо за болеста, но повремено прават нешто за бројот на ЦД4 клетки што го мериме или прават нешто за ова или тоа. Не дека некој навистина знае дали сакаш повеќе или помалку ЦД4 клетки во во одреден период од животот. Многу болести предизвикуваат зголемување на бројот на ЦД4 клетките, многу болести предизвикуваат намалување на бројот на ЦД4 клетките. Никој дури не е ни сигурен дека ЦД4 клетка е секогаш ЦД4 клетка. Тоа е само маркер на клетката во тоа време кога ја прават таа мала постапка со која ги бројат што е ставање на флуоресцентна ознака и ќе кажат дека тие што светат имаат ЦД4 на површината. Ние не знаеме што тие клетки всушност прават. Имуниот систем е неверојатно комплициран, а мозокот на имyнолозите не е ни приближно доволно комплициран да го сфати. Постојат многу теории насекаде, но ни еден самоуверен имунолог нема да ти каже дека бројот на ЦД4 клетките е доволен, сурогат маркер за било што додека не знаеме повеќе за тоа. Но, тоа е тоа што го користат, тоа е тоа што ФДА го кажува. А, не мора ни да им се покаже дека помага. Исто е и со инхибиторите на протеазата. Не мора да покажеш дека му помага на пациентот, не мора да покажеш дека дури и само еден живот е спасен, сè што треба да направиш е да покажеш дека некој мал клинички индикатор се променил на начин што некој се надева дека ќе ти помогне. ПЦР се појави во истото време како и ХИВ. Јас бев во таа позиција кога луѓето почнуваа да бараат ХИВ со ПЦР Тоа беше единствениот начин да го видиш, со исклучок на култура што беше долготрајна постапка која многу пати се покажа неточна, резултатите… Културата сама по себе може да биде контаминирана. Целиот метод…биологијата на клетката е куп магија половина од времето. Луѓето што кажуваат дека можат да прават квантитативни проценки на ХИВ од култура само се залажуваат себе. 

Бројот на регистрирани случаи се зголеми епидемиски... експоненцијално бидејќи бројот на тестови што беше направен се зголеми експоненцијално. Колку доктори знаеја за ХИВ во 1983? Два. Колку доктори знаеја за ХИВ во 1985? Да речеме 500.  Колку знаеја за тоа во 1986? 40 000. Од таму се појави таа нагорна линија. Колку пари направивме од ХИВ оваа година? Можеме истиот графикон да го прикажеме заедно и ќе изгледа исто. А, тие ќе кажат дека е епидемија бидејќи секоја година правиме се повеќе и повеќе пари од тоа. Ако е предизвикано само од игли или ако е предизвикано само од хомосексуални активности, нема да добиете долга одржлива јавна заинтересираност за тоа бидејќи никој нема да сака да потроши 6 милијарди долари годишно. Ќе кажат: „И онака не ги сакавме тие луѓе. Одлично. Не можам да смислам подобро решение за хомосексуалниот проблем од болест што ќе ги убие сите.“ Имаше конгресмени што зборуваат за ова во тајност, не на телевизија. ЦДЦ мораше да каже: „Не можеш да го кажеш тоа. Мораме да кажеме дека е, мора да биде хетеросексуално преносливо.“ Не постои доказ дека воопшто е преносливо до тој момент, тогаш зошто да не кажеме дека е преносливо и хетеросексуално?  Бидејќи тоа го направи да биде чума. А, на ЦДЦ и требаше чума. ЦДЦ немаше добра чума уште од времето на детската парализа и најверојатно нивното финансирањето ќе беше прекинато ако не измислеа нешто. Човекот што беше на чело на ЦДЦ во првиот ред, всушност... самиот начин на кој го опиша е: „Ова е жешка тема.“ Знаете, тие луѓе имаат агенда што не е таа што ние би сакале да ја имаат бидејќи ние сме тие што им плаќаат за да се грижат за нашето здравје на некој начин.

Научниците, како што кажуваш ти, се тие што сметаат за крајните арбитри што го имаат последниот збор за тоа што е добро за планетата или што е лошо за планетата, а немаат ни трошка идеја. Наместо да носат белa облека, носат бели лабораториски мантили. Знаете, наместо како Кевин да ви го носат Божјиот збор, ви ја носат агендата на ЕПА или било што друго.  Тие не мора да разберат што е тоа што всушност самите те тераат да го правиш. А, луѓето мислам дека природно навлегуваат во тоа бидејќи постои потреба во човештвото за нешто како религија. Нешто што те прави да се чувствуваш дека си дел од од некој вид на поголема група, нешто што мислиш дека наспорти твојот „мал ситен“ живот те прави дел од нешто добро, нешто големо. Кога верувањата се испреплетуваат со фактите и фактичките прашања стануваат значајни прашања од религиозен тип. Кога некој ќе ти се налути поради тоа што си му поставил прашање на научен состанок или ќе рече: „Никогаш нема да го поканиме Кери Мулис на европската унија на било кој вид на научници што постојат бидејќи дојде таму и имаше смелост да им каже на луѓето дека може и не е така лошо да се има секс. Дека СИДА-та може не е нешто што го добиваш од секс.“ Бидејќи не гледам доказ за тоа, сè што реков е дека не гледам било каков доказ за тоа. Што? Не можеш да им го кажеш тоа на младите луѓе!

Наратор: Денес постојат многу научници и лекари што работат во конвенционални институции што имаат слични гледишта на тие на дисидентите. Тогаш зошто не излезат? Зошто не кажат тоа што го мислат? Дали е возможно дека гледаат што се случило кога ќе ја предизвикаш тезата дека ХИВ=СИДА=СМРТ? Потиснати се. Д-р Питер Дусберг, признат научник, беше главната личност во линијата на огнот.

Проф. д-р Кери Мулис: Питер е многу образован човек и покрај тоа што е извонреден, е многу претпазлив. Не кажува ништо што не може да го поткрепи. Тој е еден од најизвонредните луѓе, со сигурност најдобриот вирoлог.

Новинар Расел Шок: Питер Дусберг во Универзитетот на Калифорнија - Беркли е препознатлив како некој што сега е опасен. Неговото финансирање е скратено, студентите се охрабруваат да не се запишуваат на неговите курсеви и мислам дека неговата административна одговорност вклучува менаџирање на одделот за пикник…

Проф. д-р Питер Дусберг: Моето финансирање, на пример, од Националниот институт за здравје нема да биде обновено од оваа година и можеби ќе останам без работа. Исто така, моите колеги постепено ме изолираа. Не сум поканет на состаноци или скоро никогаш, особено никогаш на состаноци за СИДА. Повеќе не ми е дозволено да објавувам во истите списанија како порано, дури и како член на Националната академија не можам да објавувам во Националната академија. Моите гледишта дека лекарствата се можеби причина за СИДА, а имам многу докази да ги поткрепам, да ги документирам моите тврдења што може да бидат многу важни за здравјето на милиони Американци и луѓе на оваа планета, но сепак сум цензуриран бидејќи во суштина ме сметаат дека сум бунтовник, чудак или некој кој има контроверзни гледишта.

Проф. д-р Кери Мулис: Тој е човек што е многу напреден со неговите идеи…

Во целото поле на ракот. Тој е човекот што се инволвираше во истражувањата со онкогени, во огромно истражување за Менса. Секој што може да нарача мал сет од некоја компанија и да вработи двајца техничари може да биде истражувач за рак, благодарение на нештата што Питер ги отвори. А, Питер кажа: „Не, не мислам дека тоа е всушност причината за ракот.“ И тоа малку ги налути тие луѓе, а потоа доаѓа повторно и го прави истото со СИДА-та: „Знаете, мислам дека идеме во погрешна насока.“

Наратор: AЗТ е антиретровирусен лек што стана првиот лек одобрен за третман на СИДА и ХИВ инфекции во 1987. На почеток беше наменет за третман на рак, но не успеа да покаже ефикасност и имаше неприфатливо висок профил на несакани појави. Сепак, недостапноста на алтернатива во тоа време за третирање на СИДА се одрази многу на односот ризик-добивка.

Проф. д-р Питер Дусберг: Антивирусните лекарства се хемотерапии и сите се базирани на хемотерапии што се развиле пред 30 години. Многу порано пред да се знае дека СИДА-та убива човечки клетки. Хемотерапиите се ограничени на неколку месеци, со надеж дека ракот ќе умре пред ти да умреш.

Проф. д-р Кери Мулис: Ако почнеш да земаш било кој друг хемотерапевски агенс до крајот на твојот живот токму таа терапија е за некој болен од рак. Ако му дадеш доза, на пример, за 14 дена или неколку дена, со надеж дека нема да го убие пациентот туку ќе го убиеш ракот, пациентот ќе преживее. Но, нема да продолжиш да му ја даваш терапијата додека не умре, зошто сигурно ќе умре. Начинот да се ослободиме од СИДА-та е да престанеме да ја финансираме. Едноставно престанете сè што се нарекува истражување за СИДА. Ако некој проба да добие грант за истражување за СИДА кажи: „Не го правиме тоа повеќе. Немаме СИДА. Ако сакаш да проучуваш Pneumocystis carinii (пневмонија), можеби ќе го разгледам твоето барање, можеби имате нешто да кажете за тоа. Ако сакате да ги проучувате сами било кои од тие болести и да пробате да ги излечите, ќе зборуваме за тоа.“ Едно нешто што научив во 1968 кога прв пат сам објавив статија во списанието „Пприрода“ во област во која не сум експерт воопшто е: „Не постојат стари мудреци таму горе на врвот на науката.“ Се до 1968 година мислев… знаете ако се обидете да објавите глупава статија во списание како „Природа“, нема да биде објавена. Ако се обидете да објавите добра статија, како што подоцна пробав да објавам за ПЦР- изумот на ПЦР, во истото списание, не ја објавија. Таму горе, не постои таму горе. Не постои место, Академијата на науки е само куп на идиоти, исто како и сите други. Уредниците на списанијата се едноставно зафатени со нивните ситни животи. Не постојат стари мудреци на врвот што внимаваат да не направиме нешто навистина глупаво.

За македонски превод притиснете на „CC“.