За што се добри јаболката?

Ботаничко име: Мalus domestica

Вкусни, сочни и слатки се придавките кои се користат за да се опишат јаболката. Добро поднесуваат патување, што ги прави позната храна во кутијата за храна и позната ужинка. Екстремно се разноврсни. Иако често се смета дека се јасно Американски, всушност потекнуваат од Месопотамија. Околу 2 500 сорти се одгледуваат во САД и 7 500 во светот.

Здравствени придобивки од јаболката

Особено богати со витамин Ц, исто обезбедувајќи и витамин А, како моќен антиоксиданс помагаат при борба со инфекции и ги собираат слободните радикали што предизвикуваат воспаление.

Исто така, содржат и значајна содржина на влакна што можат да помогнат при превенција на апсорпција на ЛДЛ (лошиот) холестерол. Јаболката се добар извор на витамини од Б-комплекс групата како: рибофлавин (витамин Б2), тиамин (витамин Б1) и пиридоксин (витамин Б6), кои заедно ослободуваат ензими што го подржуваат метаболизмот и други витални функции во телото.

Другите присутни минерали во јаболката ги вклучуваат: железото, бакарот, цинкот, калциумот и калиумот, кои се важни компоненти во помагање на контрола на пулсот и крвниот притисок. Сите овие добри нешта уште повеќе објаснуваат зошто јаболката со право може да се наречат „супер храна“.

Предупредување: Јаболката се едни од најконтамираните производи со пестициди во производниот сектор, затоа најдобро е да се купуваат органски.

Истражувања за јаболката

Барем едно истражување покажува дека флавоноидите и нитратите присутни во јаболката може да ве заштитат од кардиовакуларни болести со намалување на крвниот притисок, како и со подобрување на ендотелната функција во регулација на крвниот проток. Флавоноидите се едни од најважните фитохемикалии кои природно можат да се најдат во овошјето, зеленчукот и растенијата кои може да се јадат.

Истражување, исто така, покажува врска меѓу јадењето јаболка и намален ризик од одредени типови на карциноми, особено колоректален карцином, што се должи на високата содржина на флавоноиди што ја активира антиоксидантната активност. Јаболката испаѓа дека содржат повеќе антиоксиданси отколку било која друга храна, со тоа што лушпата е дури и повеќе потентна од внатрешната содржина. Исто така интересно, е тоа што ниедно друго овошје не е асоцирано со менување на ризиците за колоректален карцином: Колку е поголем внесот, толку е поголемо влијанието.

Здрав рецепт со јаболка: Салата со јаболка, ореви и зрна

Состојки:

  • 1 чаша варен див ориз
  • 1 чаша варен кафеав ориз
  • 1 чаша варен јачмен
  • 2 големи Грени Смит јаболка, лупени, исчистени и исецкани
  • ½ чаша печени ореви, грубо исецкани
  • 2 китки целер, тенко исечени
  • 1 мал морков, рендан
  • 1/3 чаша суво грозје
  • ½ чаша сецкан свеж копар
  • ½ чаша обичен јогурт
  • 3 лажици сок од лимон
  • морска сол и свежо мелен пипер, по вкус

Постапка:

  1. Во голем сад измешајте ги сувите состојки и копарот.
  2. Додадете го јогуртот, сокот од лимон, сол и пипер по вкус и измешајте.

Интересни факти за јаболката

Пронајден е камен од 1500 година п.н.е. во Северна Месопотамија, на кој е запишана размена на овоштарник со јаболка од Тупкитила, Асирец од Нузи, за три ценети одгледувачи на овци. Секој што ќе дозволел пожар да уништи овоштарник со јаболка бил казнет со 3 сикли според  законите на Хетеецот.

Заклучок

Кога ќе погледнете сѐ што може да ви понудат јаболката, јасно е зошто се нарекуваат „супер храна“. Јаболката се спомнуваат во народни приказни пренесувани низ годините и не само поради нивната крцкава добрина. Тие се екстремно разноврсни во рецепти, и сирови и готвени, нудејќи антиканцерогени својства и моќни антиоксиданси со секој залак. Што може да биде подобро од тоа?

Извори:

„Едно јаболко на ден може да го држи настрана од вас колоректалниот карцином“ - неодамнешни докази од истражување со контролни случаи