Oдењето боси може да биде клучен елемент за добро здравје

Кога последен пат ги соблековте чевлите и уживавте во земјата под вашите стапала?

Може звучи тешко за да поверувате, но впуштањето во ова едноставно задоволство може да му даде поттик што многу му е потребен на вашето здравје.

Во многу случаи, активностите при кои се чувствувате добро на внатрешно ниво се навистина добри за вашето здравје – како чувството кога попладневното сонце ви ја топли вашата гола кожа.

Одењето боси надвор, со стапалата слободно допирајќи ја површината на земјата – активност позната како вземјување или заземјување – е уште еден таков случај.

Вие сте електронски суштества, а површината на земјата е електронски спроводник.

Вие сте електронски суштества – вашето тело произведува позитивни полнежи што може да оксидираат и да ви наштетат доколку тоа е прекумерно.

Површината на земјата е електричен спроводник; одржува негативен полнеж со снабдувањето со слободни електрони што постојано се обновуваат од глобалните атмосферски електронски кола.

Како што е изјавено во списанието за јавно здравје и здравје во животната средина (Journal of Environmental and Public Health):
„Основан факт е, иако не многу ценет, дека површината на земјата поседува безграничен и постојано обновлив извор на слободни или мобилни електрони.
...Сè повеќе докази покажуваат дека негативниот потенцијал на земјата може да создаде стабилна внатрешна биоелектронска средина за нормално функционирање на сите телесни системи. Покрај тоа, осцилациите во интензитетот на потенцијалот на земјата може да бидат важни за подесување на биолошкиот часовник што го регулира дневниот ритам на телото, како секрецијата на кортизол.“

Постојат бројни истражувања што покажуваат дека врската со површината на земјата игра клучна улога во превенција на болести и нуди бројни придобивки, од подобрено спиење до намалување на болка.

Проблемот, се разбира, е тоа што луѓето во минатото поминувале голем дел од денот со нивната гола кожа на земја (и додека оделе и додека спиеле, вклучувајќи ги и кожите од животни што сè уште дозволуваат електроните да влезат во телото), додека денес таа витална врска е изгубена.

Истражувачите продолжуваат:

„Низ историјата луѓето главно оделе боси или со обувки направени од кожа од животни. Спиеле на земја или на кожа. Преку директен контакт или преку потењето – навлажнети кожи од животни што се користеле како обувки или подлога за спиење, изобилството на слободни електрони од земјата навлегувало во телото, што е електричен спроводник. Преку тој механизам секој дел од телото можел да се изедначи со електричниот потенцијал на земјата, со што се стабилизира електронската средина на сите органи, ткива и клетки.
Современиот начин на живот значително ги раздвои луѓето од исконскиот тек на електрони од земјата. На пример, од 1960 година се повеќе се носат чевли од пластичен или гумен материјал што изолираат, наместо традиционални кожени, од кожа... Очигледно, не спиеме повеќе на земја како што спиеле луѓето во минатото.“

Што се случува кога апсорбирате слободни електрони од земјата?

Научната теорија што стои зад здравствените придобивки од оваа едноставна вежба е дека бидејќи земјата има поголем негативен полнеж од вашето тело, вие апсорбирате електрони од неа. Тоа е еден од најмоќните антиоксиданси што ги знаеме и што може да има антивоспалителен и антиоксидантен ефект на вашето тело.

Како што е напишано во списанието за алтернативна и комплементарна медицина(Journal of Alternative and Complementary Medicine):
„Добро утврдено е, иако не нашироко познато, дека површината на земјата поседува бескраен и постојан обновлив извор на мобилни електрони како последица на глобалното атмосферско електронско коло. Носењето на чевли со ѓон што изолира и спиењето во кревети што се изолирани од електронската рамнина на земјата ги исклучија повеќето луѓе од електронскиот ритам и слободните електрони на земјата.
...Претходно истражување покажува дека врската на човечкото тело со земјата за време на спиењето (вземјувањето, заземјувањето) го нормализира дневниот ритам на кортизолот и го подобрува спиењето. Забележани се и голем број на други придобивки, вклучувајќи намалување на болка и воспаление. Последователни истражувања ги потврдуваат тие претходни наоди и документирани виртуелни моментални физиолошки и клинички ефекти од вземјувањето или заземјувањето на телото.“

Едноставно кажано, приливот на слободни електрони од површината на земјата ќе помогне да се неутрализираат слободните радикали и да се намали и акутното и хроничното воспаление, што е корен на многу здравствени состојби и забрзано стареење.

Два начини како да останете вземјени

Ефектите на вземјувањето се чини дека се толку длабоки што истражувачите советуваат здравствените работници да препишуваат „боси сесии“ надвор колку што дозволува времето. Тоа е толку едноставно како што и звучи – ги соблекувате чевлите и чорапите и одите боси по трева, кал, песок или било каква земја што ви е достапна. Истражувањата покажуваат дека придобивките, како намалување на болка и намалување на стрес, може да се појават за само 30-80 минути одење боси на ден.

Така, како и редовната изложеност на сонце, одењето боси надвор е крајно запоставена основна практика што лесно може да ја правите. Во списанието за јавно здравје и здравје во животната средина (Journal of Environmental and Public Health) истражувачите заклучуваат:
„Новите докази покажуваат дека контактот со земјата – без разлика дали тоа е одење боси надвор или поврзани преку вземјени споводни системи внатре – е едноставна, природна, а сепак длабоко ефективна стратегија од животната средина против стрес, дисфункции на анатомниот нервен систем , воспаление, болка, неквалитетен сон, варијабилност на срцевиот ритам, хиперкоагулабилност на крвта и многу други чести здравствени нарушувања, вклучувајќи и кардиоваскуларни заболувања.
Истражувањата направени до сега го поддржуваат концептот дека вземјувањето или заземјувањето на човечкото тело може да биде клучен елемент во равенката за здравје заедно со сонцето, чистиот воздух и вода, здравата храна и физичката активност.“

Експерт по природно здравје д-р Меркола

photo_4.jpg

Извори:

Списание за јавно здравје и здравје во животната средина(Journal of Environmental and Public Health), 2012

Списание за алтернативна и комплементарна медицина(Journal of Alternative and Complementary Medicine), ноември 2007; 13(9):955-67

Списание за јавно здравје и здравје во животната средина(Journal of Environmental and Public Health), 2012; 2012: 291541