Марихуаната или канабисот се користи повеќе од 5 000 години и има голема историја на традиционална употреба како индустриски материјал и како ботанички лек насекаде низ Азија, Африка, Европа и Америка.
Терминот „марихуана за медицинска употреба“ се однесува на употребата на природното растение марихуана непреработено и неговите чисти екстракти за лекување на болест или подобрување на симптом. Мора да потекнува од канабис наменет за медицинска употреба што бил соодветно одгледан без употреба на токсични пестициди и ѓубрива.
Неверојатните исцелувачки својства на марихуаната доаѓаат од високата содржина на канабидиол и критичните концентрации на медицински терпени и флавоноиди.
Преку традиционални техники на одгледување и размена на семиња, одгледувачите започнаа да произведуваат канабис растенија со повисока содржина на ЦБД и пониска содржина на ТХЦ за медицинска употреба.
Историски марихуаната се користела како ботанички лек уште од 19-тиот и 20-тиот век. Денес нејзиното класифицирање како потенцијален лек е поддржано од многубројни истражувања што го препишуваат нејзиниот исцелувачки потенцијал на содржината на канабидол.
Канабионоидите стапуваат во реакција со вашето тело по пат на канабиноидни рецептори што природно постојат и се вградени во клеточните мембрани насекаде во вашето тело.
Канабиноидните рецептори се присутни во вашиот мозок, бели дробови, црн дроб, бубрези и имунолошки систем. И терапевтските и психотропните својства на марихуаната се јавуваат кога канабиноид активира канабиноиден рецептор.
Сè уште во тек се истражувања за сите аспекти на кои што влијае врз вашето здравје, но до денес познато е дека канабиноидните рецептори играат важна улога во многу телесни процеси, вклучувајќи регулација на метаболизмот, глад, болка, анксиозност, раст на коски и имунолошки функции.
Д-р Ален Френкл, лиценциран интернист во Калифорнија, кој успешно лечел пациенти со марихуана за медицинска употреба нешто помалку од една деценија, лично видел тумори што виртуелно исчезнувааат кај некои пациенти кои не користеле никаква друга терапија освен што земале 40 до 60 милиграми канабиноиди дневно.
Други чести заболувања што се лекуваат со марихуана за медицинска употреба вклучуваат:
ЦБД исто делува како одличен аналгетик и добро делува во третман на нарушувања поврзани со анксиозност. Од друга страна, при локална апликација на масло од канабис врз изгореници од сонце, докажано е дека заздравуваат преку ноќ.
Марихуаната за медицинска употреба може да се користи на еден од следните начини:
Имајте на ум: бидете сигурни дека вашиот лек потекнува од растение канабис за медицинска употреба што нема опасност од хемиски остатоци, што може да предизвикаат дополнителна штета.
Д-р Маргарет Геде, дипломиран доктор по медицина на Стенфорд, патолог и наградуван истражувач специјализиран за терапевтска употреба на канабис, кажува дека единственото нешто за што треба да се грижите за марихуаната за медицинска употреба е психотропното дејство на ТХЦ или неговата способност да направи да се чувствувате “хај“ (како под дејство на психотропна супстанца). Иако во некои случаи ТХЦ исто може да биде од корист, особено за пациенти што страдаат од тешка болка.
Но, освен тоа, канабисот генерално е безбеден за употреба. Исто може да го избегнете овој несакан ефект со користење на формули на марихуана со поголема содржина на ЦБД и помала содржина на ТХЦ.
Експерт по природно здравје д-р Меркола |
Извори:
„Хемија и биоразновидност“ (Chemistry and Biodiversity), 2007 (4)
Годишен преглед на фармаколошка токсикологија, 2006; 46:101-22
Континуирана едукација (A Train Continuing Education)
Група на обединети пациенти (United Patients Group)