За што е добар кељот?

Ботаничко име: Borecole

Здравствени придобивки од кељот

Кога би можеле витамините да бидат спакувани и етикетирани, би изгледале како кељот. Тоа е така бидејќи витамините присутни во една чаша од овој релативно малку познат зеленчук може да ја надминат неделната хранлива вредност на многу други производи. 684% од дневната препорачана вредност на витамин К, 206% од дневната препорачана вредност на витамин А и 134% од дневната препорачана вредност на витамин Ц (и дури и повеќе витамин Ц во шкотскиот вид на кељ со кадрав лист).

Кељот со право може да се нарекува супер храна бидејќи едно истражување ја покажува високата антиоксидантна активност на овој зеленчук. Фитонутритиентот индол-3-карбинол помага во обновувањето на клеточната ДНК, додека во исто време го успорува растот на канцерозните клетки.

Со содржината на сулфурафан, кељот штити од рак на простата и рак на дебело црево. Истражувањата покажуваат дека кељот има исто и својства со кои што олеснува конгестија на белите дробови и е корисен за вашиот желудник, црн дроб и имунолошки систем.
Содржи лутеин и зеаксантин, со што помага во заштита на вашите очи од макуларна дегенерација.

Кељот е споредуван со говедско месо, кое е познато како храна богата со железо, протеини и калциум.

Антивоспалителните својства на кељот се неспоредливи меѓу листестите зеленчуци, а особено се поврзуваат со превенција и дури и лекување на артритис, срцеви заболувања и некои автоимуни болести.

Омега масните киселини се наречени есенцијални бидејќи му се потребни на вашето тело за да остане здраво, но мора да се добијат од извор надвор од телото; кељот е одличен извор на тие здрави масти. Придобивките од овие често споменувани, но малку разбрани соединенија ја вклучуваат нивната способност да помагаат во регулација на згрутчувањето на крвта, изградување на клеточните мембрани во вашиот мозок и заштита од срцеви заболувања и мозочен удар. Исто може да помогнат во борбата против автоимуни болести како лупусот и ревматоидниот артритис.

Една порција кељ содржи 121 мг омега 3 масни киселини и 92,4 мг омега 6 масни киселини.

Кељот е еден од најдобрите зеленчуци за вашето здравје.

Истражувања за кељот

Според едно истражување1, меѓу сите производи вклучени во истражувањето докажано е дека кељот има највисок заштитен ефект од рак на мочниот меур.

Кељот има многу впечатлив број на флавоноиди, секој со своја работа за здравје на вашето тело, вклучувајќи 32 фенолни соединенија и три хидроксициметни киселини, што може да помогнат во одржување на нивото на холестерол во границите на нормалните вредности и во собирање на штетните слободни радикали во вашето тело.2 Два од најважните флавоноиди што кељот ги има во изобилство се кемпферол и кверцетин.

Треба да биде забележано дека ефективноста на некои антиоксиданси и витамини во кељот се намалува кога кељот термички се обработува.3

Здрави рецепти со кељ: Тоскански грав и супа од кељ

Состојки:

  • ½ кг сув канелини грав
  • 2 лажички кокосово масло
  • 1 голема главица кромид, исецкан
  • 1 лажичка мелена свежа жалфија
  • 2 лажички мелен свеж рузмарин
  • 7 чаши супа од зеленчук
  • 150 г кељ, отстранети ребра, грубо исецкан
  • сол и мелен црн пипер

Постапка:

  1. Во голем сад ставете го гравот покриен (целосно) со вода да отстои во текот на ноќта. Исцедете го и исплакнете го.
  2. Загрејте 2 лажички кокосово масло во големо тенџере на средна температура. Додадете го кромидот и пропржете додека не омекне, околу 5 минути. Додадете го лукот, жалфијата и рузмаринот и пропржете 1 минута.
  3. Додадете го гравот и супата. Покријте и приспособете ја температурата за да овозможува нежно вриење, варејќи додека зрната грав не станат меки – околу 1 час, а потоа додадете го кељот.
  4. Покријте ја и оставете ја мешавината да крчка додека зрната грав и зеленчукот не омекнат добро.
  5. Тргнете го тенџерето од изворот на топлина и испасирајте дел од зрната грав од површината на садот додека смесата не добие соодветна конзистенција, додавајќи вода доколку е потребно. Зачинете по вкус со сол и црн пипер.

Се добиваат 6 порции.

Интересни факти за кељот

Кељот за прв пат бил одгледан од диви видови од страна на Грците и Римјаните, а подоцна се шири низ Европа, каде лисјата биле наречени „колс“ (“coles”), а потоа се шири и на Британските острови. Од таму бил пренесен во Америка. За прв пат се споменува во САД во 1669 година, наречен „колвортс“ (“colewarts”).

Заклучок

Кога се работи за најздрави производи одгледани во градина или што може да се најдат на локалниот пазар на земјоделците или во одделот за овошје и зеленчук во супермаркетите – кељот станува се подобро познат, не само по специфичниот вкус што им го дава на супите и салатите, туку по многуте здравствени придобивки што ги обезбедува. Преполн со витамини, јадењето кељ ви помага во борба против ракот, срцевите заболувања, автоимуните болести и дури и во борбата против макуларната дегенерација. Со сите овие добри нешта, може да биде одлична вечера.

Извори:

1 Исхрана и рак на мочен меур: контролирано истражување со контролни случаи, август 2012

2 Инхибиција на оксидација на липопротеини со ниска густина кај човекот со кофеинска киселина и други деривати на хидроксициметните киселини

3 Состав и антиоксидантна активност на сировиот и термички обработен кељ (Brassica oleracea L. var. acephаla), август 2012