Пченична трева зелено злато

Сокот од пченична трева е најдобриот лек на природата. Се работи за моќна концентрирана хранлива течност. 55 мл сок од пченична трева има хранлива вредност како 2,3 кг од најдобриот сиров органски зеленчук.

На пример, пченичната трева има два пати повеќе витамин А од морковот, а има повеќе витамин Ц од портокалот! Ги содржи сите витамини од Б групата, како и калциум, фосфор, магнезиум, натриум и калиум во избалансиран сооднос. Пченичната трева е комплетен извор на протеини, обезбедувајќи ги сите есенцијални аминокиселини и повеќе од тоа. 20% од вкупниот број на калории во пченичната трева доаѓаат од протеините. Тие протеини се во форма на полипептиди, поедноставни и пократки ланци на аминокиселини што телото ги искористува поефикасно во крвта и ткивата.

Во прилог на преплавување на телото со терапевтски дози на витамини, минерали, антиоксиданси, ензими и фитонутритиенти, пченичната трева е исто моќен детоксификатор, особено на црниот дроб и крвта.

Помага во неутрализирањето на токсини и загадувачи од животната средина во телото со содржината на корисни ензими што нè заштитуваат од карциногените, вклучувајќи супероксид дисуматаза (СОД), што го намалува ефектот од зрачењето и ја олеснува дигестијата на токсините во телото.

Го прочистува телото од главата до петите од било какви тешки метали, загадувачи и други токсини што може да се складираат во ткивата и органите во телото.

Сокот од пченична трева треба да се консумира свеж – во рок од 15 минути откако ќе го подготвите, за најдобри резултати. Сокот секогаш треба се пие неразреден и на празен желудник, со цел хранливите материи да се апсорбираат поефикасно.

Суплементите со пченична трева во вид на прав од пченична трева што претходно била исушена и замрзната не се ни оддалеку ефикасни како свежиот сок од пченична трева. Едно истражување открива дека суплементите со пченична трева и замрзнатиот исушен прав се само два проценти ефикасни во споредба со свежиот сок од пченична трева кога се консумира во рок од 15 минути. Хранливите материи брзо почнуваат да оксидираат (да се разложуваат) кратко по цедењето.

Кога се консумира свеж, тој е жива храна и има биоелектрицитет. Високата вибрациона енергија е буквално животната сила внатре во сокот. Овој извор на животна енергија може потенцијално да ослободи моќни обновувачки вибрации и поголема поврзаност со сопственото внатрешно битие. Овие моќни хранливи материи исто може да превенираат и уништување на ДНК и да нè заштитат од тековните ефекти на предвремено стареење и клеточно распаѓање.

Неодамнешно истражување покажува дека само природните производи и сокови може повторно да го вратат електричниот полнеж меѓу капиларите и клеточниот ѕид, што го зајакнува имунолошкиот систем. Кога е свеж, сокот од пченична трева е крал на природните сокови.

Меѓу другите нешта, сокот од пченична трева е особено богат со хлорофил. Пченичната трева ја прочистува и изградува крвта што се должи на високата содржина на хлорофил. Хлорофилот е првиот производ на светлината и затоа содржи повеќе исцелувачки својства од било кој друг елемент. Целиот живот на оваа планета доаѓа од сонцето. Само зелените растенија можат да ја преобразат сончевата енергија во хлорофил преку процесот на фотосинтеза. Хлорофилот е познат како „крв“ што има дава живот на растенијата. Овој важен фитонутритиент е тоа што им е потребно на вашите клетки за да се излекуваат и за да напредуваат. Пиењето сок од пченична трева е како пиење сончеви зраци во вид на течност.

Хлорофилот носи висока концентрација на кислород (меѓу останатите нешта) што е особено моќен во помагање на телото при нормализирање на абнормалности. Високата содржина на кислород во хлорофилот помага да се достави повеќе кислород во крвта.

Со редовно пиење на сок од пченична трева и користење на импланти од сок од пченична трева се зголемува бројот на црвени крвни клетки и се зголемува концентрацијата на кислород во крвта. Тој показател е клучен индикатор за здраво опоравување од абнормалности и болести. Кислородот е од витално значење за многу телесни процеси, особено за мозокот кој користи 25% од кислородот во телото. Високата содржина на кислород овозможува поддршка за здраво тело.

Извори:

„Чикаго Трибјун“ (Chicago Tribune), 2 јануари 2013

Институт за здравствена заштита „Хипократ“ (Hippocrates Health Institute), „Придобивките од пченичната трева“

Eлектронска мрежа „Мајка Природа“(Mother Nature Network), 27 јуни 2012

Списание за експериментални и клинички истражувања на ракот (Journal of Experimental and Clinical Cancer Research), 2011