За што се добри кајсиите?

Како веќе добро познати во Грција во 60 г.п.н.е., кајсиите се транспортирани во Европа од страна на Грците кои ги нарекувале „златни јајца на сонцето“. Денес основната комерцијална работа со кајсии се одвива на Медитеранот и Блискиот Исток, со придонеси надвор од сезоната од Јужна Америка и Нов Зеланд.

Кајсиите може да се консумираат свежи и може да бидат вкусен додаток на секој тип на салата. Најпосакувана форма се чини дека се сувите кајсии, што често се мешаат со јаткасти плодови и друго сушено овошје за вкусна, хранлива, домашна енергетска мешавина. Семките имаат свој дел на пазарот, главно заради нивното масло.

Здравствени придобивки од кајсиите

Највисокото ниво на витамини во свежите кајсии го обезбедува витаминот А – 13% од дневната препорачана вредност во една кајсија. Тоа вклучува неколку корисни каротени, што ослободуваат моќни антиоксиданси од суштинско значење за одржување на оптимален вид, здрава кожа и слузокожа, како и за заштита од рак на белите дробови и устата.

Кајсиите се исто и добар извор на витамин Ц, познати се по заштитата од проблеми со видот, промовираат здрава кожа и слузокожа, заштитуваат од рак на белите дробови и устата и обезбедуваат уште поголемо чистење од слободни радикали во вашето тело. Флавоноидите како лутеин и бета криптоксантините имаат толку висок степен на придобивки што всушност можат да помогнат да се забават и дури и да се спречат нарушувања и болести поврзани со стареењето. Зеаксантинот, каротеноид што се апсорбира во ретината, обезбедува заштитни функции со филтрирање на УВ зраци, што на крајот може да ве заштитат од макуларна дегенерација.

Кајсиите се богати со голем број на други фитохемикалии што промовираат здравје. Некои имаат способност за превенција на срцеви заболувања со тоа што ви помагаат да го одржувате холестеролот во нормалниот опсег на вредности, додека диеталните влакна овозможуваат вашиот систем да работи правилно. Калиумот обезбедува одредени соединенија во клетките и телесните течности што помагаат во регулација на работата на срцето и крвниот притисок.

Истражувања за кајсиите

Едно истражување беше иницирано за да се испитаат ефектите на екстрактот од јапонска кајсија (Prunus mume) против три клеточни линии на рак на дебелото црево. Научниците заклучија дека екстрактот влијае врз растот и пролиферацијата на малигните клетки, предизвикувајќи да се самоуништуваат. 1

Бројни истражувања ја покажуваат моќта на овошјето и зеленчукот во намалување на ризикот од неколку типови на рак, особено тие што содржат каротени, што се должи на нивната антиоксидантна способност. Научниците особено ги истакнуваат лутеинот, ликопенот и зеаксантинот како „хемопревентивни агенси што ветуваат“.2

Интересни факти за кајсиите

Се разбира дека постои контроверзност во врска со честата екстремно неразумна употреба на семките од кајсиите (како и бадемите) како лек за рак бидејќи активната состојка, витамин Б17 (летрил) е токсичен за човечкото тело. Д-р Ернест Т. Кребс Џуниор, биохемичар, кој прв ја изолира оваа супстанца од семките на кајсиите, беше доволно уверен во нејзината терапевтска вредност за ја тестира врз себе. Факт е дека семките од кајсиите содржат цијанид, а погрешна доза во зависност од други фактори целосно неповрзани само со ова, може да биде фатална.

Заклучок

Тоа што го нудат кајсиите од аспект на хранливи материи е навистина корисно. Истражувањата покажуваат дека нивната антиоксидантна способност е поврзана со здрава кожа и слузокожа, заштита од рак на белите дробови и устата, како и борба против инфекции. Витамините А и Ц, заедно со калиумот, каротеноидите и флавоноидите како лутеин, бета криптоксантини и зеаксантин може да помогнат да се превенираат болести поврзани со старееењето како срцеви заболувања и  макуларна дегенерација, може да ја регулираат работата на срцето и крвниот притисок со тоа што ви помагаат да го одржувате вашиот холестерол во нормалниот опсег на вредности. Ако не ви се многу познати како овошје, започнете едноставно со неколку свежи кајсии. Консумирајте кајсии умерено бидејќи содржат фруктоза што може да биде штетна за вашето здравје во прекумерни количини.

Извори:

1 Нов антипролиферативен агенс, МК615, од јапонската кајсија „Prunus mume“ предизвикува моќна автофагоцитоза кај клетките на рак на дебелото црево инвитро, октомври 2012

2 Лутеин, ликопен и нивните оксидативни метаболити во хемопревенција на рак