Тишината на Буда победи

Еден ден Буда медитираше. Дојде постар човек и почна безмилосно да го напаѓа Буда. Буда остана апсолутно тивок.
Колку долго би можел да продолжи со неговото задевање? По некое време престана и беше готов да го напушти местото. Но, Буда рече: „Почекај малку, те молам. Сакам да те прашам нешто. Кажи ми, кога ќе му понудиш подарок на некој, ако не го прифати твојот подарок, што ќе направиш?“
- „Само ќе си го земам назад.“
Буда рече: „Па, се обидуваше да ми понудиш подарок што го донесе со тебе. Бидејќи не го прифатив твојот подарок, си го земаш назад со тебе.“
Човекот се почувствува тажен и засрамен од неговото однесување. Го молеше Буда да му прости. Буда му прости, а на крајот стана близок ученик на Буда.

Од: „Што и да сакаш, Бог ти дава“ од Шри Чинмој