Како ЛЕД осветлувањето може да го загрози вашето здравје?

Како резултат на енергетската ефикасност, во голема мерка се случи голема транзиција кон користење на ЛЕД светилките како примарен извор на светлина во домовите. Во однос на тоа, функционалноста е неверојатна, намалувајќи ги енергетските потреби дури за 95 проценти, споредено со блескавите термални аналогни извори на осветлување.

Сепак, топлината што се создава од блескавите светилки, која е инфрацрвено зрачење, е всушност корисна за вашето здравје, а со тоа се исплати и повисоката цена. Постојат големи недостатоци на ЛЕД светилките што не се земаат доволно сериозно во предвид. ЛЕД осветлувањето всушност може да биде едно од најважните електромагнетни зрачења на кои сте изложени секојдневно.

Ако одлучите да ги игнорирате новите сознанија, тоа може да резултира со сериозни долгорочни последици. Може да доведе до макуларна дегенерација поврзана со возраста, што е водечка причина за слепило во САД и други земји.

Исто може да дојде и до влошување на други здравствени проблеми кои во основата се карактеризираат со митохондријална дисфункција, опфаќајќи широк спектар на заболувања од метаболички нарушувања до рак.

Што е светлината?

Дефиницијата за светлина, кога се работи за вештачки извори на светлина, е прилично различна. Видливата светлина се движи меѓу 400 и 780 нанометри (нм), но „светлината“ е всушност повеќе од тоа што може да го види окото.

„Кога ќе ја погледнеме сончевата светлина, имаме многу поширок опсег на спектарот, од околу 300 нм до 2 000 нм. За нашата пресметка на енергетска ефикасност прави голема разлика ако зборуваме за овој широк природен опсег или ако зборуваме само за... видливи перформанси.

Физичарите мислат дека инфрацрвеното зрачење е само топлинска загуба. Но, од гледна точка на лекар, ова апсолутно не е точно; во последните 30 години објавени се стотици научни трудови за корисните аспекти на одреден дел од спектарот, кој се нарекува блиска инфрацрвена светлина или инфрацрвена А.“

Блиската инфрацрвена црвена светлина е од клучно значење за здравјето на митохондриите и окото

Не можете да ја почувствувате блиската инфрацрвена светлина како топлина и не можете да ја видите, но има големо позитивно влијание врз здравјето. Блиската инфрацрвена светлина е тоа што недостасува во нетермичките вештачки извори на светлина како ЛЕД.

Блиската инфрацрвена светлина влијае на вашето здравје на голем број важни начини. На пример, помага во подготовка на клетките од мрежницата за регенерација.

Бидејќи ЛЕД светилките имаат речиси никаква инфрацрвена светлина, а вишок на сина светлина што генерира реактивни кислородни видови (ROS), тоа објаснува зошто ЛЕД светилките се толку штетни за вашите очи и за целокупното здравје.

Хромофори се молекули што ја апсорбираат светлината. Во оптичкото ткиво присутен е прозорец што се движи од 600 до 1 400 нм, што значи дека е скоро целосно покриен со инфрацрвената А светлина од спектарот. Овој прозорец во оптичкото ткиво дозволува зрачењето да продре неколку сантиметри или барем 2,5 см или повеќе во ткивото.

Хромофорите се наоѓаат во вашите митохондрии и во активираните молекули на водата. Во вашите митохондрии исто е присутна и специфична молекула наречена цитохром с оксидаза, што е вклучена во создавањето на енергијата во митохондриите. Аденозин трифосфат (ATP) – клеточна енергија – е крајниот производ.

ATP е горивото што им е потребно на вашите клетки за сите нивни најразлични функции, вклучувајќи транспорт на јони, синтетитизирање и метаболизам. Неверојатно, вашето тело создава АТП секој ден колку вашата телесна тежина. И додека можете да преживеете неколку минути без кислород, доколку одеднаш сопре создавањето на ATP, ќе умрете за 15 секунди.

Заздравувањето на раните и процедурите против стареење ја користат блиската инфрацрвена светлина

Тоа значи дека диференцијата е во ред. Најголемиот дел од енергијата што се користи во метаболичките процеси доаѓа од храната. Но, исто има и термодинамичен аспект. Одржувањето на нормална телесна температура (37 степени Целзиусови или 98,6 степени по Фаренхајт) вклучува два механизми: создавање на енергија во вашите митохондрии од храната и фотонска енергија (блиско инфрацрвено зрачење од сончевата светлина и блескавите светилки) способна да навлезе длабоко во вашето ткиво, дури и преку облеката.

Аналогно наспроти дигитално осветлување

Исто има разлика и меѓу аналогните и дигиталните форми на извори на светлина.
ЛЕД лампите се форма на дигитално нетермичко осветлување додека блескавите и халогените светилки се аналогни термички извори на светлина.

„За еден систем што ги менува боите имате три различни ЛЕД светилки, црвена, зелена и плава, а интензитетот на тие три канали на боја треба да промени со цел да се добие различна боја, што на крајот се гледа од страна на окото. Контролата на излезниот интензитет на една ЛЕД светилка се реализира на дигитален начин бидејќи е многу тешко да се има низок интензитет во голем број различни чекори.

Затемнувањето на ЛЕД светилките е овозможено со т.н. пулс-ширина модулација, што значи дека ЛЕД светилките се вклучуваат до полн интензитет и потоа целосно се исклучуваат, а потоа повторно се вклучуваат. Значи имаме постојано вклучување и исклучување на фрекфенциите, кои се повисоки од тоа што нашето око е во можност да го разликува. Но, на клеточно ниво клетките сè уште може да го забележат...
Тоа предизвикува треперење што не може да го перцепира 90 проценти од популацијата. Но, сепак е биолошки активно. А, треперењето е многу штетно за вашата билогија.“

Разбирање на опасностите од ЛЕД светилките

Најверојатно знаете до сега дека сината светлина во вечерните часови го намалува создавањето на мелатонин во вашата пинеална жлезда. Но, исто имате и клетки во вашата мрежница што се одговорни за создавање на мелатонин со цел да се регенерира мрежницата во текот на ноќта.

Ако користите ЛЕД светилки после зајдисонце, ги намалувате регенеративните и повратни капацитети на вашите очи.

Непотребно е да се каже, со помалку регенерација ќе завршите со дегенерација. Во тој случај, дегенерацијата може да доведе до макуларна дегенерација поврзана со возраста, што е главна причина за слепило кај постарите лица. Сепак, тоа што повеќето луѓе не го земаат во предвид, изложеноста на ЛЕД светлина што не е избалансирана со целосна сончева светлина полна со црвените делови од спектарот е секогаш штетно за вашата биологија. А, уште повеќе во текот на ноќта.

За да го заштите вашето здравје и вид, држете се до блескавите светилки

ЛЕД светилките се совршен пример како сами си наштетуваме на нашето здравје со инаку корисна технологија. Сепак, проактивно можеме да спречиме да настане штета со знаење. Како заклучок, навистина треба да ја ограничиме изложеноста на сина светлина, и за време на денот и во текот на ноќта.

За ноќна употреба, заменете ги вашите ЛЕД светилки со јасни блескави светилки или халогени блескави светилки со ниска волтажа што функционираат на еднонасочна струја.

Исто препорачувам и користење на заштитни очила од сина светлина по зајдисонце, дури и ако користите блескави светилки. Без овие промени, прекумерната сина светлина од ЛЕД светилките и електронските екрани ќе предизвика вашето тело прекумерно да создава реактивни кислородни видови, а ќе го намали создавањето на мелатонин, и во пинеалната жледа и во мрежницата, со што ќе спречи регенерација, а со тоа и ќе ја забрза дегенерацијата на вашиот вид.

„Да нагласиме уште едно нешто, не треба да бидеме загрижени за сината светлина што доаѓа од сонцето. Туку сината светлина, поединечната визуелна светлина со висока енергија (HEV) што доаѓа од ладни енергетски ефикасни нетермички извори на светлина. Тоа е тоа што го предизвикува проблемот, не сината светлина што доаѓа доаѓа заедно со подолги бранови должини во вид на природен коктел кој го има корисниот близок инфрацрвен спектар...
Замените за светлината со потекло од нетермички извори на светлина се тие што предизвикуваат проблеми и треба да бидете паметни за да ги избегнете тие Тројански коњи. Ако сакате да бидете безбедни, држете се до свеќите, држете се до блескавите сијалици.“ – вели Вунш.

Експерт по природно здравје д-р Меркола

photo_4.jpg