Паметни начини како да се храните здраво со мал буџет

Здравата храна може да биде скапа. Затоа може да биде тешко добро да се храните доколку имате мал буџет. Меѓутоа постојат многу начини да заштедите пари, а сепак да јадете природни производи од една состојка.

Следуваат 18 паметни совети што може да ви помогнат да јадете здраво со мал буџет.

1. Планирајте ги вашите оброци

Кога се работи за заштеда на пари во продавницата за храна, неопходно е планирање. Секоја недела искористете еден ден за да ги испланирате оброците за следната недела. Потоа направете листа на храна што треба да ја купите. Исто бидете сигурни да го проверите фрижидерот и сите елементи каде што чувате храна за да видите што веќе имате. Обично има многу храна скриена некаде поназад што може да се искористи. Планирајте да купите само тоа што знаете дека ќе го употребите, за да не завршите фрлајќи многу од тоа што го купувате.

Заклучок: Планирајте ги оброците за неделата што следува и направете листа на храна што треба да ја купите. Купувајте само тоа што сте сигурни дека ќе го употребите и проверете што веќе имате дома.

2. Држете се до вашата листа на храна

Откако еднаш ќе ги испланирате вашите оброци и ќе ја направите листата, држете се до неа. Многу е лесно да изгубите контрола во продавница, што може да доведе до несакани, скапи набавки. Како општо правило, обидувајте се прво да купувате по периметарот на продавницата. На тој начин е поверојатно дека ќе ја наполните вашата кошничка со природна храна. Средината на продавницата често ги содржи најпреработените и нездрави производи. Ако се најдете на тие патеки, гледајте на врвот или на дното од полиците наместо право пред вас. Најскапите производи обично се поставени во висина на очите. Покрај тоа, денес постојат и многу апликации за листа на намирници што може да ви помогнат при купувањето. Некои од нив дури може и да ги зачуваат вашите омилени производи или да споделат листи помеѓу повеќе купувачи. Користењето на апликација е исто и одличен начин да бидете сигурни дека нема да ја заборавите вашата листа дома.

Заклучок: Држете се до вашата листа на намирници кога купувате. Најпрво купувајте по периметарот на продавницата бидејќи обично таму се наоѓа природната храна.

3. Гответе дома

Готвењето дома е многу поефтино од јадењето надвор. Стекнете навика да готвите дома, наместо да јадете надвор во последната минута. Општо земено, можете да нахраните цело семејство од четири члена за истата цена како и храна во ресторан за двајца. На некои луѓе им е полесно да подготват храна во текот на викендот за неделата што следува, додека пак други готват оброк за оброк. Кога самите готвите, исто имате и можност да знаете што точно има во вашата храна.

Заклучок: Готвењето дома е далеку поефтино отколку јадењето надвор. На некои луѓе им е полесно да ја подготват хранаа во текот на викендот за неделата што следува, додека пак други готват оброк за оброк.

4. Подготвувајте големи порции и користете ги вашите остатоци

Готвењето големи оброци може да ви заштеди и време и пари. Остатоците може да се искористат за ручек, во други рецепти или замрзнати како поединечни порции во кои може да уживате подоцна. Остатоците обично се многу добри за чорби, потпржување, салати и бурито. Овие типови на храна се особено добри за луѓе со ограничен буџет.

Заклучок: Гответе големи оброци од ефтини состојки и користете ги остатоците во текот на следните денови.

5. Не купувајте кога сте гладни

Ако отидете во продавница гладни, поголема е веројатноста да не се држите до листата за купување и да купите нешто импулсивно. Кога сте гладни, често посакувате храна што не е добра за вас или за вашиот буџет. Обидете се да грабнете парче овошје, јогурт или друга здрава ужинка пред да одите во продавница.

Заклучок: Купувањето кога сте гладни може да доведе до желба за одредена храна и импулсивно купување. Ако сте гладни, имајте ужинка пред да одите да купувате во продавница.

6. Купувајте природни производи

Некои производи се многу поефтини во помалку преработена форма. На пример, еден блок сирење е поефтино од рендано сирење. Целите житарици, како кафеав ориз и овес, се исто поефтини по порција од повеќето преработени житарици. Помалку преработените производи често се продаваат во поголеми количини и од нив се добиваат повеќе порции по пакување.

Заклучок: Природните прозиводи се често поефтини од нивните преработени еквиваленти. Исто можете да ги купите и во поголеми количини.

7. Купувајте генерички брендови

Повеќето продавници нудат генерички брендови за скоро секој производ. Сите производители на храна треба да следат одредени стандарди за да обезбедат безбедна храна. Генеричките брендови може да имаат ист квалитет како и другите национални брендови, само се поефтини. Сепак, читајте ја листата на состојки за да бидете сигурни дека не купувате производ со помал квалитет отколку што сте навикнати.

Заклучок: Повеќето продавници нудат генерички брендови за многу производи. Тие често имаат ист квалитет како и поскапите национални брендови.

8. Престанете да купувате брза храна

Исфрлете дел од брзата храна од вашата исхрана. Ќе се изненадите кога ќе видите колку всушност плаќате за сокови, крекери, колачи, спакувани оброци и преработени производи. Покрај фактот што нудат многу малку хранливи материи и се спакувани со нездрави состојки, исто се и многу скапи. Со избегнување на преработените и нездрави производи, можете да потрошите поголем дел од вашиот буџет на високо квалитетни здрави производи.

Заклучок: Престанете да купувате брза храна од продавница. Скапа е и спакувана е со нездрави состојки. Исто нуди многу малку или воопшто никакви хранливи материи.

9. Купувајте на распродажба

Ако имате омилени производи или некои основни производи што често ги користите, треба да купите повеќе од нив кога се на распродажба. Ако сте сигурни дека е нешто што сигурно ќе го употребите, можете да купите повеќе и ќе заштедите пари. Само бидете сигурни дека ќе трае одредено време и дека нема да му истече рокот на траење во меѓувреме. Во никој случај нема да заштедите ако купите нешто што подоцна ќе го фрлите.

Заклучок: Купувајте повеќе основни продукти и омилени производи кога се на распродажба. Само бидете сигурни дека нема да се расипат во меѓувреме.

10. Купувајте поефтини парчиња месо

Свежото месо и рибата може да бидат доста скапи. Сепак, можете да добиете многу парчиња месо што може да чинат далеку помалку. Тие се одлични за во бурито, супи, чорби и пропржени јадења. Исто може да биде од помош и да купите големо ефтино парче месо што ќе можете да го искористите за различни оброци во текот на неделата.

Заклучок: Поефтините парчиња месо се одлични за во супи, чорби и бурито. Тие типови на рецепти обично даваат големи оброци и многу остатоци.

11. Заменете го месото со други протеини

Јадењето помалку месо може да биде добар начин да заштедите пари. Обидете се еден или два дена неделно да користите други извори на протеини, како мешункасти плодови, семе од коноп, јајца и конзервирана риба. Сите тие се ефтини, хранливи и лесни за подготовка. Повеќето од нив исто имаат и долг рок на траење и затоа е помала веројатноста брзо да се расипат.

Заклучок: Обидете се да го замените месото еднаш или два пати неделно со грав, мешункасти плодови, јајца или конзервирана риба. Тоа се ефтини и хранливи извори на протеини.

12. Купувајте производи што се во сезона

Локалното производство што е во сезона обично е поефтино. Исто обично достигнува врв и со хранливите материи и со вкусот. Производството што не е во сезона често е транспортирано од некој дел на светот до вашата продавница, што не е добро ни за околината, ни за вашиот буџет. Исто така, купувајте производи на кило, доколку можете. Тоа е обично поефтино отколку купување на парче. Ако купите повеќе отколку што ви е потребно, можете да го замрзните остатокот или да го вклучите во планот за оброци за следната недела.

Заклучок: Производството што е во сезона е обично поефтино и похранливо. Ако купите премногу, замрзнете го остатокот или вклучете го во планот за идните оброци.

13. Купувајте замрзнато овошје и зеленчук

Свежото овошје, бобинки и зеленчук се обично во сезона само неколку месеци годишно, а понекогаш се прилично скапи. Брзо замрзнатото производство е обично исто толку хранливо. Поефтино е, достапно во текот на целата година и обично се продава во големи пакувања. Замрзнатото производство е одлично за користење при готвење, за правење смути или како додаток на овесни снегулки или јогурт. Исто така имате предност да издвоите само толку колку што ви треба да употребите. Остатокот безбедно ќе биде зачуван од расипување во замрзнувачот. Намалувањето на исфрлена храна е одличен начин за заштеда на пари.

Заклучок: Замрнатото овошје, бобинки и зеленчук се обично исто толку хранливи како и нивните свежи еквиваленти. Достапни се во текот на целата година и често се продаваат во големи пакувања.

14. Купувајте на пакет

Купувањето на некои типови на храна на пакет може да ви заштеди многу пари. Зрнестата храна, како кафеав ориз, просо, јачмен и овес се достапни на пакет. Тие исто траат долго време, доколку ги чувате во херметички садови. Тоа важи и за гравот, леќата, некои јаткасти плодови и сувото овошје. Сите тие се основни производи кои се релативно ефтини и може да се користат во различни здрави оброци.

Заклучок: Многу производи се достапни на пакет за многу пониска цена. Траат долго време во херметички садови и може да се користат за различни здрави ефтини јадења.

15. Одгледувајте ваши сопствени производи

Доколку можете, одлична идеја е да одгледувате ваши сопствени производи. Семињата се многу ефтини да ги купите. Со малку време и труд, ќе можете да одгледувате ваши сопствени билки, никулци, домати, кромид и многу други вкусни култури. Постојаната снабденост дома ќе ви заштеди пари во продавница. Домашното производство може исто и да е многу повкусно од сортите купени од продавница. Исто ви е загарантирано дека е набрано во врвот на зрееењто.

Заклучок: Со малку време и труд, лесно е да одгледате ваши сопствени производи, како билки, никулци, домати и кромид.

16. Спакувајте си ручек

Јадењето надвор е многу скапо, особено доколку го практкувате редовно. Пакувањето ручек, ужинки, пијалоци и други оброци е поефтино и многу поздраво од јадењето надвор. Ако сте се навикнале на готвење големи оброци дома (погледнете го советот 4), постојано ќе имате ручек што можете да го понесете со вас без никаков дополнителен труд или трошок. Потребно е планирање, но треба да ви заштеди многу пари на крајот од месецот.

Заклучок: Пакувањето на ручек ги намалува трошоците за јадење надвор. Долгорочно тоа може да ви заштеди многу пари.

17. Користете ги мудро купоните

Купоните се одличен начин да заштедите пари. Но, бидете сигурни дека ги користите мудро. Повеќето купони се за нездрави, преработени производи. Издвојте ги добрите зделки и купувајте залихи од производи за чистење, здрава храна и основни производи што сигурно ќе ги употребите. Со намалување на трошоците за производите што ви се потребни во домот, можете да потрошите повеќе од вашиот буџет на здрава храна.

Заклучок: Купоните може да бидат одличен избор за купување залихи на производи за чистење и здрава храна. Само избегнувајте ги тие што вклучуваат преработени и нездрави производи.

18. Ценете ги поефтините производи

Постојат многу производи кои се и ефтини и здрави. Со одредени прилагодувања и користење на состојки на кои обично може не сте навикнати да ги користите, можете да подготвите многу вкусни и ефтини оброци. Обидете се да ја зголемите употребата на јајца, грав, семиња, замрзнато овошје и зеленчук, поефтини парчиња месо и цели житарици. Сите тие се вкусни, ефтини (особено на пакет) и многу хранливи.

Заклучок: Инкорпорирањето на ефтина, а сепак здрава храна во вашата секојдневна рутина ќе ви помогне да заштедите пари и добро да се храните.

Пренесете ја пораката

Не мора да ограбите банка за добро да се храните. Всушност, постојат многу начини да се храните здраво дури и на помал буџет. Тоа исто вклучува и планирање на вашите оброци, готвење дома и правење мудар избор во продавница. Исто имајте на ум дека брзата храна ќе ве чини двојно. Лошото здравје доаѓа заедно со медицински трошоци, лекови и дури и намалена способност. Дури и ако здравата исхрана беше поскапа (што не мора да биде), тогаш сепак вреди на крајот. Навистина не можете да ставите цена на доброто здравје.

Ада Бјарнадотир, лиценциран нутриционист