Кои 8 нешта ви натрупуваат килограми без да знаете?

#1: За да изгубите телесна тежина морате да ја елиминирате фруктозата од вашата исхрана

Сте се измачиле вежбајќи. Но, и покрај тоа што се држите до новиот план, откривате дека килограмите не се намалуваат. Се прашувате себе: „Зошто?“ Важно е да разберете и да знаете дека иако вежбањето е важно и е од суштинско значење за губење на телесна тежина, на што сум голем обожавател, храната што ќе изберете да ја јадете е три пати поважна во контролирањето на вашата телесна тежина отколку вашето вежбање.

Многу е лесно да се саботирате самите себе со слатка храна и пијалоци за вежбање. Особено пијалоци што содржат пченкарен сируп со висока содржина на фруктоза (ХФЦС).

Тие пијалоци вклучуваат „вода со витамини“, енергетски пијалоци и слични типови на пијалоци за опоравување. Треба да ги избегнувате тие пијалоци и да ги игнорирате ефикаснитe маркетингшки кажуваат дека ви се потребни бидејќи сте вежбале.

Во нашата култура постои мит дека било какво вежбање троши витални хранливи материи од вашето тело што морате да ги надополните пред вежбањето, за време на вежбањето и по вежбањето. Сепак шансите говорат дека не вежбате доволно долго за да го исцрпите телото од било што!

А, консумираниот шеќер непосредно пред или за време на вежбањето ќе доведе само до покачување на шеќерот во крвта и нивото на инсулин, што најверојатно нема да резултира со зголемена хидратација туку со намалување на спортските перформанси. И не само тоа, шеќерот или пченкарниот сируп со висока содржина на фруктоза консумиран после вежбањето целосно ќе го исклучи создавањето на човечкиот хормон за раст во вашето тело (HGH-human growth hormone)!

Вистината е дека не ви се потребни спортски пијалоци освен доколку не сте сериозно дехидрирани и изгубите повеќе од литар вода преку потење за време од 30-45 минути.

Повеќето луѓе не вежбаат толку долго со продолжен интензитет и исто не губат ни приближно литар вода преку потење! Затоа кога се работи за хидратација поврзана со вежбањето и спортските перформанси, што препорачувам? Чиста вода. Ако имате тежок тренинг можете да го надополните со литар вода со четвртина лажичка хималајска сол и една лажичка сода бикарбона во водата. Тоа и повеќе од доволно ќе ги надополни сите електролити што можете да ги изгубите за време на умерено вежбање.

Билетот за оптимални спортски перформанси и опоравување е јадењето природни, биодинамични и органски производи. Затоа следниот пат кога ќе ви треба брза ужинка пред или после вежбањето, заборавете на енергетските барови и спортските пијалоци и посегнете по овие корисни извори на јаглехидрати и протеини:

  • Било каков зеленчук (со исклучок на моркови и цвекло, кои се богати со шеќер), особено темни зелени листести типови на зеленчук како спанаќ, кељ и блитва
  • Органски пилиња одгледани на пасишта и јајца добиени од кокошки одгледани на пасишта
  • Посно црвено месо добиено од животни хранети со трева
  • Овошје со мала содржина на фруктоза како кајсии, диња, лимони, зелени лимони, сливи и малини
  • Протеин од сурутка
  • Сирови јаткасти плодови и семки

#2 Морате да ги планирате вашите оброци

Проблемот е што доколку не успеете да ги испланирате вашите оброци, тогаш во основа јадете според вашите емоции или било што што ќе се најде пред вас во времето кога треба да јадете. И во двата случаи се работи за додадени калории, лош избор на хранливи материи и натрупување на масти околу вашата половина.

Ви препорачувам да следите некои општи принципи кога ги планирате вашите оброци, но главната порака кога се работи за хранливите материи е да размислувате самостојно, независно од различните расположенија за тоа што сакате да консумирате во текот на следната недела, со цел да ја задржите вашата порција без непотребни додатни калории. Тоа значи купување однапред со одредени оброци на ум и ставање на вашите идни оброци на лист хартија, како и држење до вашиот план за оброци.

Најверојатно сте откриле дека е многу потешко нештата да се практикуваат отколку теоретски да се знаат. Има причина за тоа. Производителите на преработена храна трошат многу пари, милијарди и милијарди денари годишно, за да ве убедат дека нивната храна ќе ве задоволи емоционално. Преработените производи не се одговорот. Преработените производи се дел од проблемот поради кој се зголемува вашата половина. Запомнете ја оваа вистина како дел од милијардерската маркетинг индустрија додека се обидувате да превземете контрола врз вашето здравје.

#3 Избегнувајте ги сите газирани сокови, особено диеталните газирани сокови

Газираните сокови, според мене, се едни од примарните закани по здравјето. Знаете дека само една лименка Кока Кола содржи 10 лажички шеќер?! Тоа е 100 % од препорачаниот дневен внес (што е двојно повеќе од мојата препорачана дневна вредност за почеток).

По 20 минути откако ќе го испиете тој сок, шеќерот во вашата крв скокнува многу високо, а вашиот црн дроб реагира на инсулинксата екплозија со претворање на големи количини на шеќер во масти. Докажан факт е дека шеќерот го зголемува вашето ниво на инсулин, што води не само до зголемување на телесната тежина туку исто и до покачување и на крвниот притисок, покачување на холестеролот, срцеви заболувања, дијабетес, предвремено стареење и многу други негативни несакани ефекти. Шеќерот е многу лош за вашето здравје на толку многу начини.

Но, диеталните газирани сокови се уште полоши! Милијарди денари потрошени на рекламирање ви кажуваат дека диеталните сокови ви го даваат целото задоволство од слатките пијалоци без калории. Но, дали маркетингот е предобар за да биде вистинит? Дали производителите на диеталните газирани сокови всушност ве лажат? Со еден збор, да. Всушност излегува дека е вистина токму спротивното. Пиењето диетални газирани сокови е всушност поврзано со зголемување на телесната тежина. Најновите истражувања покажуваат дека вашиот мозок може да направи разлика меѓу вистински и вештачки шеќер, а не само што вештачките шеќери се помалку задоволувачки за вашиот мозок на клеточно ниво, туку исто и ја зголемуваат вашата желба за вистинското нешто. Затоа мора да ги избегнувате вештачките засладувачи, особено диеталните газирани сокови, ако не сакате да копнеете за шеќер.

Желбата за шеќер е еден од најсигурните начини да додадете калории во вашата исхрана. Затоа избегнувајте диетални газирани сокови ако сакате да ја држите под контрола вашата телесна тежина.

#4 Бидете сигурни дека јадете органски зеленчук во изобилство

Еден од најдобрите начини да го подобрите вашето здравје е да бидете сигурни дека јадете свеж, минимално обработен, зеленчук со висок квалитет, идеално локално одгледан и органски, во изобилство, а најголемиот дел од него консумиран сиров.

Еден едноставен начин како да го зголемите внесот на зеленчук е да правите цедени сокови од различен зеленчук. Цедените сокови од органски зеленчук се нешто што силно го препорачувам на секој што работи на враќање или подобрување на своето здравје. Цврсто сум убеден дека цедените сокови се еден од клучните фактори што ви даваат блескав, енергичен живот и вистински оптимално здравје. Едноставно не знам за ниедна друга нутриционистичка интервенција што има поголемо влијание врз здравјето од јадењето свеж органски зеленчук и/или пиењето цедени сокови од свеж органски зеленчук.

А, за сметка на секој зеленчук што ќе го ставите во вашата чинија, ќе имате помалку место за сите тие други едноставни јаглехидрати што може да ја зголемат вашата половина.

Без разлика дали го грицкате сиров или го пиете како сок, некои типови на зеленчук содржат повеќе хранливи материи што го изградуваат телото од други.

#5 Еднаш или два пати неделно правете спринт 8 вежби

На вашето тело му се потребни три типа на мускулни влакна: бавни, брзи и супер брзи мускулни влакна. Голем проблем со конвенционалното вежбање е неговата неможност да ги вклучи брзите и супер-брзите мускулни влакна. Конвенционалното вежбање ги вклучува само бавните мускулни влакна во вашето тело, што е и ваш посакуван начин на мускулно активирање.

За да се добијат драстични резултати кога се работи за вежбање, едноставно треба да ги активирате и вашите брзи и супер-брзи мускулни влакна. Најдобриот начин да го направите тоа е преку нешто наречено спринт 8 вежби. Вежбањето во стилот на спринт 8 дава многу придобивки, а најголемата е што природно го зголемува создавањето на човечкиот хормон за раст (HGH-human growth hormoneкој игра значајна улога во процесот на стареење.

Друга придобивка е времето што ќе ви го заштеди. Наместо да правите 1 час кардио вежби, ќе завршите за 20-тина минути. Вистинските спринтови траат вкупно само 4 минути!

Имајте на ум дека треба да правите спринт 8 вежби еднаш до два пати неделно, повремено три пати. Ако ги правите почесто, всушност можете да направите повеќе штета од добро. Фил Кемпбел се согласува и исто и предупредува од претерувањето.

Се наоѓа дека кога луѓето вежбаат повеќе од четири пати неделно, тогаш едноставно не се трудат доволно. Клучот за изведувањето на спринт 8 вежбите е правилно да се зголеми отчукувањето на срцето до вашиот анаеробен праг. Продолжете со максимален напор 20 до 30 секунди, а потоа одморете се 90 секунди. Повторете го овој циклус вкупно осум повторувања.

#6 Избегнувајте пиење овошни сокови

Овошните сокови се веројатно најбараниот пијалок од децата од сите возрасти, не поради тоа ја гасат жедта, туку поради тоа што се вкусни. А, овошните сокови испаѓа дека не се едни од најдобрите нешта што можете да ги внесете во вашето тело, особено за децата. Веќе можам да ги слушнам сите овоштарџии како врескаат дека не сум во право и дека има невообичаени ситуации во кои ова не е точно. За некој со нормална телесна тежина и без инсулин резистентност може да не биде голем проблем, особено доколку умерено пиете свежо цедени органски сокови. Сепак, јасно е дека тоа е многу мал дел од населението.

Пиењето овошни сокови е сосема малку различно од пиењето газирани сокови. И двата типа на сокови носат голема доза на шеќер во вашето тело, неврзани со било каков природен механизам на бавно ослободување.

Затоа кога мислите на овошен сок, треба да помислите на газиран сок. До сега со сигурност треба да сте свесни за опаностите од пченкарниот сируп со висока содржина на фруктоза, но ве молам разберете дека едноставниот шеќер екстрахиран од овошјето има речиси идентични несакани ефекти и негативни ефекти врз вашата биохемија.

Тоа значи дека овошните сокови ќе предизивкаат огромен скок на вашето ниво на инсулин. Ова е важно бидејќи покаченото ниво на инсулин е една од основните причини за висок крвен притисок, висок холестерол, дијабетес и зголемување на телесната тежина. Можеби затоа пиењето овошни сокови се поврзува со зголемен ризик од дијабетес, додека самата фруктоза е покажано дека го зголемува вашето ниво на триглицериди. Во едно претходно истражување, консумирањето на фруктоза го покачува нивото на триглицеридите за 32 проценти кај мажите. Четириесет години истражување потврдуваат дека покаченото ниво на триглицериди во крвта, познато како хипертриглицеридемија, ве става на зголемен ризик од срцеви заболувања. Ж

Затоа кога се работи за овошни сокови, ако имате прекумерна телесна тежина, моја препорака е целосно да ги избегнувате и да го ограничите вашиот внес на овошје на бобинки.

#7 Јадење надвор од вашиот дом

Има причина зошто храната од вашиот омилен ресторан често е многу повкусна од вашите домашни оброци: многу пати е преплавена со екстра калории во форма на шеќери, хидрогенизирани масти и вештачки засилувачи на вкусот како мононатриум глутамат.

А, бидејќи повеќето ресторани го купуваат најголемиот дел од нивната храна однапред и често се потпираат на замрзната, претходно исечена и претходно подготвена храна, шансите се многу големи вашиот оброк во ресторан да е едноставно преработена храна, а во однос на хранливите материи далеку инфериорен во однос на било што свежо и органско што можете да го направите дома.

А, освен доколку вашиот омилен ресторан не рекламира органски зеленчук и месо добиено од животни одгледани на пасишта, шансите се исто многу големи дека јадете конвенционално одгледан зеленчук и наменски одгледани животни во затворени фарми, кои биле преплавени со пестициди и антибиотици соодветно. Ниту пак е добро за одржување на оптимално здравје.

Не предлагам никогаш да не јадете надвор од вашиот дом, го разбирам притисокот и социјалната важност на повременото јадење надвор. Мој предлог е само да го одржувате јадењето надвор на минимум и да се обидете почесто да одите во ресторани посветени на купување на органски производи и служење миминимално преработени оброци. Друга многу реална причина за јадење надвор е искушението да се нарача десерт со безопасен изглед кој е сè освен безопасен кога се работи за калориите што ви ги дава.

#8 Избегнувајте прекумерно консумирање на алкохол

Алкохолот се претвора во вашето тело во прост шеќер, а излегува дека метаболичкиот пат кој го претвора алкохолот во неговите прости соединенија на шеќер е истиот пат што вашето тело го користи за го претвори пченкарниот сируп со висока содржина на фруктоза во неговите составни делови. Со еден збор, всушност внесувате масти. И двете сустанци се претвораат во вашиот црн дроб во масти.

Затоа било какви придобивки и да имате од внимавањето на вашата исхрана, повеќе или помалку веднаш ќе бидат избришани од една ноќ на прекумерно пиење. Не препорачувам консумација на алкохол воопшто бидејќи е невротоксин чии недостатоци далеку ги надминуваат придобивките што може да се најдат во чаша црвено вино (една од најздравите опции кога се работи за консумирање на алкохол).

Но, повторно, алкохолот е еднаков на телесни масти. (Освен доколку не сте дел од малкуте луѓе кои имаат супер создавање на алкохол дехидрогенази (АДХ), ензими кои го разложуваат алокохот во вашето тело. Најверојатно не сте дел од таа мала група на луѓе.)

Неколку мисли за крај како да избегнете натрупување на непотребни килограми

Ако ја читате оваа статија, веројатно имате неколку непотребни килограми кои не сакате да ги носите насекаде со вас секој ден. Тука сум за да ви кажам дека не само што е можно да ги изгубите вишокот килограми со малку разумно планирање, туку исто е и можно да ги задржите изгубени со следење на неколку разумни упатства наведени погоре.

Секое купување што ќе го направите е глас за типот на храна што тие производители ќе продолжат да го произведуваат.

Заклучокот е многу едноставен. Размислете многу внимателно што јадете за вие и вашите семејства да можат да ја превземат контролата врз своето здравје пред некој друг да ја ви ја земе контролата од вас.

Експерт по природно здравје д-р Меркола

photo_4.jpg