Браво, авокадо!

Ботаничко име: Persea Americana

Шпанските освојувачи имале свој историчар, Овиедо, кој дал позитивен извештај за авокада откриени во Мексико околу 1519 година. Но, ова интересно овошје се појавува во Централна и Јужна Америка пред околу 10 000 години, според цртежи инспирирани од авокадо и артефакти пронајдени во раните населби на Ацтеките.

Судија од Санта Барбара го однесол првото дрво авокадо во Калифорнија во 1871 година. Денес Калифорнија одгледува 90 % од вкупниот род на авокадо во САД во повеќе од 6 000 градини.

За да уживате во авокадо (исто наречено и „круша алигатор“), прво треба да биде подготвено. Вообичаен готвачки маневар: исечете го по долгата страна се до семето со голем нож. Одвртете ја горната половина како капак на тегла. Потоа цврсто допрете го сечилото од ножот на центарот на семето неколку пати додека не се залепи. Практиката доведува до совршенство. Завртете го ножот и опа – надвор е. Внимателно го добивате месото на авокадото без раскинување на лушпата и тогаш го вадите надвор со лажица.

Здравствени придобивки од авокадото

Кога станува збор за исхрана, авокадата се во своја класа поради невообичаениот голем број на придобивки што ги нудат – повеќе од 20, последно изброени.

Исполнето со влакна, едно авокадо содржи 36 % од дневните потреби на витамин К, 30 % фолна киселина и 20 % од дневните потреби на пантотенска киселина (витамин Б5, потребен да ги разложи јаглехидратите), витамин Б6, витамин Ц и калиум – два пати повеќе калиум отколку во бананата. Концентрациите на витамин Е, ниацин и рибофлафин заслужуваат чесно да бидат спомнати.

Кога се јаде со друга храна, вашето тело подобро ги апсорбира хранливите материи, како алфа- и бета-каротен и лутеин.

Авокадото е едно од неколкуте овошја што ќе ви обезбедат „добри“ масти. Тоа значи дека може да ви помогне да ги одржувате концентрациите на холестерол во здрав опсег и може да ви помогне да го намалите ризикот од срцеви заболувања.

Авокадото е едно од најдобрите овошја за вашето здравје.

Истражувања за авокадото

Лабаво опишано, липидите, нивните деривати и сродни супстанци се масни киселини. Научниците открија пред само 40-тина години дека не се само составни материи, туку дека изведуваат сложени клеточни процеси на молекуларно ниво, како пренос на пораки до хормоните, на пример.

Едно истражување беше спроведено да се види дали авокадата може имаат повеќе липиди отколку другите овошни и зеленчукови плодови, кои иако се богати со каротеноиди, се доведени во прашање за липидите, попречувајќи апсорпција на хранливи материи.

Истражувачите најдоа дека додавање авокадо во салата и салса (храна користена во истражувањето) може значајно да ја подобри способноста на вашето тело да ги користи придобивките од каротеноидите, што првично се должи на липидите во авокадото.

Жолто-зелената боја на авокадата поттикна друго истражување бидејќи бојата кај другата храна од растителна основа покажува каротеноидно и друго „биоактивно“ дејство, што укажува на можни својства за борба против ракот. Премисата беше дека монозаситените масти во авокадата може да му помогнат на вашето тело во апсорпцијата на важни биоактивни каротеноиди во комбинација со други овошни и зеленчукови плодови, а со тоа значајно да го намалат вашиот ризик за рак.

Друго истражување покажа дека липидите екстрахирани од авокадата може да се покажат како фото-заштитни против штетните ефекти од радијација, како оштетувања од сонцето, воспаленија и дури и рак на кожата, доколку се внесат пред изложувањето.

Здрав рецепт со авокадо: Крцкава зелена салата

Состојки:

  • 1 глава црвена или зелена марула
  • 1 цело авокадо, исецкано на парчиња
  • 1 чаша никулци од семе од сончоглед
  • 1 среден домат, ситно исецкан
  • 1 средна краставица
  • ¼ чаша печени ореви од бор

Прелив:

  • ¼ чаша маслиново масло
  • 1/8 чаша балсамик оцет
  • 1 чешне лук, истолчено
  • 1 лажичка сенф Дижон

Постапка:

  1. Подгответе ги листови марула и ставете ги во голем сад.
  2. Исечете го преостанатиот зеленчук и додадете го.
  3. Испечете ги оревите од бор во сува тава на средна температура 4-5 минути или додека не станат светло кафени.
  4. Измешајте ги заедно маслиновото масло и оцетот, додадете го истолчениот лук и сенфот, прелијте ги преку салата и можете веднаш да ја служите. Се добиваат 4 порции.

Интересни факти за авокадото

Бидејќи древните Ацтеки го сметале авокадото како овошје на плодноста, а Маите го користеле како афродизијак, низ 19-титот век јасно се провејувала стигма против ова овошје. Одгледувачите конечно започнале кампања за да ги убедат потрошувачите дека може да јадат авокадо без да се загрозуваат себе.

Заклучок

Не само за гвакамоле, исечените авокада додаваат мастна текстура и врвен вкус на сендвичи и салати. Но, здравствените придобивки од авокадото се ѕвездени, особено со содржината на липиди што му овозможува на вашето тело да апсорбира хранливи материи што инаку не би ги апсорбирало.

Авокадата се исто многу богати со есенцијални витамини и минерали, вклучувајќи влакна, витамин К, Б5, Б6 и Ц, фолна киселина и калиум.

Извори:

Апсорпцијата на каротеноиди од салата и салса кај човекот се зголемува со додавање на авокадо или масло од авокадо, август 2012

Инхибиција на растот на клетките на рак на простата со екстракт од авокадо: улогата на липосолубилните биоактивни супстанци, август 2012

Полихидроксилирани масни алкохоли добиени од авокадо го потиснуваат воспалителниот одговор и обезбедуваат заштита од оштетување на клетките предизвикано од УВ зраци без креми за заштита од сонце, август 2012