За што се добри бананите?

Ботаничко име: Musa acuminate colla

Постојат многу причини зошто бананите се едни од најпопуларните производи во светот. Нудат совршено голема порција, доаѓаат спакувани во нивната природна заштитна обвивка и се исклучително економични. Свежи и кремасти, бананите добро се мешаат со други овошја и се омилен предлог за ужинка.

Едни од најодгледуваните тропски овошја, бананите се тесно поврзани со плантаните, кои се подолги и потемни. Бананите со векови се користеле за смирување на иритиран желудник (вклучувајќи утринска мачнина), намалување на стресот, намалување на срцева болка, олеснување на запек, ублажување на симптоми на ПМС, лекување на брадавици и стимулирање на моќта на мозокот. Може сепак има нешто во таа медицинска употреба...

Здравствени придобивки од бананите

Бананите содржат многу добри нешта кои што промовираат здравје – флавоноиди и полифеноли како лутеин, зеаксантин, бета и алфа каротени, што делуваат како антиоксиданси голтајќи ги слободните радикали. Исто имаат и висока содржина на витамин Ц, најпознат по своите својства во борба против инфекциите.

Само една банана содржи 467 мг калиум, кој е важен за контролата на работата на срцето и крвниот притисок. Ова е интересно бидејќи истата количина на банана има еден милиграм натриум. Витаминот Б6 (пиридоксдин) во бананите обезбедува околу 28% од дневната вредност потребна да се превенира анемија и коронарна артериска болест.

Тоа е само еден дел. Влакната присутни во изобилство помагаат во регулација на вашиот дигестивен систем. Магнезиумот помага да се зајакнат вашите коски и го заштитува вашето срце. Манганот е потребен за се активира антиоксидантниот ензим. Една банана обезбедува соодветна количина на бакар потребна за да продолжи да се создаваат црвените крвни клетки.
Забелешка: Бананите можете да ги замрзнете, а доколку ги чувате во фиржидер, ќе станат црни.

Истражувања за бананите

Едно истражување покажа дека меѓу овошјето и зеленчукот поврзани со намалување на вашиот ризик од рак на бубрег, бананите се највисоко рангирани. Друго истражување покажа дека бананите, богати со витамин А и каротеноиди, имаат потенцијал да ве заштитат од хронични болести како дијабетес, кардиоваскуларни заболувања и други типови на рак. 2    

Уште повеќе позитивни докази за поединечните здравствени придобивки на бананата се појавија во едно истражување што покажува важна поврзаност меѓу храната што содржи високи нивоа на калиум, магнезиум, калциум и влакна – како бананите, на пример – и намалувањето на ризикот од мозочен удар кај мажите. 3

Здрави рецепти со банана: Мафини со банана

Состојки:

  • 1 ¼ чаша оризово брашно
  • ¼ лажичка сол
  • 1 ½ лажичка прашок за пециво
  • ¼ чаша ореви, печени и исецкани
  • 2 коцки незасолен путер, размекнат
  • 1/3 чаша мед
  • 1 ½ чаша пасирани банани
  • 2 јајца, изматени

Постапка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Распоредете ги оревите во еден слој на плех за печење и печете 10 минути. Извадете ги од рерната и оставете ги да се изладат. Исецкајте ги кога ќе бидат доволно изладени за да можете да работите со нив.
  2. Во сад со средна големина ставете го брашното, солта, прашокот за пециво и оревите.
  3. Во мал сад ставете го путерот и медот и добро измешајте додека не добиете кремаста конзистенција. Додадете ги бананите и изматените јајца.
  4. Додадете ја смесата од путерот и бананите на смесата од брашното и нежно мешајте. Со лажица сипете од добиената смеса во подмачкан сад за печење со форма на мафини.
  5. Печете 35 до 40 минути.

Интересни факти за бананите

Бананите најверојатно потекнуваат од Малезија, од каде биле пренесени во Индија од страна на раните истражувачи, каде за прв пат се среќаваат во будистички записи од шестиот век п.н.е. Александар Велики за прв пат пробал банана кога бил во Индија и се смета дека ја донел бананата во западниот свет.

Заклучок

Листата „зошто се толку здрави“ е долга – добро нешто е што банани се толку лесни за јадење! Калиум, витамини А, Ц и Б6 , влакна, флавоноиди и антиоксиданси – сè е тука, спакувано во лесно достапно, заштитено пакување.

Ова тропско овошје што практично беше непознато до пред еден век во Северна Америка, Европа и дури и во Кина, сега е се поприсутно во секојдневната исхрана. Дури можете и да ги исушите и да ги јадете посебно или како дел од енергетска мешавина.

Колку тенки и да ги исечете парчињата, бидете сигурни дека се добри и се добри за вас.

Сепак, јадете банани умерено бидејќи содржат фруктоза, што е штетна за вашето здравје ако ја консумирате во прекумерни количини.

Извори:

1 „Овошје, зеленчук и ризик од рак на бубрег: проспективно истражување на шведските жени“, август 2012

2 „Бананите богати со каротеноиди: потенцијален извор на храна за намалување на недостатокот на витамин А“, август 2012

3 „Внес на калиум, магнезиум, калциум и влакна и ризик од мозочен удар меѓу американските мажи“, август 2012