За што е добра зелката?

Ботаничко име: Brassica oleracea

Со потекло од зелката што диво растела во медитеранските региони пред илјадници години, листовите од денешните сорти имаат интересни разлики. Некои се широки и релјефни, додека други се мазни и во цврст сноп. Боите исто варираат, од бледо зелена, сино-зелена, црвена, црвено-виолетова до скоро бела. Сите сорти имаат кратки стебла, кои освен што може да имаат земја од градината на самиот крај, се подеднакво вкусни и хранливи како и лисјата.

Зелката е најдобро да се подготвува колку што е можно сирова – понекогаш се користи терминот нежно крцкава – за да се зачуваат многу хранливи материи што ги содржи.

Зелевата салата можеби е најпознатата подготовка на зелка, а исто е и почитувана насекаде низ светот заради неверојатниот вкус што го дава на многу видови топли супи.

Здравствени придобивки од зелката

Зелката има највисока количина на некои од најмоќните антиоксиданси присутни во крстоцветните зеленчуци – фитонутритиенти како тиоцијанати, лутеин, зеаксантин, изотиоцијанати и сулфурафан, што ги стимулира ензимите за детоксификација.

Едно истражување покажа дека тие соединенија заштитуваат од неколку типови на рак, вклучувајќи рак на дојка, рак на дебело црево и рак на простата. Исто помагаат во снижување на ЛДЛ (липопротеин со ниска густина) или „лош холестерол“ во крвта, што може да се натрупа во артериите и да предизвика срцева болест.

Богата со витамин К, зелката обезбедува 85 проценти од дневните потреби на телото. Ова е многу важно, не само за метаболизмот на коските, туку и за превенција на Алцхајмерова болест со ограничување на оштетувањето на невроните во мозокот.

Една порција зелка обезбедува 54 проценти од дневната вредност на витамин Ц – дури повеќе од портокалот – што може да помогне во собирање и отстранување на штетните провоспалителни слободни радикали и во заштитата од инфекции.

Зелката е исто одличен извор на влакна, витамин Б6, фолна киселина и манган, како и здрави количини на тиамин (витамин Б1), пиридоксин (витамин Б6) и пантотенска киселина (витамин Б5). Исто обезбедува железо, магнезиум, фосфор, калциум за силни коски и калиум за регулирање на работата на срцето и крвниот притисок.

Истражувања за зелката

Многубројни докази покажуваат дека зелката е извонреден лек за чир на желудникот, што се должи на високата содржина на фитонутритиенти. Посебно за еден – индол-3-карбинол – има истражување што докажува дека превенира и успорува раст на канцерозни клетки. 

Две лажички термички обработена зелка дневно докажано е дека заштитува од рак на желудник кај испитуваните субјекти и го забрзува метаболизмот на естрогенот со што помага во спречување на рак на дојка и инхибиција на раст на полип, претходник на рак на дебело црево.

Друг извештај покажува 66-процентно намалување на рак на дебело црево кај мажи кои јаделе зелка еднаш неделнo. 2

Соединенијата во зелката ги зајакнуваат мускулите на желудникот, што помага против напади на желудочни киселини, според друго истражување.

Домашен европски лек за чир на желудникот, поткрепен од научно истражување, покажува целосно излекување за 10 дена со пиење на само една чаша сок од зелка на ден. Истражувањето поткрепи и друго истражување направено во 1950-тите години, во кое еден литар сок од зелка на ден имал слично исцелувачко влијание.

Здрави рецепти со зелка: Индиска салата со зелка

Состојки:

  • 2 лажички кокосово масло
  • 1 лажичка семе од црн синап
  • 1 лажичка куркума
  • 4 чаши бела или црвена зелка, рендана
  • 1 лажичка сол

Постапка:

  1. Во тешка тава на средна температура загрејте го кокосовото масло.
  2. Додадете го семето од синап и куркумата, пропржете 1 минута.
  3. Додадете ја зелката; додадете сол, измешајте и пропржете уште 2 минути.
  4. Додадете неколку лажички вода, покријте и оставете ја зелката да се обари 2 минути.
  5. Извадете ја од изворот на топлина и послужете. Со овој рецепт се добиваат 4 порции.

Интересни факти за зелката

Зелка зачинета со оцет била главна храна на морнарите на долги патувања, не само за среќа за Нова година, туку заради многуте витамини, пробиотици и хранливи материи што ги обезбедува. Солена варена зелка исто била додавана на оризот што им се давал на работниците на Кинескиот ѕид, давајќи им сила и издржливост.

Заклучок

Достапни се докази во изобилство што покажуваат дека зелката има поголема медицинска вредност од било која друга природна храна. Помага да се излечи чир на желудник и може да помогне да се превенира рак. Ризикот од рак на дебелото црево, рак на простата и рак на дојката се минимизира со добри количини на зелка во исхраната. Всушност, некои истражувања покажуваат дека дигестијата на зелката може да биде поефикасен третман од било кој друг третман.

Исецкана во ладни салати за вкусен крцкав вкус, додадена на супи од зеленчук за задоволувачки вкус или дури и цедена, зелката е навистина супер храна.

Извори:

1 „Индол-3-карбинол“, август 2012

2 „Дали е зелката врвната антиканцерогена храна?“, август 2012