За што се добри морковите?

Ботаничко име: Daucus carota

Исклучително разновидни да се јадат и достапни скоро насекаде во светот, морковите се користат со векови. Историчарите веруваат дека морковите биле одгледувани од Древните Грци и Римјани.

Во денешната кујна морковите ќе ги најдете во сè, од здрави супи од зеленчук до салати. Исто може да се користат и за цедени сокови и да исечат во форма на стапчиња за сирова ужинка. Морковите може да бидат исечени во вид на кругови, во вид на стапчиња, рендани, пржени, во вид на пире и печени како чипс – а само што почнавте! Како правењето на сите различни јадења да не е доволно, па морковите исто имаат и неверојатно долга листа на здравствени придобивки.

Здравствени придобивки од морковите

Кога децата ќе ве прашаат дали е вистина дека морковите се добри за нивните очи, можете потврдно да им одговорите бидејќи морковите се богати со витамин А, хранлива материја од суштинско значење за добар вид.

Всушност, морковите се полни со бета каротени што последователно се претвораат во витамин А во вашиот црн дроб. Бидејќи бета каротените не можат да се произведат во телото, мора да се добијат од вашата исхрана.

Не е случајност што „каротен“ звучи како „карот“ („carrot“). Зборот потекнува од 19-тиот век од германски научник откако го кристализирал каротенското соеднинение од корени од моркови. Бета каротенот е еден од повеќе од 600 каротеноиди кои се пигменти што ја даваат бојата на жолчките од јајцата, доматите, овошјето, темно зелените листести зеленчуци и некои типови на морска храна.

Познати по заштитата од ултравиолетово зрачење, морковите се исто забележани заради нивната улога што ја играат во превенцијата на срцеви заболувања и мозочен удар, во превенцијата на инфекција кај исеченици и гребаници, во одржувањето на млада кожа и во чистењето на дебелото црево и исфрлањето на токсините.

Калциумот, фосфорот и магнезиумот во морковите помагаат во изградбата на силни коски и здрав нервен систем. Потрошувачката на калциум е од суштинско значење особено за здрав срцев мускул. Фосфорот е од суштинско значење за омекнување на кожата и зајакнување на забите, косата и коските, додека на магнезиумот можеме да му бидеме благодарни за неговата улога во менталниот развој, дигестијата на мастите и апсорпцијата на хранливите материи. Морковите исто нудат и бројни придобивки заради содржината на калиум, витамин Ц и Б6, бакар, фолна киселина, тиамин и магнезиум.

Истражувања за морковите

Истражување од 2011 година1 наоѓа цврсти докази дека биоактивните хемикалии во екстракт од сок од моркови може да играат важна улога во третманот на одредени типови на рак, вклучувајќи и леукемија, што се должи на бета каротенот и полиацетиленските антиоксиданси што се наоѓаат во зеленчукот. Истражувањето наоѓа дека кога се третираат миелоидните и лимфоидните клеточни линии се инхибира растот на клетките што предизвикуваат рак. Морковите исто конкретно се спомнуваат во листа на храна одговорна за намалување на ризикот од рак на мочниот меур во едно истражување од Медицинскиот центар во Сан Диего.2

Додека повеќето од нас знаат дека сировите зеленчуци имаат највисока хранлива вредност, на изненадување, последните истражувања откриваат дека готвењето помага да се зголемат здравствените придобивки од морковите.

Истражување направено на Универзитетот на Арканзас се фокусира на антиоксидантната активност на сировите моркови во споредба со готвените моркови.3 Резултатот е дека готвените моркови не само што ја задржуваат својата хранлива вредност, туку всушност содржат повеќе здравствени својства отколку кога се јадат сирови. За период од четири недели откриено е дека фенолната киселина и содржината на бета каротен драматично се зголемува кога морковите се изложуваат на топлина.

Истражувањето исто покажува дека антиоксидантната активност продолжува да се зголемува кај морковите во вид на пире дури и по неколку недели чување во фрижидер. Иако содржината на антиоксиданси опаѓа после тој период на време, не паѓа до содржината на антиоксиданси во сировите моркови.

Тоа е голема здравствена придобивка бидејќи антиоксидансите се познати чистачи од слободни радикали во вашето тело, што за возврат може да помогне да се превенираат хронични болести како рак, Алцхајмерова болест, синдром на нервозно дебело црево и многу други здравствени проблеми.

Здрави рецепти со моркови: Летна ладна кремаста супа од морков

Состојки:

  • 3 големи органски домати, исецкани
  • 2 лажички зелен кромид, исецкан
  • мал грст свеж босилек, исецкан
  • месо од 1 авокадо
  • сок од половина лимон
  • 1 ½ чаша свеж сок од моркови
  • 1/3 лажичка ким

Постапка:

  1. Ставете ги првите 4 состојки во процесор за храна во серии, ако е потребно додадете го и сокот од морков, кимот и сокот од лимон.
  2. Сè добро нека се измеша додека не омекне. Тоа е сè! Послужете и уживајте!

Интересни факти за морковите

Дивите моркови често се среќаваат во полињата и покрај патиштата, само што обично се познати под друго име: чипката на Кралицата Ана. Извлечете го коренот на див морков и ќе најдете долго влакнесто испакнување. Скршете го и ќе откриете дека го има уникатниот мирис на морков.

Заклучок

Морковите имаат повисока содржина на бета каротен од било кое друго овошје или зеленчук. Зошто е тоа важно? Не само што бета каротенот им ја дава на морковите нивната карактеристична портокалова боја туку, уште поважно, се претвора во вашето тело во витамин А. Познати по здравствените придобивки за вашето тело, вклучувајќи инхибиција на клеточен раст на рак, морковите ја имаат таа разлика позната кај многу други производи одгледани во градина – хранливи се и вкусни.

Извори:

1 Биоактивни хемикалии од екстракт од сок од моркови (Daucus carota) во третман на леукемија, јуни 2012

2 Принципи базирани врз докази на рак на мочен меур и исхрана, јуни 2012

3 Гответе ги вашите моркови за повеќе антиоксиданси, истражувачи од Универзитетот на Арканзас, јуни 2012