Зошто е лукот извонредно здрав?

Ботаничко име: Allium sativum

Почитуван во Египет по своите лековити својства и ценет во италијанската, азиската и индиската кујна, лукот е наречен „смрдлива роза“ со добра причина. Тесно поврзан со кромидот, лукот е луковиден корен со неоспорливо јак мирис. Се спомнува во историски документи што датираат од пред 5 000 години, пред неговата слава нашироко да продре низ остатокот од светот.

Лукот се бори против 160 болести, вклучувајќи го и ракот

Истражувања ги покажуваат ефектите на лукот кај повеќе од 160 различни болести. Општо, неговите придобивки спаѓаат во четири категории:

  1. Намалување на воспаление (го намалува ризикот од остеоартритис и други заболувања поврзани со воспаление)
  2. Зголемување на функцијата на имунолошкиот систем (антибактериски, антигабични, антивирусни и антипаразитарни својства)
  3. Подобрување на кардиоваскуларното здравје и циркулацијата (штити од згрутчување, го забавува формирањето на плаки, ги подобрува мастите и го намалува крвниот притисок)
  4. Токсичен за 14 видови на клетки зафатени од рак (вклучувајќи рак на мозок, бели дробови, дојка, желудник и панкреас)

Истражувања за лукот

Иако лукот долго е признат како здрава храна од поборниците и на природната и на конвенционалната медицина, едно истражување ги истакнува неговите својства во борбата против ракот и во превенцијата против неколку типови на рак вклучувајќи рак на дебело црево, желудник, бели дробови и колоректален рак, а можеби и рак на дојка. garlic-content.jpgДруго истражување ја документира употребата на свежиот лук, лук во прав и масло од лук во целиот свет со векови, за заштита од бактериски, вирусни, паразитарни инфекции, за да се зајакне имунолошкиот систем, да се сопре раст на тумор и за ослободување на клетките од слободни радикали со неговите антиоксидантни способности.

Истражувања покажуваат врска меѓу лукот и отстранувањето на тешки метали од телото, како олово, жива, кадмиум и арсен. Едно истражување покажува значајно намалување на содржината на олово како резултат на одредени концентрации на екстракт од лук во црниот дроб, бубрезите, мозокот и коските, што укажува дека лукот може да се користи за да се хелираат или отстранат опасните концентрации на олово од телото.

За секојдневните придобивки од лукот, едно истражување објавува дека лукот е подобар заштитник на срцето кога се јаде сиров и свежо мелен, отколку термички обработен или преработен на друг начин.

Лукот докажано е корисен бидејќи нуди уникатен сет на соединенија што содржат сулфур, а што имаат антивоспалителни и антиоксидативни својства, што го прават идеален за кардиоваскуларна поддршка, особено против хронични дегенеративни кардиоваскуларни состојби како атеросклероза.

Антиоксиданси, витамини и минерали за протеински еликсир за здравје

Лукот ви обезбедува одлични количини на магнезиум – 23 проценти од дневната вредност – содржејќи есенцијални ензими и антиоксиданси што изведуваат секакви функции во телото, вклучувајќи здраво формирање на коски и сврзно ткиво, метаболизам на коски, апсорпција на калциум и соодветна тироидна функција, колку да спомнеме неколку. Лукот исто содржи 17 проценти од дневната вредност на витамин Б6 и 15 проценти од дневната вредност на витамин Ц, како и добри количини на калциум, фосфор и селен.

Другите соединенија што го промовираат здравјето вклучуваат олигосахариди, протеини богати со аргинин, селен и флавоноиди. Медицинскиот центар на Универизтетот во Мериленд ги сумира некои од неговите употреби што најмногу ветуваат:

„...лукот се користи за да помогне во превенција на срцеви заболувања, вклучувајќи атеросклероза или стврднување на артериите (натрупување на плаки во артериите што може да го блокира протокот на крв и може да доведе до срцев надап или мозочен удар), висок холестерол, висок крвен притисок и да се зајакне имунолошкиот систем. Редовното јадење лук може исто да помогне и во заштитата од рак.

Лукот е богат со антиоксиданси. Во вашето тело, како што стареете се натрупуваат штетни честички наречени слободни радикали што може да придонесат за срцеви заболувања, рак и Алцхајмерова болест. Антиоксидансите како тие што се наоѓаат во лукот се борат со слободните радикали и може да ги намалат и дури и да помогнат да се спречи дел од штетата предизвикана со текот на времето.“

Како да изберете лук и како да го чувате

Можете да купите сушен лук, лук во прав или намаз од лук, но ако навистина сакате да го доживеете вкусот и хранливите придобивки од оваа билка, ваш прв избор е свеж лук – лесно е достапен на пазарот преку целата година.

Барајте топчести главици со здрава лушпа, а не меки, збрчкани, влажни или главици со никулци. Секој знак на распаѓање може значително да влијае на вкусот и текстурата на билката.

Друг тест за квалитет: нежно притиснете ја главицата меѓу вашите прсти. Ако е цврста и не е влажна, тогаш избирате лук со добар квалитет.

Свежиот лук најдобро се чува во отворен или лабаво затворен сад, на ладно и темно место, подалеку од топлина и сончева светлина. Тоа помага да се спречи 'ртењето.

Нема потреба да се чува во фрижидер. Некои луѓе замрзнуваат излупен лук, но бидете предупредени дека тоа ќе го намали неговиот вкус и ќе предизвика негативни промени во неговата текстура.

Се додека се чуваат правилно, цели главици лук може да останат свежи до еден месец. Трикот е редовно да се проверуваат и да се отстрануваат чешнињата што се суви или влажни. Запомнете дека кршењето на главата на лукот исто го намалува неговиот живот на полица на само неколку дена.

Извори:

Луковиден зеленчук и органосулфурни соедниненија: дали помагаат во превенцијата на рак?, август 2012

Антимикробното дејство на лукот (Allium sativum), август 2012

Дејството на екстракт од лук (Allium sativum L.) врз вредностите на олово во ткивата кај стаорци, август 2012

Статија „Свежо мелениот лук е супериорен кардиопротективен агенс во однос на преработениот лук“, август 2012