Флуорот ви го оштетува мозокот

Ако сè уште верувате во митот дека флуорот е добар за вашите и забите на вашите деца, размислете повторно. Постојат голем број на научни истражувања што го потврдуваат спротивното - дека флуорот е токсин кој е крајно штетен за вашето тело, мозок, па дури и за забите.

Една од најактивните области на истражување денес е способноста на флуорот да го оштети вашиот мозок. Неодамнешни испитувања за здравјето на човекот во Кина ги потврдувааат резултатите од претходните тестови врз животни, дека зголемената изложеност на флуор води до намален коефициент на интелигенција кај деца.

d-r-Dim-2.jpgКогнитивната способност на вашето дете дополнително се намалува ако е дефицитарно на јод.

Пред тие испитувања, повеќе од 30 испитувања врз животни правени од 1992 година регистрирале нарушување во учењето и мемориските процеси кај животни третирани со флуор.

Дури и кај случаи со ниски нивоа од 1ppm (дел од милион), испитувањата покажуваат директни токсични ефекти врз мозочното ткиво, вклучувајќи:

  • намалување на содржината на липиди
  • оштетен антиоксидантен одбранбен систем
  • зголемена апсорпција на алуминиум
  • оштетување на хипокампус
  • оштетување на Пуркиниеви клетки
  • формирање на бета-амилоидни плаки (класична мозочна абнормалност кај Алцхајмеровата болест)
  • акумулација на флуор во пинеална жлезда (епифиза)

Има толку многу научни истражувања што ги докажуваат директните токсични ефекти на флуорот во вашето тело и е навистина извонредно што сè уште не е постигнат научен консензус до сега. Восхитувачки е фактот што медицинските (и стоматолошките) заедници се толку тврдоглаво отпорни на поврзувањето на точките кога се работи за огромниот раст на когнитивни нарушувања кај возрасните (Алцхајмерова болест и разни деменции) и проблеми во однесувањето кај децата (Синдром на дефицит на внимание и хиперактивност, депресија и други когнитивни нарушувања).

Флуорираната вода за пиење за дентално здравје е измама од масовни пропорции.

Наградуваниот новинар, Кристофер Брисон, детално објаснува во својата книга „Флуор измамата“ како флуорирањето на водата во САД започна во средината на 1940-тите како решение за загадувањето со флуор, под покровителство на програмата за атомска енергија и алуминската индустрија.

Започнувајќи со едноставната вистина дека природна форма на флуорот е дел од составот на вашите заби (органски калциум фосфат), ширење пропаганда за да се убедат сите дека пиењето токсични хемиски соединенија на флуорот – отпадните материи од индустриите кои доведуваат до загадување со флуор, како и користењето флуор во пастите за заби - ќе биде добро за забите на децата. Тоа е чиста генијалност!

Започнаа со зрно вистина и завршија со лага со големина на Сахара.

Наместо да ризикуваат зголемување на тужби од земјоделците чии посеви и добиток умирале од изложеност на токсичниот воздух што го носел ветерот или да се трошат огромни суми на пари за безбедно да се ослободат од тие хемикалии, беа во можност да ги продадат своите отпадни материи како производ за „здравје“! Неверојатно!

А, прикривањето продолжува и до овој ден.

Дали знаете дека дури и кога научниците ја испитуваат токсичноста на флуорот кај луѓето, испитуваат фармацевтски чист флуор (истиот материјал се користи во антидепресиви), но всушност не соединенијата на флуорот што се користат за флуорирање на вода - што се дури и повеќе токсични од отпадните материи произведени од индустријата за вештачко ѓубриво?

Всушност, нивните веќе штетни резултати, може да бидат далеку поголеми отколку што се смета во моментов. Веќе е доволно лошо, со оглед на тоа што основниот натриум флуорид (кој е далеку поедноставен отров од соединенијата на флуорот што се користат за флуорирање на водата), исто така, се користи како:

  • Отров за стаорци и лебарки
  • Анестетици
  • Хипнотици
  • Воен нервен гас (сарин)

Како можете да ги зачувате вашите заби здрави без употреба на флуор? Како прво, флуорот никогаш не бил одговорот, затоа не грижете се мислејќи дека со елиминирање на овој токсин ќе ги уништите забите на вашето дете (или своите).

Наместо тоа, за природно здрави заби погледнете во вашата исхрана. Всушност, повеќето луѓе чија исхрана вклучува многу малку шеќер и малку преработена храна имаат многу низок степен на кариес. Ограничување или елиминирање на шеќерот и избегнување на преработена храна - заедно со редовно чистење со вашиот стоматолог - ќе осигура вашите заби да останат здрави природно.

Исто така, можете да се заштитите себе само со користење на паста за заби без флуор во составот и да не примате флуор третмани кај вашиот стоматолог. Одредени цементи, пломби и врзувачки материјали, исто така, содржат флуор, затоа разговарајте со вашиот стоматолог за други опции без флуор во такви случаи.

Дефинитивно не треба да им давате на вашите деца дополнителни флуор суплементи, кои некои стоматолози ги препишуваат во нефлуорирани области.

За жал, отстранување на флуорот од водата за пиење е далеку потежок подвиг. Додека некои други хемикалии додадени во водата за пиење ќе испарат, флуорот не е еден од нив. Ниту готвењето, преработката на храната, обичната филтрација или пак варењето на храната нема да го отстрани флуорот.

Единствениот познат начин да се отстрани флуорот од водата е со користење на филтер за обратна осмоза. Исто така, треба да запомните да ја филтриртеа не само водата за пиење, туку и водата што ја користите за миење на зеленчук, правење коцки мраз и за готвење.

Како додаток на вашата кујна, можеби ќе сакате да размислите да додадете филтри и во вашиот туш бидејќи, исто така, ќе апсорбирате контаминации преку вашата кожа кога се туширате или бањате.

Експерт по природно здравје д-р Меркола

photo_4.jpg

Извори:

Перспективи за заштита на животната средина, 20-ти јули 2012

Национален совет за истражување на флуорот во водата за пиење: Научен преглед на ЕПА стандардите, 2006

„Акција флуор“ мрежа

Недела Виламет, 17-ти април 2013

„Акција флуор“ мрежа, наоди од Националниот совет за истражување, 2006

Податоци од Националниот центар за здравствени статистики, бр. 53, ноември 2010

Перспективи за заштита на животната средина, октомври 2012; 120(10): 1362-1368