За што е добар спанаќот?

Ботаничко име: Spiancea oleracea

Со години беше нејасно именуван како „шпански зеленчук“во Англија, за подоцна негвото име да биде скратено и овој зелен листест зеленчук да го добие името што го користиме денес. Се смета дека потекнува од древна Персија. Потоа одгледувањето на спанаќот се проширува во Непал, а до седмиот век и во Кина каде сè уште се нарекува „персиски зеленчук“.
Маврите го носат во Шпанија околу 11-тиот век.

Ниеден зеленчук не се стекнал со таква слава како спанаќот во 1960-тите години преку цртаниот лик Попај морнарот. Често залудно, родителите ги охрабруваат децата да јадат спанаќ за да пораснат големи и силни.

Всушност има вистина во тоа...

Здравствени придобивки од спанаќот

Ниска содржина на масти и уште пониска содржина на холестерол, богат со ниацин и цинк, како и протеини, влакна, витамини А, Ц, Е и К, тиамин, витамин Б6, фолна киселина, калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум, бакар и манган.

Со други зборови, преполн е со добри нешта за секој дел од вашето тело!

Изобилството на флавоноиди во спанаќот делуваат како антиоксиданти спречувајќи оксидација на холестеролот и заштитувајќи го вашето тело од слободни радикали, особено дебелото црево. Фолната киселина во спанаќот е добра за здравјето на вашиот кардиоваскуларен систем, а магнезиумот помага во снижување на висок крвен притисок. Истражувања покажувале дека спанаќот помага во одржување на вашата енергична функција на мозокот, меморијата и менталната јасност.

Со цел да се задржи богатата содржина на железо за време на готвењето, додадете малку сок од лимон или оцет.

Истражувања за спанаќот

Заради потенцијално високата инциденца на загаденост со ДДТ (дихлор-дифенил-трихлоретан), купувајте само органски варијанти од овој зеленчук, колку што е можно.

Како позната причина за рак, вродени дефекти и нарушувања во репродуктивниот систем, ДДТ иако е забранет во САД од 1972 година, продолжува да се произведува и извезува во земјите во развој, најчесто за борба против маларија добиена од комарците. Сè уште нашироко се користи на култури увезени во САД, заради што се регистрирани значителни количини на ДДТ. Што е уште полошо, може да остане во почвата со години. Всушност, пронајдено е дека спанаќот одгледан во САД, испрскан со ДДТ пред 1972 година, содржи траги од ДДТ.

Здрави рецепти со спанаќ: Кремаст спанаќ

Состојки:

  • ¾ чаша сирово полномасно млеко
  • ¼ чаша вода
  • 2 средни чешниња лук, толчени
  • 1 лажичка путер
  • 1 кг спанаќ, обарен - или 1 кг блитва, обарена, исцедена
  • ¼ чаша изрендано пармезан сирење
  • ¼ лажичка морско оревче
  • хималајска сол и свежо мелен бибер

Постапка:

  1. Во тенџере со средна големина ставете го млекото, водата и лукот. Бавно загревајте додека не стане жешко и почне да испарува. Оставете да отстои мешавината покриена 5 до 10 минути. Тоа ќе овозможи да омекне лукот.
  2. Стопете го путерот во друго тенџере на средна температура.
  3. Додадете ја мешавината од вода, млеко и лук, добро измешајте, а потоа додадете го спанаќот или блитвата и повторно добро измешајте. Гответе додека не добиете дебела и пенеста конзистенција, а спанаќот е мек, но сè уште зелен, околу 6 минути.
  4. Додадете го сирењето и зачинете со морско оревче, сол и бибер. Веднаш послужете.

Интересни факти за спанаќот

Знаејќи дека подобро напредува во поладна отколку во потопла клима, арапските земјоделци исклучително успешно го одгледувале спанаќот во сувата медитеранска клима со употреба на софистициран систем за наводнување, уште во осмиот век.

Заклучок

Со малку калории, но изобилство на хранливи материи, спанаќот е еден од листестите зеленчуци што се повеќе преовладува во салатите. Неговата флексибилност го прави лесно употреблив во цедени сокови, лесен за подготовка на гарнири и често додаден во супи или во пржени зеленчуци. Најдобро од сè, оваа зелена супер храна се одликува со многу здравствени атрибути што е тешко да се набројат сите!

Извори:

1 „Изеди го спанаќот“ Шеф Бој Ари, ewg.org, јуни 2012