За што е добра куркумата?

Ботаничко име: Curcuma longa

Куркумата припаѓа во фамилијата на ѓумбирот, се користи во Источна Индија и Средниот Исток илјадници години и сега е еден од најпознатите високо ценети зачини во светот. Древната медицинска употреба на куркумата започнала кога била забележана како антивоспалителен агенс, а потоа за лекување на широк спектар на состојби, како жолтица, менструални проблеми, крв во урина, крварење, забоболка, модринки, болка во градите, подуеност и колика.

Здравствени придобивки од куркумата

Основните хранливи аспекти на 30 грама куркума вклучуваат 26 % од дневните вредности на манган и 16 % од дневните вредности на железо. Исто е и одличен извор на влакна, витамин Б6, калиум и здрави количина на витамин Ц и магнезиум. Иако најверојатно никој не би проголтал 30 грама куркума со еден оброк (што би било потполно безбедно), една лажичка, како поразумна порција, обезбедува одлични фитонутритиенти. Всушност, куркумата е ефикасна дури и во многу мали количини, употребена како зачин за една порција.

Здравствените придобивки од куркумата вклучуваат подобрена способност за дигестија на мастите, намалена надуеност и гасови, намалена конгестија и подобрување на некои состојби на кожата како егзема, псоријаза и акни.

Куркумата се користи како моќен антивоспалителен агенс во кинеската и индиската медицина со милениуми.

Куркуминот, основниот фармаколошки агенс во овој зачин, содржи докажани ефекти во таа област што може да се споредуваат со антивоспалителните лекови за кои не е потребен рецепт, како и со некои лекови што се препишуваат на рецепт. Но, куркуминот не дава токсични ефекти како некои синтетички лекови.

Другите забележани здравствени придобивки од куркумата вклучуваат ослободување од болка во зглобовите, како ревматоиден артритис, намалување на оток на зглобовите и поголен опсег на движење, кога се користи редовно.

Едно истражување исто укажува дека куркумата може да помогне во терапија на воспалителни болести на цревата, намалување на концентрацијата на холестерол, заштита на срцето, олеснување на варењето на храната, подобрување на функцијата на црниот дроб и дури и превенција на Алцхајмерова болест.

На листата на можни придобивки се наоѓаат и превенција на рак и инхибиција на раст на канцерозни клетки – особено рак на дојка, дебело црево, простата и бели дробови, како и леукемија кај деца.

Истражувања за куркумата

Едно истражување истакнува дека куркуминот, главната компонента на зачинот куркума, има неколку терапевтски ефекти, од кои едно е инхибиција на пролиферација на канцерозни клетки.

Исто се тестирани и екстракти од куркума и утврдено е дека имаат својства што ја подобруваат кожата. Во едно истражување, екстракти од куркума се употребувани врз кожа оштетена од ултравиолетово зрачење, во текот на шест недели. Научниците утврдиле подобрување на хидратацијата на кожата и содржината на себум, како и можности слични креми да може да се користат во идни фотопротективни формулации.

Во друго истражување пронајдено е дека етанолски екстракт од куркума и куркумин маст доведуваат до значајно намалување на болката кај пациенти со надворешни канцерозни лезии.

Здрав рецепт со куркума: Ориз со индиски ореви, суво грозје и куркума

Состојки:

  • 2 лажички кокосово масло
  • 1 ½ чаша ориз
  • 2 чаши кокосово млеко
  • 2 чаши супа од зеленчук
  • 4 лажички куркума во прав
  • 3 лажички ким
  • 3 лажички коријандер
  • 1 прстофат мелен црвен пипер
  • 1 лажичка сол
  • 1 ловоров лист
  • ½ чаша суво грозје
  • ¾ чаша индиски ореви (половинки)

Постапка:

Загрејте го маслото во голема тава на средна температура. Додадете го оризот и оставете го да се готви 2 минути. Додадете ги и измешајте ги останатите состојки и доведете ја смесата до вриење. Потоа намалете ја топлината на најниска температура и покријте ја цврсто тавата, промешувајќи еднаш за да се спречи лепење. Нека се готви додека да омекне оризот – околу 20 минути.

Заклучок

За да добиете најмногу од тоа што го нуди куркумата, користете ја во сите јадења што моментално ги готвите; куркумата може да додаде специфичен вкус на пире јадења како пире од компири или карфиол, пржен кромид, брокули, моркови или пиперки. Може да се користи како основа за сосови, крем сосови од зеленчук и салата од јајца.

Бидете сигурни дека избирате органски куркума зачин, а не кари зачин што има незначителна количина на било што здраво.

Извори:

Куркуминот индуцира апоптоза на тројно-негативните клетки на ракот на дојка со инхибиција на ЕГФР експресија, октомври 2012

Влијанието на локални везикуларни формулации од екстракт од Curcuma longa врз оштетена кожа од ултравиолето зрачење.

Куркума и куркумин како локални агенси во терапија на рак, октомври 2012