Што ви се случува кога консумирате премногу шеќер?

Го додавате во вашето утринско кафе или чај. Го печете во пецива, торти и колачи. Дури и го посипувате насекаде врз вашите житарици или овесни снегулки за појадок за да додадете „вкус“.

Но, тоа не е сè. Исто така, скриен е во некои сакани мали „задоволства“ што луѓето ги консумираат секојдневно, како газирани пијалоци, овошни сокови, бонбони и сладолед. Исто демне во скоро целата преработена храна, вклучувајќи леб, месо, дури и вашите омилени мирудии како Вустершир сос и кечап.

sekerbaner2.jpgНe е ништо друго, туку шеќер. Повеќето луѓе гледаат на слатката храна како на вкусно, исполнувачко и неодоливо задоволство. Но, верувам дека има три зборови што можат попрецизно да го опишат шеќерот: токсичен, зависен и смртоносен.

Шеќерот, според мое мислење, е една од најштетните супстанци што може да ги внесете – а застрашувачкото во врска со него е тоа што е толку изобилно присутен во нашата секојдневна диета. Оваа интензивна зависност од шеќер станува неконтролирана, не само меѓу возрасните, туку исто и кај децата.

Но, како точно делува шеќерот во нашето тело и кои се несаканите ефекти од јадењето премногу шеќер врз здравјето на луѓето?

Зошто прекумерниот шеќер е штетен за вашето здравје?

Денес просечен Американец консумира околу 32 лажички шеќер на ден. Новите бројки беа објавени во февруари 2015 година. „Вашингтон Пост“ објави статија за тоа користејќи грама (4 гр.=1 лажичка). Го цитираа истражувањето на Еуромонитор, што кажува дека Американците сега консумираат 126 гр., што е еднакво на близу 32 лажички.

Увид во истражувањето на Еуромонитор чинеше 1200 $; а „Вашингтон Пост“ го објави истражувањето бесплатно. Дефинитивно е алармантно, земајќи во предвид дека просечниот Англичанец за време на 1700-тите години консумирал само 4 фунти годишно (1кг.=2,2 фунти) – и тоа најверојатно од здрави природни извори како овошје, а не од преработената храна што ја гледате во супермаркетите денес.

Што е уште повознемирувачко, луѓето консумираат прекумерно шеќер во форма на фруктоза или пченкарен сируп со висока содржина на фруктоза (ХФЦС). Оваа високо преработена форма на шеќер е поефтина, а 20% послатка од обичниот бел шеќер, поради што многу производители на храна и пијалоци одлучиле да го користат во нивните производи за да заштедат пари.

ХФЦС се наоѓа во скоро целата преработена храна и пијалоци денес.

Лошата вест е што човечкото тело не е направено да консумира прекумерни количини на шеќер, особено не во форма на фруктоза. Всушност, вашето тело ја метаболизира фруктозата поинаку од шеќерот. Таа е всушност хепатотоксин и се метаболизира директно во масти – фактори што може да предизвикаат цела низа на проблеми што може да имаат далекусежни ефекти врз вашето здравје.

Ефекти од консумирањето премногу шеќер

Д-р Роберт Ластиг, професор на Клиничка педијатрија во Одделението за ендокринологија на Универзитетот во Калифорнија и пионер во декодирањето на метаболизмот на шеќерот, кажува дека вашето тело безбедно може да метаболизира 6 лажички додаден шеќер на ден. Но, бидејќи повеќето Американци консумираат 3 пати поголема количина од таа, најголемиот дел од прекумерниот шеќер се метаболизира во телесни масти – што води до сите ослабувачки хронични метаболни заболувања со кои се борат многу луѓе.

Ова се некои од ефектите врз вашето здравје од консумирањето премногу шеќер:

  • Го преоптоварува и оштетува вашиот црн дроб. Ефектите од премногу шеќер или фруктоза може да бидат поврзани со ефектите од алкохолот. Целата фруктоза што ја јадете патува до единствениот орган кој има транспортер за неа: вашиот црн дроб. Тоа сериозно го преоптоварува органот, водејќи до потенцијално оштетување на црниот дроб.
  • Го мами вашето тело да ја зголеми телесна тежина и влијае во сигнализацијата на инсулинот и лептинот. Фруктозата го мами вашиот метаболизам со исклучување на системот за контрола на апетитот. Не успева да го стимулира инсулинот, кој потоа последователно не успева да го потисне грелинот или „хормонот за глад“, кој потоа не успева да го стимулира лептинот или „хормонот за ситост“. Ова доведува да јадете повеќе и да се развие инсулин резистентност.
  • Предизвикува метаболна дисфункција. Јадењето премногу шеќер предизвикува група симптоми познати како класичен метаболичен синдром. Тие вклучуваат: зголемување на телесната тежина, абдоминална дебелина, намален ХДЛ и зголемен ЛДЛ, покачено ниво на шеќер во крвта, покачени триглицериди и висок крвен притисок.
  • Го зголемува нивото на урична киселина. Високо ниво на урична киселина е ризик фактор за срцеви и бубрежни заболувања. Всушност, поврзаноста меѓу фруктозата, метаболичкиот синдром и уричната киселина сега е толку јасна што нивото на вашата урична киселина може да се користи како маркер за фруктозна токсичност.

Според најновото истражување, најбезбедното ниво на урична киселина е од 3 до 5,5 милиграми на децилитар. Ако вашето ниво на урична киселина е повисоко од ова, тогаш е јасно дека имате ризик од негативните здравствени ефекти на фруктозата.

Шеќерот го зголемува вашиот ризик од болест

Еден од најтешките ефекти од јадењето премногу шеќер е неговиот потенцијал да го оштетува црниот дроб, водејќи до состојба позната како неалкохолно масно заболување на црниот дроб (НАФЛД).

Да, истото заболување што може да го добиете од прекумерно внесување алкохол може, исто така, да биде предизвикано од прекумерен внес на шеќер (фруктоза). sekermagnezium1.jpgД-р Ластиг ги објасни трите сличности меѓу алкохолот и фруктозата.

  • Вашиот црн дроб го метаболизира алкохолот на истиот начин како и шеќерот, бидејќи и двата служат како супстрати за претворање на јаглехидратите во масти. Ова доведува до инсулин резистентност, масен црн дроб и дислипидемија (абнормално ниво на масти во крвта).
  • Фруктозата влегува во Maillard-ови реакции со протеини. Овапредизвикува да се формираат супероксидни слободни радикали што резултира со воспаление – состојба што, исто така, може да биде предизвикана од ацеталдехид, метаболен продукт на етанолот.
  • Фруктозата може директно и индиректно да го стимулира „хедонистичкиот пат“ во мозокот, создавајќи навика или зависност, на ист начин како што го прави тоа и етанолот.

Но, ако мислите дека тоа е единствениот начин на кој јадењето премногу шеќер го оштетува вашето тело, многу грешите. Истражувања од некои од најценетите американски институции сега потврдуваат дека шеќерот е примарен диететски фактор што предизвикува дебелина и развој на хронични болести.

Едно истражување покажа дека фруктозата лесно се користи од канцерозните клетки за да ја зголемат нивната пролиферација – ги „храни“ канцерозните клетки, потпомага делба на клетките и го забрзува нивниот раст, што му овозможува на ракот побрзо да се шири.

Алцхајмерова болест е друго смртно заболување што може да се појави од прекумерна консумација на шеќер. Повеќе истражувања најдоа моќна врска меѓу исхрана богата со фруктоза и ризик за развој на Алцхајмерова болест, по истиот пат како што го предизвикува тоа и дијабетес тип 2. Според некои експерти, Алцхајмерова болест и некои други мозочни нарушувања може да бидат предизвикани од постојано согорување на глукоза како гориво за вашиот мозок.

Други болести што се поврзани со метаболичен синдром и што може потенцијално да се појават поради консумација на премногу шеќер се:

  • Дијабетес тип 2
  • Хипертензија
  • Проблеми со мастите
  • Срцеви заболувања
  • Полицистичен оваријален синдром
  • Деменција

Како да се справите и/или да ја ограничите вашата консумација на шеќер

Шеќерот, во својата природна форма, не е природно штетен, се додека се консумира умерено. Тоа значи избегнување на сите извори на фруктоза, особено преработена храна и пијалоци како газираните пијалоци. Според SugarScience.org 74% од преработената храна содржи додаден шеќер тивко скриен под повеќе од 60 различни имиња. Идеално, треба да трошите 90% од вашиот буџет на природна храна и само 10% или помалку на преработена храна.

Исто така, ве советувам сериозно да ја ограничите вашата консумација на рафинирани јаглехидрати (вафли, пецива итн.) и житарици бидејќи тие се разложуваат на шеќер во вашето тело, што го зголемува нивото на инсулин и предизвикува инсулин резистентност.

Како општа препорака, ве советувам да ја одржувате вкупната консумација на фруктоза на под 25 гр. дневно, вклучувајќи ја и таа од природно овошје. Имајте на ум дека иако овошјето е богато со хранливи материи и антиоксиданти, исто така, природно содржи и фруктоза и доколку се консумира во големи количини може всушност да ја влоши вашата осетливост на инсулин и да го покачи нивото на урична киселина.

Запомнете дека вештачките засладувачи како аспартам и сукралоза се не-не бидејќи доаѓаат со цел нов сет на здравствени проблеми што се многу полоши од тие што можат да ви ги донесат шеќерот или пченкарниот сируп.

Следат некои дополнителни диететски совете што треба да ги запомните:

  • Зголемете ја вашата консумација на здрави масти, како омега-3, заситени и монозаситени масти. На вашето тело му требаат здрави масти од животински и растителни извори за оптимално функционирање. Всушност, новите докази предложуваат дека здравите масти треба да се застапени со 70% во вашата диета. Некои од најдобрите извори вклучуваат органски путер од сирово млеко, (незагреано) ладно цедено маслиново масло, кокосово масло, сирови ореви, јајца, авокадо и див Алјаска лосос.
  • Пијте чиста вода. Едноставно со заменување на сите засладени пијалоци, како газирани пијалоци и овошни сокови, со чиста вода може на долг пат да го подобрите вашето здравје. Најдобриот начин да ја измерите вашата потреба за вода е да ја набљудувате бојата на вашата урина (треба да биде бледо жолта) и фрекфенцијата на вашите посети во тоалет (идеално е околу седум до осум пати на ден).
  • Додадете ферментирана храна во вашите оброци. Добрите бактерии во таа храна можат да го подобрат вашето варење на храната и да обезбедат детоксификациона подршка, што помага да го олесни фруктозниот товар на вашиот црн дроб. Некои од најдобрите избори вклучуваат кимчи, нато, органски јогурт и кефир направени од млеко добиено од животни што пасат трева и ферментиран зеленчук.

Како да се ослободите од вашата желба за шеќер?

Искушението да јадете слатка храна секогаш ќе биде тука, особено со изобилството на преработена храна и брза хана насекаде. Како и да е, повеќето желби за шеќер доаѓаат од емоционални предизвици. Ако тоа предизвикува желба за шеќер кај вас, најдоброто решение што можам да ви го препорачам е Техника на емоционална слобода (ЕФТ). Оваа психолошка акупунктурна техника е едноставна и ефективна стратегија што ќе ви помогне да ги контролирате вашите емоционални желби за храна.

Ако чувствувате дека вашите емоции и/или вашата сопствена слика за себе е тоа што ве тера да продолжите да консумирате храна преплавена со шеќер и други нездрави задоволства, ви препорачувам да ја пробате оваа корисна техника. Молитвата, медитацијата, вежбањето и јогата се, исто така, ефективни алатки што може да ги пробате да ве чуваат од вашите желби за шеќер.

Експерт по природно здравје д-р Меркола

photo_4.jpg

Извори: 

Национална географија (National Geographic), август 2013

Списание на Американската асоцијација за исхрана, септември 2010, волумен 110, издание 9, стр. 1307-1321

Истражувања за ракот, 1-ви август 2010, 70; 6368

sugarscience.org 61 име за шеќер