Што му се случува на вашето тело кога пушите цигари?

Позадина на пушењето цигари

За пушењето се кажува дека стимулира пријатни емоции и емоции на уживање, а пушачите тврдат дека го подобрува расположението, ублажува блага депресија и мали изливи на гнев, ја подобрува концентрацијата и краткотрајната меморија и исто може да ви пружи скромно чувство на благосостојба. Тоа е така бидејќи цигарите содржат супстанца што предизвикува зависност – никотин, што го стимулира допаминот во мозокот, што е одговорен за „пријатни чувства“.

Сепак, колку повеќе пушите, толку повеќе вашите нервни клетки стануваат имуни на задоволството што го дава пушењето. Како резултат на тоа, пушачите имаат тенденција кон зголемување на нивниот внес на никотин за да го добијат тоа посакувано чувство од пушењето.

И покрај „задоволството“ што човек го добива од пушењето цигара, запомнете го ова: пушењето доаѓа со катастрофални последици по здравјето. 

Ако мислите дека пушењето електронски цигари е различно, не е. Истражувачите всушност наоѓаат дека бренд на електронска цигара содржи над 10 пати повеќе карциногени отколку обичната цигара. Формалдехид и ацеталдехид, и двата штетни токсини, исто се наоѓаат во пареата произведена од неколку типови на електронски цигари.

Запомнете дека иако пушењето ве прави да се чувствувате добро за одреден период на време, бавно го убива вашето тело и е водечка причина за смрт во САД што може да се превенира.

 Кои се несаканите ефекти од пушењето цигари?

Пушењето му штети на вашето тело и може да предизвика трајно оштетување на вашето здравје. 

Краткотрајни ефекти

Пушачите покажуваат тенденција да имаат облека што лошо мириса, лош здив и жолти или кафени дамки на забите. Вашиот физички изглед исто може да страда бидејќи пушењето предвремено може да доведе до појава на брчки, губење на потпорниот апарат на забите и на забите и ненадејна промена на телесната тежина. Чир на желудникот и ослабување на имунолошкиот систем се исто несакани ефекти што може да ги добиете од пушењето.

Според едно ново австралиско истражување, женските пушачи може да имаат полоши менструални грчеви за разлика од непушачите. Многу е веројатно тоа да се случи бидејќи количината на кислород што патува до матката се намалува кога пушите.

Долгорочни ефекти

Многу луѓе не ги чувствуваат сериозните несакани ефекти од пушењето додека не поминат неколку години. Кога еднаш ќе ги почувствувате симптомите, знаете дека штетата е веќе направена. Некои штетни несакани ефекти од пушењето цигари вклучуваат:

  • Кардиоваскуларни здравствени проблеми. Пушењето претставува голема опасност за вашето срце и крвните садови. Ја оштетува структурата на вашето срце и начинот на кој работат вашите крвни садови. Пушењето го зголемува вашиот ризик да добиете срцева болест за два до четири пати бидејќи предизвикува крвните садови во вашето срце да станат помалку еластични и да растат потенки. Го забрзува чукањето на вашето срце, го покачува вашиот крвен притисок и предизвикува крвта да се згрутчува. Кога тромб ќе го блокира крвниот проток до вашето срце, не може да добие доволно кислород, што оштетува еден дел од мускулот на вашето срце или дури и го убива.
  • Луѓето што пушат имаат поголем ризик од атеросклероза, болест каде што плаки се натрупуваат во артериите. Со тек на време предизвикува вашите артерии да станат помалку еластични и потесни што ќе го ограничи протокот на крв богата со кислород до другите делови од вашето тело. Пушењето исто може да доведе до коронарна срцева болест (КСБ) кога плаките ќе се натрупаат во коронарните артерии. Може да доведе до болка во градите, срцев удар, срцева слабост, аритмии и смрт. Друг несакан ефект од пушењето цигари е периферна артериска болест (ПАБ), што се јавува кога плаките се натрупуваат во крвните садови што носат крв до главата, органите и екстремитетите.
  • Зголемен ризик од мозочен удар. Пушачите имаат два до четири пати поголем ризик да добијат мозочен удар од непушачите. Тоа се случува кога тромб ја блокира крвта од вашиот мозок или кога се раскинува артерија во или околу вашиот мозок.
  • Проблеми со дишењето. Нашите бели дробови располагаат со слој на слуз од внатрешната страна како штит од туѓите честички што ги вдишуваме преку збришување на тие загадувачи со малите влакненца наречени трепки. Но, кај пушачите трепките не функционираат нормално бидејќи тие мали влакненца работат многу побавно. Како резултат на тоа не можете да се накашлате, да кивнете или да голтнете за да ги исфрлите тие токсини надвор од вашето тело.
  • Пушењето може да предизвика или да влоши астматичен напад. Исто може да предизвика хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), што вклучува емфизем и хроничен бронхитис. Кај емфиземот, воздушните вреќички во вашите бели дробови на крајот ќе ја изгубат својата еластичност и состојбата ќе почне да се влошува. Хроничен бронхитис се јавува кога има отекување на облогата на вашите бели дробови и го ограничува вашето дишење.
  • Компликации во бременоста. Бремените жени кои пушат имаат поголем ризик од предвремено породување, абортус или раѓање на мртво дете. Може да имаат синдром на ненадејна смрт кај новороденче  (SIDS-Sudden Infant Death Syndrome), ектопична бременост и орофацијални расцепи кај новороденчињата. Жените исто имаат голема тенденција да имаат послаби коски после менопауза.
  • Нарушувања во функцијата на репродуктивното здравје. Мажите што пушат може да се судрат со еректилна дисфункција, слаб квалитет на спермата и дефекти на спермата. Кај жените пушењето може да предизвика намалена плодност.
  • Рак. Цигарите содржат преку 7 000 хемикалии, од кои некои може да предизвикаат рак. Тие вклучуваат формалдехид, бензен, полониум 210 и винил хлорид. Што е уште полошо, пушењето може да предизвика рзлични типови на рак било каде во вашето тело, не само во вашите бели дробови, како рак на крвта (акутна миелоидна леукемија), на грлото на матката, на дебелото црево и ректумот (колоректален), на хранопроводот, на бубрезите и уретрите, на ларинкс, на црн дроб, на орофаринкс, на панкреас, на желудник, на дишник, бронхии и бели дрбови.

Радиоактивните хемикалии што се наоаѓаат во ѓубривата водат до рак на белите дробови

Знаевте дека вашето тело исто и акумулира штетни радиоактивни хемикалии од цигарите? Тие штетни елементи доаѓаат од пестицидите што се користат во полињата со тутун.

Иако е точно дека пушењето цигари може да предизвика рак, постои поспецифична супстанца што е главната причина за рак кај пушачите. Во полињата со тутун обично се користат калциум фосфат ѓубрива што содржат полониум 210. Кога полониум 210 се распаѓа, ослободува алфа честички што може да ги оштетат клетките на човекот со кои доаѓаат во контакт.

Едно истражување сугерира дека главното оштетување на белите дробови потекнува од зрачењето што го емитуваат тие ѓубрива. Исто покажува дека полониумот конкретно предизвикува рак кај лабораториски животни.

Понатаму, според едно истражување од 2009 година, зрачењето што го добивате од пушењето на 1 ½ кутија цигари е еднакво на 300 рентген снимки на градите годишно.

Во извештајот од 2011 година од истражувањето за никотинот и тутунот исто се открива дека постојат интерни документи во кои се наведува дека тутунската индустрија ја препознава опасноста што ја носат тие радиоактивни хемикалии. Според тие документи, миењето со киселина е ефикано решение за отстранување на полониумот 210 од листовите на тутунот, но индустријата избегнува да го користи бидејќи го намалува ефектот на задоволство од никотинот кај пушачите.

Тутунската индустрија сигурно нема да биде мотиватор број еден за да ве спречи да не пушите, дури и ако знаат дека тоа може да ве води кон вашата смрт. Сега е ваша одлука да ја отфрлите вашата навика на пушење засекогаш и да изберете здрав начин на живот што може да ви го продолжи животот.

Што се случува кога пушач ќе престане да пуши

Процесот на откажување бара одлучност и трпение бидејќи ќе влијае врз вас и физички и ментално, затоа бидете подготвени за периодот на повлекување. Но, не помалку важно, ќе имате огромна корист на многу начини дури и само по неколку минути откако ќе се откажете од пушењето.

Совети како да се откажете од пушењето

Луѓето кои се зависници од пушење цигари долго време сè уште имаат надеж дека ќе свртат нова страна во нивниот живот. Ви препорачувам да ги практикувате овие превентивни техники што ќе ви помогнат да се откажете од пушењето:

  • Изберете ден за откажување. Изберете ден што не е стресен за вас за да можете да се подготвите. Може да биде вашиот роденден, некој јубилеј или дури и првиот ден од месецот.
  • Не се откажувајте сами. Ако му кажете на некој за вашата одлука да се откажете може да ви даде огромна поддршка кога ќе се чувствувате сами во вашата битка да се откажете.
  • Бидете паметни. Водењето дневник може да ви помогне да ги следите ситуациите што ви помагаат или ви одмагаат во вашите обиди да се откажете од пушењето, па така ќе можете да утврдите како да се справите со нив без да посегнете по цигара.
  • Идентификувајте ги вашите тригер фактори. Направете листа на сите нешта што сте ги правеле што вклучуваат пушење. Пред вашиот ден за откажување, подгответе се себе како ќе се справите со тие нешта.
  • Променете што, каде, кога и како пушите. Менувањето на навиките – времето и местата каде вообичаено пушите – може да ви помогне во вашиот обид да се откажете.
  • Пролетно чистење. Исперете и исфрлете сè што ве потсетува на пушење.
  • Побарајте поддршка. Добро е ако можете да добиете помош од групи на поранешни пушачи или клиника што им помага на тие кои сакаат да се откажат од пушењето.
  • После денот за откажување. Треба да го прилагодите вашето однесување за да идентификувате што ве предизвикува да пушите.
  • Ако сакате да го направите, направете го! Посветеноста е клучот за да се биде успешен во вашиот обид за откажување. Сигурно ќе биде тешко, но вреди.

Откажувањето од пушењето може да биде тешко, но ви советувам да го направите колку што можете порано, сега. Навистина верувам дека вашиот здрав начин на живот што не вклучува пушење не само што е корисен за вас, туку е исто корисен и за вашето семејство.

Експерт по природно здравје д-р Меркола

photo_4.jpg

Извори:

Центри за контрола и превенција на болети, Пушење и употреба на тутун

„Њу Јорк Тајмс“ (NY Times), 26-ти февруари 2013

Центри за контрола и превенција на болети, Ефекти врз здравјето од пушењето цигари

Центар за истражување на злоупотреба на супстанци, Тутун

Државен институт за срце, бели дробови и крв, Како пушењето влијае врз срцето и крвните садови

Американско здружение за срце, Како цигарите го оштетуваат вашето тело

„Лотонс Драгс“ (Lawtons Drugs)синџир на аптеки, Долгорочни ефекти од пушењето

Центри за контрола и превенција на болети, Хемикалии во чадот од цигарите

аcsa.net, Радиоактивниот полониум во храната и водата

аcsa.net, Радиоактивниот полониум што се наоѓа во тутунот

аcsa.net, Радиоактивен тутун

Меѓународно списание за истражувања во животната средина и јавно здравје, февруари 2009, 6(2): 558-567

Истражување за никотинот и тутунот, 27-ми септември 2011

„Хафингтон Пост“ (Huffington Post), Здрав живот, 20-ти ноември 2014

Американско здружение за рак, Терапија со замена за никотин

Американско здружение за рак, Кои типови на терапија со замена за никотин постојат