Што му се случува на вашето тело кога пиете премногу алкохол?

Некои луѓе веруваат дека повремено пиење на чаша црвено вино може да биде корисно за нивното здравје. Без оглед на основаноста на овој став, премногу црвено вино е рецепт за катастрофа.

Алкохолот може да ја оштети способноста за донесување на одлуки и моторните вештини. Често е фактор во сообраќајните несреќи, насилното однесување, непланираната бременост и сексуално преносливите болести. Прекумерна консумација на алкохол може да доведе до смртна опасност или исто и алкохолно труење, што негативно влијае врз вашето здравје и може да ве чини дури и живот, доколку не го решите соодветно ова прашање.

Што е алкохолно труење?

Алкохолното труење го оштетува телото и на крај може да ги исклучи деловите на мозокот што ги контролираат основните животни функции како дишење, пулс и контрола на телесната температура.

Симптоми на алкохолно труење

Алкохолното труење доаѓа со многу сериозни здравствени казни, заради што е многу важно да бидете добро информирани на кои симптоми треба да внимавате. Во продолжение следат некои од најчестите знаци на алкохолно труење:

Губење на координација, ладно тело, лепливи раце, сина кожа поради хипотермија, повеќекратно повраќање и/или неконтролирано, неправилно или бавно дишење (помалку од осум вдишувања во минута или повеќе од 10 секунди помеѓу вдишувањата), напади, конфузија, губење на свеста, ступор (или свесен, но не реагира) и понекогаш кома.

Ризик фактори за алкохолно труење

Општо, жените се поранливи на алкохолното труење. Ги чувствуваат ефектите од алкохолот побрзо од мажите со иста големина. За жал, исто се и повеќе предиспонирани да страдаат од долгорочни оштетувања на телото предизвикнаи од алкохол. Тоа се должи на неколку психолошки причини, како:

  • Слаба способност да го разредуваат алкохолот бидејќи имаат помал процент на вода во телото. Просечната жена има само 52 проценти, додека просечниот маж има 61 процент.
  • Слаба способност да го метаболизираат алкохолот бидејќи имаат помалку дехидрогеназа, ензим во црниот дроб чија цел е да го разградува алкохолот во телото, во однос на мажите.
  • Хормони. Предменструалните хормонални промени имаат тенденција да направат жените побрзо да се опијат во текот на неколкуте денови пред нивната менструација. Контрацептивните таблети и други лекови што содржат естроген, од друга страна, го намалуваат излачувањето на алокохолот од телото.

Колку вода пиете, колку често пиете, вашата возраст и вашата семејна историја се исто потенцијални ризик фактори.

Содржина на алкохол во крвта: Колку е премногу?

Содржината на алкохол во крвта (BAC-Blood alcohol content) или концентрација на алкохол во крвта се однесува на количината на алкохол во вашиот крвоток. Се изразува како тежина на етанол измерена во милиграми на 100 милилитри крв или 210 литри здив. BAC може да биде измерена преку тест на здивот, тест на крвта или тест на урината.

На пример, BAC 0,10 значи дека 0,10% (една десеттина од еден процент) од вашата крв во волумен е алкохол.

Колку алкохол има во вашиот пијалок?

Умерено пиење е не повеќе од еден пијалок дневно за жени и не повеќе од два пијалоци дневно за мажи.

Во основа, еден стандарден пијалоксодржи 18 мл чист алкохол, што обично се наоѓаат во:

  • 355 мл пиво (пет-процентен алкохол)
  • 235 мл алкохол со малтекс (седум-процентен алокохол)
  • 150 мл вино (12-процентен алкохол)
  • 445 мл алкохол како џин, рум, вотка и виски (40-процентен алокохол)

Различни брендови и типови на алокохолни пијалоци доаѓаат со различна содржина на алкохол.

Можни компликации

Доколку не се лекува, лице со алкохолно труење може:

  • Да се задави од сопствената повраќаница
  • Да биде сериозно дехидрирано, што може да предизвика напади, трајно оштетување на мозокот и дури и смрт
  • Да има бавно и неправилно дишење, што на крајот може да сопре
  • Да има нерегуларно биење на срцето, што на крајот може да сопре
  • Да има хипотермија
  • Да има хипогликемија (многу низок шеќер во крвта), што може да доведе до напади

Долгорочни ефекти од алкохолот кај жените

Бидејќи телото на жените има помала толеранција за алкохол во споредба со мажите, поподложно е на штетните последици од алкохолното труење.

Бројни истражувања ги поврзуваат тие здравствени последици со прекумерното пиење кај жените, што вклучуваат:

  • Нарушен менструален циклус
  • Зголемен ризик од неплодност, абортус, раѓање на мртво дете и предвремено породување
  • Зголемен ризик од цироза и други болести на црниот дроб поврзани со алкохол во споредба со мажите
  • Губење на меморијата и намалување на мозокот
  • Зголемен ризик од рак на уста, грло, хранопровод, црн дроб, дебело црево и дојка

Алкохолот е исто чест ризик фактор во многу случаи на сексуален напад ,особено меѓу младите жени.

Што да правите, а што да не правите со лице сомнително на алкохолно труење

Тоа не е нешто што треба се игнорира, верувајќи дека ќе помине и ќе си отиде следниот ден. Ако верувате дека некој кој го знаете можеби страда од алкохолно труење, еве неколку чекори што може да ги направите и да избегнете да ги утешувате додека чекате помош:

Направете:

Алкохолното труење е сериозна и опасна по живот состојба.

  • Осигурете се да останат свесни
  • Чувајте ги хидрирани, давајќи им вода
  • Чувајте ги топли
  • Останете со нив и никогаш не ги оставајте сами
  • Следете ги симптомите
  • Обезбедете да лежат на страна за да не се задават од нивната сопствена повраќаница

Не правете:

  • Не им кажувајте да преспијат. Содржината на алкохол во крвта може да продолжи да се зголемува дури и кога не пијат.
  • Не им давајте кафе. Тоа дополнително ќе ја дехидрира личноста.
  • Не им кажувајте да се прошетаат. Тоа може да само да предивика паѓање и сопнување, што може да резултира со сериозни повреди, со оглед на неспособната состојба на мозокот.
  • Не им кажувајте да се истушираат со ладна вода. Алкохолот ја намалува телесната температура, а правејќи ги да се чувствуваат уште поладно отколку што веќе чувствуваат дека им е ладно може да доведе до хипотермија.

На крај, не чекајте да се појават сите симптоми на алкохолно труење и не се двоумете веднаш да повикате итна помош. Запомнете, вредноста на BAC може брзо да се зголеми, а времето е од суштинско значење во оваа ситуација. Една минута доцнење може да значи непоправлива штета  или дури и смрт.

Како да се превенира алкохолно труење

Не треба да сте научник за да знаете како може превентивно да дејствувате за себе и за вашите пријатели за да не страдате од алкохолно труење. Верувам дека првиот чекор, а веројатно и најважниот, што може да го превземете е да вежбате самоконтрола.

Сепак, ако навистина мора да испиете неколку пијалоци, лично ви препорачувам да го следите овој природен протокол претходно за да направите претокс на вашето тело:

N-ацетил цистеин (NAC): Земете барем 200 мл NAC 30 минути пред да пиете што ќе помогне да се намалат токсичните ефекти на алкохолот. NAC го зголемува глутатионот и ја намалува токсичноста на ацеталдехидот што предизвикува многу симптоми на мамурлак.

Б витамини: Алкохолот ги користи есенцијалните Б витамини, што помага да се елиминира од телото. NAC се смета дека функционира дури и подобро во комбинација со тиамин или витамин Б1.

Млечен трн: Млечниот трн содржи силмарин и силибин, антиоксиданси за кои е познато дека помагаат во заштитата на црниот дроб од токсини, вклучувајќи ги и ефектите од алкохолот. Не само што е најдено дека силимаринот го зголемува глутатионот, туку исто може да помогне и да се регенерираат клетките на црниот дроб.

Витамин Ц: Алкохолот може да го осиромаши вашето тело за витамин Ц, што е важен за намалување на оксидативните процеси во црниот дроб предизвикани од алкохолот. Бидете сигурни дека примате соодветна количина на витамин Ц, било преку суплементи или агруми, пред да пиете било каков алкохолен пијалок.

Магнезиум: Магнезиумот е друга хранива материја што ја користи алкохолот, а многумина се дефицитарни на магнезиум. Плус, магнезиумот има антивоспалителни својства што може да помогнат да се намалат некои симптоми на мамурлак. Ако не јадете многу магнезиум – храна богата со магнезиум, земањето суплемент магнезиум пред да пиете може да биде од помош.

Други практични мерки што може да помогнат:

  • Останете хидрирани – Пијте една чаша вода заедно со секој алкохолен пијалок за да превенирате дехидратација. Пред спиење, испијте уште една голема чаша вода или две, што ќе ви помогне да ги избегнете симптомите на мамурлак следното утро.

  • Јадете пред и за време додека пиете – Ако желудникот ви е празен, тоа ќе ја забрза апсорпцијата на алкохол во вашето тело. Исто може да предизвика и сериозна иритација на желудникот. Испланирајте да изедете оброк пред да пиете алкохол и грицкајте некои закуски (како сирење) додека пиете. Во најмала рака, обидете се со ова мало парче мудрост од медитеранскиот регион: земете една лажица маслиново масло пред да пиете алкохол за да превенирате мамурлак.

  • Држете се до бистар алкохол – Генерално, бистриот алкохол (вотка, џин или бело вино) содржи помалку хемикалии од потемните типови (коњак или виски).

  • Престанете кога еднаш ќе осетите чувство на мала зашеметеност – Кога се чувствувате зашеметено, тоа е знак дека патиштата за детоксификација на вашето тело стануваат преоптоварени. Направете пауза од пиењето или целосно претстанете тој ден, со цел да му дозволите на вашето тело ефикасно да го метаболизира алкохолот.

Покрај тоа, исто ве советувам да не пиете кога не сте расположени или, уште полошо, кога сте депресивни бидејќи тоа може да доведе до несвесна и неконтролирана консумација на алкохол. Забележете дека алкохолот може всушност да ја промени вашата мозочна хемија и да ги намали концентрациите на серотонин, хемикалија во вашиот мозок што го регулира расположението, зголемувајќи ја вашата анксиозност и стрес наместо да ја намалува.

Наместо да паднете во магичен круг на злоупотреба на алкохол, ви препорачувам да го решите вашето емоционално здравје што поскоро.

Експерт по природно здравје д-р Меркола

photo_4.jpg

Извори:

Државен институт за здравје за злоупотреба на алкохол и алкохолизам

„Дринк Авер УК“ (Drin Aware UK)

Промоција на здравјето на Универзитет „Браун“ (Brown University)

Контрола на алкохолот

Универзитетот во Нотр Дам

Центри за контрола и превенција на болести, Алкохол и јавно здравје

„Вирџинија Тек“ (Virginia Tech)

Универзитетот во Тексас

Списание за фармакологија, мај 1988; 254(2): стр. 407-12

Клиничко и експериментално истражување за алокохолизмот, септември-октомври 1984; 8(5): стр. 451-8

Скандинавско списание за гастроентерологија

Американско списание за психијатрија, февруари 2001; 158(2): стр. 198-204

„Д Лансет Онколоџи“ (The Lancet Oncology), април 2007: 8(4): стр. 292-3