Браво, авокадо!

Ботаничко име: Persea Americana

Шпанските освојувачи имале свој историчар, Овиедо, кој дал позитивен извештај за авокадо откриено во Мексико околу 1519-тата година. Но ова интересно овошје се појавува во Централна и Јужна Америка пред околу 10 000 години, според цртежи инспирирани од авокадото и артефакти пронајдени во раните населби на Ацтеките.

Судија од Санта Барбара го однесол првото дрво авокадо во Калифорнија во 1871-вата година. Денес Калифорнија одгледува 90 % од вкупниот род на авокадо во САД во повеќе од 6 000 градини.

За да уживате во авокадото (исто така наречено и „круша алигатор“), прво треба да биде подготвено. Вообичаениот готвачки маневар предлага: исечете го авокадото по долгата страна се до семето со голем нож. Одвртете ја горната половина како капак на тегла. Потоа цврсто допрете го сечилото од ножот на центарот на семето неколку пати додека не се залепи. Вежбањето води до совршенство. Завртете го ножот и опа – надвор е. Внимателно го добивате месото на авокадото без раскинување на лушпата и тогаш го вадите надвор од лушпата со лажица.

Здравствени придобивки од авокадото

Кога станува збор за исхрана, авокадото е во своја класа поради невообичаениот голем број на придобивки што ги нуди – повеќе од 20, последно изброени.

Исполнето со влакна, едно авокадо содржи 36 % од дневната потреба на витамин К, 30 % фолна киселина и 20 % од дневната потреба на пантотенска киселина (витамин Б5, потребен да ги разложи јаглехидратите), витамин Б6, витамин Ц и калиум – два пати повеќе калиум отколку бананата. Концентрациите на витамин Е, ниацин и рибофлафин чесно заслужуваат да бидат спомнати.

Кога се јаде со друга храна, вашето тело подобро ги апсорбира хранливите материи, како алфа- и бета-каротен и лутеин.

Авокадото е едно од неколкуте овошја што ќе ви обезбедат „добри“ масти. Тоа значи дека може да ви помогне да ја одржувате концентрацијата на холестерол во здрав опсег и може да ви помогне да го намалите ризикот од срцеви заболувања.

Авокадото е едно од најдобрите овошја за вашето здравје.

Истражувања за авокадото

Грубо кажано, липидите, нивните деривати и сродни супстанци се масни киселини. Научниците открија пред само 40-тина години дека не се само составни материи, туку дека изведуваат сложени клеточни процеси на молекуларно ниво, како пренос на пораки до хормоните, на пример.

Едно истражување беше спроведено да се види дали авокадото има повеќе липиди отколку другите овошни и зеленчукови плодови, кои иако се богати со каротеноиди, се доведени во прашање за липидите, попречувајќи апсорпција на хранливи материи.

Истражувачите најдоа дека додавање авокадо во салата и салса (храна користена во истражувањето) може значајно да ја подобри способноста на вашето тело да ги користи придобивките од каротеноидите, што првично се должи на липидите во авокадото.

Жолто-зелената боја на авокадото поттикна друго истражување бидејќи бојата кај другата храна од растителна основа покажува каротеноидно и друго „биоактивно“ дејство, што укажува на можни својства за борба против рак. Премисата беше дека монозаситените масти во авокадото може да му помогнат на вашето тело во апсорпцијата на важни биоактивни каротеноиди во комбинација со други овошни и зеленчукови плодови, а со тоа значително да го намалат вашиот ризик за рак.

Друго истражување покажа дека липидите екстрахирани од авокадото може да се покажат како фото-заштитни против штетните ефекти од радијација, како оштетувања од сонцето, воспаленија и дури и рак на кожа, доколку се внесат пред изложувањето.

Здрав рецепт со авокадо – Крцкава зелена салата

Состојки:

  • 1 глава црвена или зелена марула
  • 1 цело авокадо, исецкано на парчиња
  • 1 чаша никулци од семе од сончоглед
  • 1 среден домат, ситно исецкан
  • 1 средна краставица
  • ¼ чаша печени ореви од бор

Прелив:

  • ¼ чаша маслиново масло
  • чаша балсамик оцет
  • 1 чешне лук, истолчено
  • 1 лажичка сенф Дижон

Постапка:

  1. Подгответе ги листови марула и ставете ги во голем сад.
  2. Исечете го преостанатиот зеленчук и додадете го.
  3. Испечете ги оревите од бор во сува тава на средна температура 4-5 минути или додека не станат светло кафени.
  4. Измешајте ги заедно маслиновото масло и оцетот, додадете го истолчениот лук и сенфот, прелијте ги преку салатата и можете веднаш да ја служите. Се добиваат 4 порции.

Интересни факти за авокадото

Бидејќи древните Ацтеки го сметале авокадото како овошје на плодноста, а Маите го користеле како афродизијак, низ 19-тиот век јасно се провејувала стигма против ова овошје. Одгледувачите конечно започнале кампања за да ги убедат потрошувачите дека може да јадат авокадо без да се загрозуваат себе.

Заклучок

Не само на гвакамоле, исеченото авокадо додава мастна текстура и врвен вкус и на сендвичи и салати. А здравствените придобивки од авокадото се ѕвездени, особено со содржината на липиди што му овозможува на вашето тело да апсорбира хранливи материи што инаку не би ги апсорбирало.

Авокадото е исто многу богато со есенцијални витамини и минерали, вклучувајќи влакна, витамин К, Б5, Б6 и Ц, фолна киселина и калиум.

Извори:

Lu, Q. Y., Arteaga, J. R., Zhang, Q., Huerta, S., Go, V. L., & Heber, D. (2005). Inhibition of prostate cancer cell growth by an avocado extract: role of lipid-soluble bioactive substances. The Journal of nutritional biochemistry, 16(1), 23–30. https://doi.org/10.1016/j.jnutbio.2004.08.003

Rosenblat, G., Meretski, S., Segal, J., Tarshis, M., Schroeder, A., Zanin-Zhorov, A., Lion, G., Ingber, A., & Hochberg, M. (2011). Polyhydroxylated fatty alcohols derived from avocado suppress inflammatory response and provide non-sunscreen protection against UV-induced damage in skin cells. Archives of dermatological research, 303(4), 239–246. https://doi.org/10.1007/s00403-010-1088-6

Unlu, N. Z., Bohn, T., Clinton, S. K., & Schwartz, S. J. (2005). Carotenoid absorption from salad and salsa by humans is enhanced by the addition of avocado or avocado oil. The Journal of nutrition, 135(3), 431–436. https://doi.org/10.1093/jn/135.3.431