За што се добри кајсиите?

Како веќе добро познати во Грција во 60-тата г.п.н.е., кајсиите се транспортирани во Европа од страна на Грците кои ги нарекувале „златни јајца на сонцето“. Денес главната комерцијална работа со кајсии се одвива на Медитеранот и Блискиот Исток, со придонеси надвор од сезоната од Јужна Америка и Нов Зеланд.

Кајсиите може да се консумираат свежи и може да бидат вкусен додаток на секој тип на салата. Најпосакувана форма се чини дека се сувите кајсии, кои често се мешаат со јаткасти плодови и друго сушено овошје за вкусна, хранлива, домашна енергетска мешавина. Семките имаат свој дел на пазарот, главно заради нивното масло.

Здравствени придобивки од кајсиите

Највисокото ниво на витамини во свежите кајсии го обезбедува витаминот А – 13% од дневната препорачана вредност во една кајсија. Тоа вклучува неколку корисни каротени, кои ослободуваат моќни антиоксиданси од суштинско значење за одржување на оптимален вид, здрава кожа и слузокожа, како и за заштита од одредени типови на рак.

Кајсиите се исто така и добар извор на витамин Ц, познати се по заштитата од проблеми со видот, промовираат здрава кожа, заштитуваат од рак и обезбедуваат уште поголемо чистење од слободни радикали во вашето тело. Флавоноидите како лутеинот и бета криптоксантините имаат толку висок степен на придобивки што всушност можат да помогнат да се забават и дури и да се спречат нарушувања и болести поврзани со стареењето. Зеаксантинот, каротеноид што се апсорбира во ретината, обезбедува заштитни функции со филтрирање на УВ зраци, што на крајот може да ве заштити од макуларна дегенерација.

Кајсиите се богати со голем број на други фитохемикалии што промовираат здравје. Некои имаат способност за превенција на срцеви заболувања со тоа што ви помагаат да го одржувате холестеролот во нормални граници, додека диеталните влакна овозможуваат вашиот систем да работи правилно. Калиумот обезбедува одредени соединенија во клетките и телесните течности што помагаат во регулација на работата на срцето и крвниот притисок.

Истражувања за кајсиите

Едно истражување беше иницирано за да се испитаат ефектите на екстрактот од јапонска кајсија (Prunus mume) против три клеточни линии на рак на дебело црево. Научниците заклучија дека екстрактот влијае врз растот и пролиферацијата на малигните клетки, предизвикувајќи да се самоуништуваат.

Бројни истражувања ја покажуваат моќта на овошјето и зеленчукот во намалување на ризикот од неколку типови на рак, особено тие што содржат каротени, што се должи на нивната антиоксидантна способност. Научниците особено ги истакнуваат лутеинот, ликопенот и зеаксантинот како „хемопревентивни агенси кои ветуваат“.

Интересни факти за кајсиите

Се разбира дека постои контроверзност во врска со честата екстремно неразумна употреба на семките од кајсии (како и бадеми) како лек за рак бидејќи активната состојка, витамин Б17 (летрил) е токсичен за човечкото тело. Д-р Ернест Т. Кребс Џуниор, биохемичар, кој прв ја изолира оваа супстанца од семките на кајсиите, беше доволно уверен во нејзината терапевтска вредност за да ја тестира врз себе. Факт е дека семките од кајсии содржат цијанид, а погрешна доза во зависност од други фактори целосно неповрзани само со ова, може да биде фатална.

Заклучок

Тоа што го нудат кајсиите од аспект на хранливи материи е навистина корисно. Истражувањата покажуваат дека нивната антиоксидантна способност е поврзана со здрава кожа и слузокожа, заштита од одредени типови на рак, како и борба против инфекции. Витамините А и Ц, заедно со калиумот, каротеноидите и флавоноидите како лутеин, бета криптоксантини и зеаксантин може да помогнат да се превенираат болести поврзани со стареење како срцеви заболувања и  макуларна дегенерација, и може да ја регулираат работата на срцето и крвниот притисок со тоа што ви помагаат да го одржувате вашиот холестерол во нормални граници. Ако не ви се многу познати како овошје, започнете едноставно со неколку свежи кајсии. Консумирајте кајсии умерено бидејќи содржат фруктоза која што може да биде штетна за вашето здравје во прекумерни количини.

Извори:

Khachik, F., Beecher, G. R., & Smith, J. C. Jr. (1995). Lutein, lycopene, and their oxidative metabolites in chemoprevention of cancer. Journal of Cellular Biochemistry, 59, 236-246. doi:10.1002/jcb.240590830

Mori, S., Sawada, T., Okada, T., Ohsawa, T., Adachi, M., & Keiichi, K. (2007). New anti-proliferative agent, MK615, from Japanese apricot “Prunus mume” induces striking autophagy in colon cancer cells in vitro. World journal of gastroenterology, 13(48), 6512–6517. https://doi.org/10.3748/wjg.v13.i48.6512