Монахот кој одлучи да медитира сам

Еден монах одлучи да медитира сам, далеку од неговиот манастир. Отплови со неговиот чамец на средината на езерото, се закотви таму, ги затвори очите и почна да медитира. По неколку часа непречена тишина, одеднаш почувствува удар од друг чамец што се судри со неговиот.

Со очите сè уште затворени, почувствува како се зголемува неговиот гнев, а додека да ги отвори очите веќе беше подготвен да му се развика на човекот кој толку безгрижно ја наруши неговата медитација. Но, кога ги отвори очите, беше изненаден кога виде дека празен чамец се судрил со неговиот. Веројатно се одврзал и отпловил до средината на езерото.

Во тој момент монахот сфати нешто навистина големо и важно. Сфати дека гневот беше внатре во него; само му требаше судар со надворешен предмет за да го испровоцира надвор од него. Од тогаш, кога и да наидеше на некој кој го иритираше или го првоцираше неговиот гнев, ќе се потсетеше себе дека другата личност е само празен чамец, гневот е внатре во него.

Извор: Руми