Соочете се позитивно со тешкотиите

Еден ден едно магаре паднало во бунар. Животното со часови жалосно завивало, а селанецот со денови се обидувал да смисли што да направи. На крајот заклучил дека животното е старо и дека и онака требало да го затрупа бунарот – не помислил дека магарето е вредно за спасување. Ги повикал сите свои соседи на помош. Секој од нив зел лопата и почнале да фрлаат земја во бунарот.

Магарето сфатило што се случува и престрашено завивало. Меѓутоа набргу престанало. По некое време селанецот погледнал во бунарот, а глетката го изненадила.

Со секоја лопата земја која паѓала врз него, магарето правело нешто неверојатно: ја тресело земјата од себе и застанувало на неа.

Сите се зачудиле кога магарето зачекорило преку ивицата од бунарот и поминало. 

Тоа е животот! Ако се соочиме со нашите проблеми и реагираме позитивно на нив и не дозволиме да нè фати паника, огорчување или самосожалување.

Автор: непознат