Цинк (хелат), 25 mg, 90 таблети

  • Natural Factors Цинк (хелат)
  • 25 mg
  • Произведен во Канада
  • 90 таблети
  • Здрава кожа и имунолошка функција
  • Погоден за вегетаријанци / вегани
  • Без глутен, без ГМО, без соја
На залиха
  • Рок на траење: септември 2025
  • Код на производот: NFS-01683
  • Баркод: 068958016832
  • Количина: 5

9,40 

Опис на производот

Цинкот е минерал во трагови што се наоѓа во секоја клетка од телото и е составен дел на над 200 ензими неопходни за многубројни животни функции. Цинкот е особено важен за правилно функционирање на имунолошкиот систем, поддржува здрав раст на клетките, здрава кожа, здрава простата кај мажите и е исто така важен за видот и за сетилата за мирис и вкус.

Хелатите од цинк се прават од ориз за да се зголеми апсорпцијата.

 

Дополнителни информации

Други состојки

Главни состојки:
цинк (zink chelate).

Други состојки:
микрокристална целулоза, магнезиум стеарат (од зеленчук).

Овој производ не е произведен со млеко, јајца, школки, ореви, бадеми, кикирики, пченица, соја и глутен. Произведен е во cGMP регистриран (сертифициран) објект, ревидиран од трета страна, кој може да преработува други производи што ги содржат овие алергени или состојки.

Употреба

Земајте 1 до 2 таблети дневно со храна или според упатствата на квалификуван професионалец.

Препорачаната доза на цинк може да биде различна во зависност од вашата возраст, пол и индивидуални здравствени потреби. Препорачливо е да се консултирате со лекар или квалификуван професионалец за да ги утврдите вашите лични потреби.

Внимание

Да се чува подалеку од дофат на деца. Консултирајте се со лиценциран лекар, фармацевт, натуропат или друг квалификуван здравствен работник пред да земате додатоци во исхраната.

Производот е запечатен со пластична фолија, за ваша заштита. Не го користете ако пластичната фолија е оштетена или недостасува. Најдобро е да се чува на собна температура од 20 °C до 25 °C. Неправилни услови на чување, како продолжена изложеност на директна сончева светлина, висока топлина и влажност, може да предизвикаат деградација на производот со тек на време.