Микробрановите печки и здравјето

Готвењето во микробранова печка е многу погодно. Едноставно е, нема потреба од мешање или превртување и е неверојатно брзо. Сепак, многу луѓе веруваат дека таа погодност си има своја цена. Микробрановите печки создаваат штетно зрачење и предизвикуваат оштетување на здравите хранливи материи. Оваа статија нуди преглед на микробрановите печки, како тие влијаат врз хранливите материи и здравствените ефекти врз храната.

Што се микробрановите печки и како функционираат?

Микробрановите печки се кујнски апарати кои ја претвораат електричната енергија во електромагнетни бранови наречени микробранови. Тие бранови можат да ги стимулираат молекулите во храната, правејќи да почнат да вибрираат, да се вртат една околу друга и да се удираат една со друга, што ја претвора енергијата во топлина. Микробрановите печки првенствено влијаат на молекулите на водата, но исто така може да загреат и масти/масла и шеќери, само во помала мера отколку вода. Бидејќи брановите минуваат низ храната, може да загреат многу повеќе дури и споредено со други начини на готвење како пржење.

Микробрановите печки ја претвораат електричната енергија во електромагнетни бранови. Тие бранови ги стимулираат молекулите во храната, доведувајќи до загревање.

Дали може да ви наштети зрачењето?

Микробрановите печки создаваат електромагнетно зрачење. Микробрановите печки создаваат нејонизирачко зрачење, што е слично со зрачењето од вашиот мобилен телефон, освен што е многу посилно.

Не ставајте го вашето лице на прозорецот и држете ја вашата глава на растојание од барем 30 cm од печката. Зрачењето нагло се намалува со растојанието.

Исто така бидете сигурни дека вашата микробранова печка е во добра состојба. Ако изгледа старо, расипана е или не се затвора добро вратата, тогаш размислете да си набавите нова.

Микробрановите печки се форма на електромагнетно зрачење, слично на зрачењето од мобилните телефони.

Како подготовката на храната во микробранова печка влијае врз содржината на хранливи материи во храната?

Секој начин на готвење ја намалува содржината на хранливи материи. Главни фактори кои придонесуваат за тоа се: високата температура, долгото време на готвење и додавањето вода (што доведува хидросолубилните хранливи материи да преминат од храната во водата).

Едно истражување наоѓа дека дури и само една минута на подготовка на храната во микробранова печка ги уништува соединенијата во лукот со антиканцерогени својства, додека за тоа се потребни 45 минути во конвенционална рерна.

Исто така постои и друго истражување кое покажува дека подготовката на храната во микробранова печка уништува 97 % од флавоноидните антиоксиданси во брокулата, додека варењето уништува само 66 %.

Иако формулата за подготовка на храна за доенчиња е добра, не се препорачува да се загрева човечко млеко во микробранова печка бидејќи може да ги оштети агенсите во млекото кои се борат против бактериите.

Имајте во предвид да ги избегнувате пластичните садови

Многу видови на пластика содржат соединенија кои ги нарушуваат хормоните и може да предизвикаат штета. Забележлив пример е бисфенол-А (БПА), што се поврзува со болести како рак, нарушувања на функцијата на тироидната жлезда и дебелина, колку да се набројат неколку. Поради таа причина, не ја ставајте храната во микробранова печка во пластични садови освен доколку не се обележани со „безбедно во микробранова печка“.

Имајте на ум дека тоа не е специфичност за микробрановите печки. Загревањето на храната во пластичен сад е лоша идеја, без разлика кој начин на загревање ќе го користите.

Многу пластични садови содржат соединенија кои ги нарушуваат хормоните, како БПА, кои може да истечат од пластичниот сад во храната при загревање. Никогаш не ја загревајте храната во пластичен сад.

Елиминирање на бактерии

Една безбедносна напомена за микробрановите печки е тоа дека може не се ефикасни како другите начини на готвење за убивање на бактерии и други патогени организми. Температурата има тенденција да биде пониска, а времето на готвење е многу пократко, па храната нерамномерно се загрева.

Користењето микробранова печка со ротирачка плоча може порамномерно да ја распредели топлината, а обезбедувајќи вашата храна да биде доволно загреана може да помогне да се осигурате дека сте ги убиле сите штетни микроорганизми.

Исто така е важно да се биде внимателен со загревањето течности. Постојат некои извештаи на чаши кои „експлодирале“ при загревање на температура повисока од точката на вриење, а потоа веднаш штом ја промешате течноста, енергијата се ослободува на агресивен начин.

Крис Ганерс, дипломиран доктор по медицина

Извори:

Nadal, A. (2013). Obesity: Fat from plastics? Linking bisphenol A exposure and obesity. Nature reviews. Endocrinology, 9(1), 9–10. https://doi.org/10.1038/nrendo.2012.205

Quan, R., Yang, C., Rubinstein, S., Lewiston, N. J., Sunshine, P., Stevenson, D. K., & Kerner, J. A., Jr (1992). Effects of microwave radiation on anti-infective factors in human milk. Pediatrics, 89(4 Pt 1), 667–669.

Song, K., & Milner, J. A. (2001). The influence of heating on the anticancer properties of garlic. The Journal of nutrition, 131(3s), 1054S–7S. https://doi.org/10.1093/jn/131.3.1054S

Soto, A. M., Vandenberg, L. N., Maffini, M. V., & Sonnenschein, C. (2008). Does breast cancer start in the womb?. Basic & clinical pharmacology & toxicology, 102(2), 125–133. https://doi.org/10.1111/j.1742-7843.2007.00165.x

Vallejo, F., Tomás‐Barberán, F., & García‐Viguera, C. (2003). Phenolic compound contents in edible parts of broccoli inflorescences after domestic cooking. Journal of the Science of Food and Agriculture, 83, 1511-1516. doi:10.1002/jsfa.1585

Zoeller, R. T. (2007). Environmental chemicals impacting the thyroid: targets and consequences. Thyroid : official journal of the American Thyroid Association, 17(9), 811–817. https://doi.org/10.1089/thy.2007.0107