Дали чувствителноста на глутен е вистинска или измислена?

Целијачната болест, најтешката форма на нетолеранција на глутен, погодува само 0,7 – 1 % од популацијата. Сепак, постои една друга состојба наречена „нецелијачна“ чувствителност на глутен. Вклучува несакана реакција на глутен кај луѓе кои немаат целијачна болест. Таа состојба често се спомнува во дускусиите за исхрана, но е многу контроверзна помеѓу здравствените професионалци.

Оваа статија нуди преглед на чувствителноста на глутен и дали е тоа нешто за што треба да бидете навистина загрижени.

Што е глутен?

Пред да продолжиме, дозволете ми накратко да објаснам што е глутен.

Глутен е група на протеини што се наоѓа во житариците како пченица, спелта, ’рж и јачмен. Од сите житарици кои го содржат, најчесто се консумира пченицата. Двата главни протеини во глутенот се глијадин и глутенин, од кои се чини дека глијадинот е најодговорен. Кога брашното се меша со вода, протеините од глутенот се поврзуваат за да формираат мрежа со конзистенција на лепак. Името „глутен“ всушност доаѓа од тие својства на лепак (glue).

Глутенот го прави тестото еластично и му дава на лебот способност да порасне кога се загрева со заробување на молекули на гасови во внатрешноста. Исто така обезбедува и добра текстура за џвакање.

Глутенот е главен протеин во неколку типови на житарици, вклучувајќи ја и пченицата. Поседува одредени својства кои го прават многу популарен за правење леб.

Постојат неколку различни нарушувања поврани со глутенот

Постојат бројни заболувања кои директно или индиректно се поврзани со пченицата и глутенот. Најпозната е целијачната болест.

Кај пациентите со целијачна болест, имунолошкиот систем погрешно мисли дека протеините од глутенот се туѓи тела кои го напаѓаат и започнува напад против нив. Покрај тоа, при изложеност на глутен, имунолошкиот систем започнува да ги напаѓа природните структури во стомакот, што може да доведе до сериозни оштетувања. Овој „напад против себе“ е причината зошто целијачната болест е класифицирана како автоимуно заболување.

Состојбата „нецелијачна“ чувствителност на глутен (во овој текст наведена како чувствителност на глутен) има различна природа од целијачната болест. Исто така постои и алергија на пченица, која што релативно ретко се среќава и погодува веројатно помалку од 1 % од популацијата.

Несаканите реакции на глутенот се поврзуваат со бројни други заболувања, вклучувајќи и еден вид на церебрална атаксија наречена глутенска атаксија, Хашимото тироидитис, дијабетес тип 1, аутизам, шизофренија и депресија. Тоа не значи дека глутенот е главната причина за тие заболувања, туку дека може да ги влоши симптомите во една подгрупа на луѓе кои ги имаат.

Во многу случаи е покажано дека исхраната без глутен е од голема помош во контролирани испитувања (вистинска наука), но тоа треба уште повеќе да се проучи.

Неколку заболувања се поврзани со консумирање пченица и глутен. Најчести се алергија на пченица, целијачна болест и нецелијачна чувствителност на глутен.

Што е точно (нецелијачна) чувствителност на глутен?

Едноставно кажано, луѓето што се нетолерантни на глутен искусуваат одредени симптоми откако ќе внесат глутен, а имаат позитивни резултати при исхрана без глутен, откако ќе се утврди дека немаат целијачна болест или алергија на пченица.

Луѓето со чувствителност на глутен обично не покажуваат никакви промени во обвивката на дигестивниот тракт или антитела против сопствените ткива на телото, кои се едни од клучните фактори за целијачна болест.

Ова се предложени дијагностички критериуми за чувствителност на глутен:

  1. Внесувањето на глутен брзо предизвикува симптоми, дигестивни или недигестивни.
  2. Симптомите исчезнуваат брзо со исхрана без глутен.
  3. Повторно внесување на глутен предизвикува симптомите повторно да се појават.
  4. Целијачна болест и алергија на пченица се отфрлени.
  5. За целосно да се потврди дијагнозата треба да се направи тест за глутен (gluten challenge test).

Чувствителноста на глутен има бројни симптоми. Според истражувањата, тие симптоми вклучуваат: подуеност, гасови, дијареа, болки во стомакот, губење на телесна тежина, егзема, црвенило, главоболка, болки во коските и зглобовите, хроничен замор и депресија.

Според некои истражувања, чувствителноста на глутен најчесто се јавува кај возрасни и луѓе во средна возраст, а почесто кај жени отколку кај мажи.

Чувствителноста на глутен вклучува несакани реакции на глутен кај луѓе кои немаат целијачна болест или алергија на пченица. Не се достапни доволно податоци колку често се јавува.

Чувствителноста на глутен е вистинска, но постојат многу неодговорени прашања

Чувствителноста на глутен е многу повеќе од некои измислици.

Постојат стотици документи во литературата за тоа. Само обидете да пребарате во објавените медицински трудови или електронската литература. Исто така постојат и тони на научници и лекари, вклучувајќи и многу ценети гастроентеролози, кои се убедени дека е вистинска.

Точно, не постојат докази дека секој треба да го избегнува глутенот, а дефинитивно постои и „модна компонента“ во трендот за исхрана без глутен.

Сепак, чувствителноста на глутен (или пченица) е нешто вистинско и предизвикува проблеми кај многу луѓе. За жал, оваа состојба е неверојатно комплицирана, а досега се откриени многу малку јасни одговори.

Ако лично сте уверени дека глутенот или пченицата ви предизвикува проблеми, тогаш не постои никаква причина да седите и чекате. Ако ве прави да се чувствувате лошо, само избегнувајте го. Многу едноставно. Тука не постојат хранливи материи што не можете да ги добиете од други (често многу поздрави и похранливи) производи.

Само бидете сигурни да изберете вистинска храна која природно не содржи глутен, а не преработени производи кои не содржат глутен. Преработената храна што не содржи глутен е сепак преработена храна.

Крис Ганерс, дипломиран доктор по медицина

Извори:

Barrett, J. S., & Gibson, P. R. (2012). Fermentable oligosaccharides, disaccharides, monosaccharides and polyols (FODMAPs) and nonallergic food intolerance: FODMAPs or food chemicals?. Therapeutic advances in gastroenterology, 5(4), 261–268. https://doi.org/10.1177/1756283X11436241

Biesiekierski, J. R., Newnham, E. D., Shepherd, S. J., Muir, J. G., & Gibson, P. R. (2014). Characterization of Adults With a Self-Diagnosis of Nonceliac Gluten Sensitivity. Nutrition in clinical practice : official publication of the American Society for Parenteral and Enteral Nutrition, 29(4), 504–509. https://doi.org/10.1177/0884533614529163

Biesiekierski, J. R., Peters, S. L., Newnham, E. D., Rosella, O., Muir, J. G., & Gibson, P. R. (2013). No effects of gluten in patients with self-reported non-celiac gluten sensitivity after dietary reduction of fermentable, poorly absorbed, short-chain carbohydrates. Gastroenterology, 145(2), 320–8.e83. https://doi.org/10.1053/j.gastro.2013.04.051

Buie, T. (2013). The relationship of autism and gluten. Clinical therapeutics, 35(5), 578–583. https://doi.org/10.1016/j.clinthera.2013.04.011

Carroccio, A., Rini, G., & Mansueto, P. (2014). Non-celiac wheat sensitivity is a more appropriate label than non-celiac gluten sensitivity. Gastroenterology, 146(1), 320–321. https://doi.org/10.1053/j.gastro.2013.08.061

Castillo, N. E., Theethira, T. G., & Leffler, D. A. (2015). The present and the future in the diagnosis and management of celiac disease. Gastroenterology report, 3(1), 3–11. https://doi.org/10.1093/gastro/gou065

Catassi, C., Bai, J. C., Bonaz, B., Bouma, G., Calabrò, A., Carroccio, A., Castillejo, G., Ciacci, C., Cristofori, F., Dolinsek, J., Francavilla, R., Elli, L., Green, P., Holtmeier, W., Koehler, P., Koletzko, S., Meinhold, C., Sanders, D., Schumann, M., Schuppan, D., … Fasano, A. (2013). Non-Celiac Gluten sensitivity: the new frontier of gluten related disorders. Nutrients, 5(10), 3839–3853. https://doi.org/10.3390/nu5103839

Catassi, C., Kryszak, D., Bhatti, B., Sturgeon, C., Helzlsouer, K., Clipp, S. L., Gelfond, D., Puppa, E., Sferruzza, A., & Fasano, A. (2010). Natural history of celiac disease autoimmunity in a USA cohort followed since 1974. Annals of medicine, 42(7), 530–538. https://doi.org/10.3109/07853890.2010.514285

Czaja-Bulsa, G. (2015). Non coeliac gluten sensitivity – A new disease with gluten intolerance. Clinical nutrition (Edinburgh, Scotland), 34(2), 189–194. https://doi.org/10.1016/j.clnu.2014.08.012

Dieterich, W., Schuppan, D., Schink, M., Schwappacher, R., Wirtz, S., Agaimy, A., Neurath, M. F., & Zopf, Y. (2019). Influence of low FODMAP and gluten-free diets on disease activity and intestinal microbiota in patients with non-celiac gluten sensitivity. Clinical nutrition (Edinburgh, Scotland), 38(2), 697–707. https://doi.org/10.1016/j.clnu.2018.03.017

Fasano, A., Sapone, A., Zevallos, V., & Schuppan, D. (2015). Nonceliac gluten sensitivity. Gastroenterology, 148(6), 1195–1204. https://doi.org/10.1053/j.gastro.2014.12.049

Gibson, P. R., & Shepherd, S. J. (2010). Evidence-based dietary management of functional gastrointestinal symptoms: The FODMAP approach. Journal of gastroenterology and hepatology, 25(2), 252–258. https://doi.org/10.1111/j.1440-1746.2009.06149.x

Guandalini, S., & Polanco, I. (2015). Nonceliac gluten sensitivity or wheat intolerance syndrome?. The Journal of pediatrics, 166(4), 805–811. https://doi.org/10.1016/j.jpeds.2014.12.039

Hadjivassiliou, M., Sanders, D. S., Grünewald, R. A., Woodroofe, N., Boscolo, S., & Aeschlimann, D. (2010). Gluten sensitivity: from gut to brain. The Lancet. Neurology, 9(3), 318–330. https://doi.org/10.1016/S1474-4422(09)70290-X

Hadjivassiliou, M., Sanders, D. S., Woodroofe, N., Williamson, C., & Grünewald, R. A. (2008). Gluten ataxia. Cerebellum (London, England), 7(3), 494–498. https://doi.org/10.1007/s12311-008-0052-x

Hogg-Kollars, S., Al Dulaimi, D., Tait, K., & Rostami, K. (2014). Type 1 diabetes mellitus and gluten induced disorders. Gastroenterology and hepatology from bed to bench, 7(4), 189–197.

Kalaydjian, A. E., Eaton, W., Cascella, N., & Fasano, A. (2006). The gluten connection: the association between schizophrenia and celiac disease. Acta psychiatrica Scandinavica, 113(2), 82–90. https://doi.org/10.1111/j.1600-0447.2005.00687.x

Lundin, K. E., & Sollid, L. M. (2014). Advances in coeliac disease. Current opinion in gastroenterology, 30(2), 154–162. https://doi.org/10.1097/MOG.0000000000000041

Mansueto, P., Seidita, A., D’Alcamo, A., & Carroccio, A. (2014). Non-celiac gluten sensitivity: literature review. Journal of the American College of Nutrition, 33(1), 39–54. https://doi.org/10.1080/07315724.2014.869996

Ong, D. K., Mitchell, S. B., Barrett, J. S., Shepherd, S. J., Irving, P. M., Biesiekierski, J. R., Smith, S., Gibson, P. R., & Muir, J. G. (2010). Manipulation of dietary short chain carbohydrates alters the pattern of gas production and genesis of symptoms in irritable bowel syndrome. Journal of gastroenterology and hepatology, 25(8), 1366–1373. https://doi.org/10.1111/j.1440-1746.2010.06370.x

Peters, S. L., Biesiekierski, J. R., Yelland, G. W., Muir, J. G., & Gibson, P. R. (2014). Randomised clinical trial: gluten may cause depression in subjects with non-coeliac gluten sensitivity – an exploratory clinical study. Alimentary pharmacology & therapeutics, 39(10), 1104–1112. https://doi.org/10.1111/apt.12730

Rubio-Tapia, A., Kyle, R. A., Kaplan, E. L., Johnson, D. R., Page, W., Erdtmann, F., Brantner, T. L., Kim, W. R., Phelps, T. K., Lahr, B. D., Zinsmeister, A. R., Melton, L. J., 3rd, & Murray, J. A. (2009). Increased prevalence and mortality in undiagnosed celiac disease. Gastroenterology, 137(1), 88–93. https://doi.org/10.1053/j.gastro.2009.03.059

Rubio-Tapia, A., Ludvigsson, J. F., Brantner, T. L., Murray, J. A., & Everhart, J. E. (2012). The prevalence of celiac disease in the United States. The American journal of gastroenterology, 107(10), 1538–1545. https://doi.org/10.1038/ajg.2012.219

Sapone, A., Bai, J. C., Ciacci, C., Dolinsek, J., Green, P. H., Hadjivassiliou, M., Kaukinen, K., Rostami, K., Sanders, D. S., Schumann, M., Ullrich, R., Villalta, D., Volta, U., Catassi, C., & Fasano, A. (2012). Spectrum of gluten-related disorders: consensus on new nomenclature and classification. BMC medicine, 10, 13. https://doi.org/10.1186/1741-7015-10-13

Sategna-Guidetti, C., Bruno, M., Mazza, E., Carlino, A., Predebon, S., Tagliabue, M., & Brossa, C. (1998). Autoimmune thyroid diseases and coeliac disease. European journal of gastroenterology & hepatology, 10(11), 927–931. https://doi.org/10.1097/00042737-199811000-00005

Skodje, G. I., Sarna, V. K., Minelle, I. H., Rolfsen, K. L., Muir, J. G., Gibson, P. R., Veierød, M. B., Henriksen, C., & Lundin, K. (2018). Fructan, Rather Than Gluten, Induces Symptoms in Patients With Self-Reported Non-Celiac Gluten Sensitivity. Gastroenterology, 154(3), 529–539.e2. https://doi.org/10.1053/j.gastro.2017.10.040

Sofi, F., Whittaker, A., Gori, A. M., Cesari, F., Surrenti, E., Abbate, R., Gensini, G. F., Benedettelli, S., & Casini, A. (2014). Effect of Triticum turgidum subsp. turanicum wheat on irritable bowel syndrome: a double-blinded randomised dietary intervention trial. The British journal of nutrition, 111(11), 1992–1999. https://doi.org/10.1017/S000711451400018X

Tilley, K. A., Benjamin, R. E., Bagorogoza, K. E., Okot-Kotber, B. M., Prakash, O., & Kwen, H. (2001). Tyrosine cross-links: molecular basis of gluten structure and function. Journal of agricultural and food chemistry, 49(5), 2627–2632. https://doi.org/10.1021/jf010113h

Troncone, R., & Jabri, B. (2011). Coeliac disease and gluten sensitivity. Journal of Internal Medicine, 269, 582-590. doi:10.1111/j.1365-2796.2011.02385.x

Wieser, H. (2007). Chemistry of gluten proteins. Food microbiology, 24(2), 115–119. https://doi.org/10.1016/j.fm.2006.07.004

Volta, U., Bardella, M. T., Calabrò, A., Troncone, R., Corazza, G. R., & Study Group for Non-Celiac Gluten Sensitivity. (2014). An Italian prospective multicenter survey on patients suspected of having non-celiac gluten sensitivity. BMC medicine, 12, 85. https://doi.org/10.1186/1741-7015-12-85

Volta, U., Caio, G., Tovoli, F., & De Giorgio, R. (2013). Non-celiac gluten sensitivity: questions still to be answered despite increasing awareness. Cellular & molecular immunology, 10(5), 383–392. https://doi.org/10.1038/cmi.2013.28

Wieser, H. (1996). Relation between gliadin structure and coeliac toxicity. Acta paediatrica (Oslo, Norway : 1992). Supplement, 412, 3–9. https://doi.org/10.1111/j.1651-2227.1996.tb14239.x

Zanini, B., Petroboni, B., Not, T., Di Toro, N., Villanacci, V., Lanzarotto, F., Pogna, N., Ricci, C., & Lanzini, A. (2013). Search for atoxic cereals: a single blind, cross-over study on the safety of a single dose of Triticum monococcum, in patients with celiac disease. BMC gastroenterology, 13, 92. https://doi.org/10.1186/1471-230X-13-92

Zuidmeer, L., Goldhahn, K., Rona, R. J., Gislason, D., Madsen, C., Summers, C., Sodergren, E., Dahlstrom, J., Lindner, T., Sigurdardottir, S. T., McBride, D., & Keil, T. (2008). The prevalence of plant food allergies: a systematic review. The Journal of allergy and clinical immunology, 121(5), 1210–1218.e4. https://doi.org/10.1016/j.jaci.2008.02.019


You have successfully subscribed to the newsletter

Се појави грешка. Обиди се повторно.

Здрава Исхрана will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.