Бидете мудри и запрашајте се на кого може да му верувате кога се работи за одржување, подобрување или обновување на вашето здравје. 

Со сите веб-страници, весници, списанија и други објавени дела што нудат совети за здравје, со секоја нова телевизиска реклама за нов лек и суплемент прогласен за чудо, со секоја препорака од класичен и природен лекар, од суштинско значење е да се одговори ова прашање пред сите други: „Која е нивната вистинска мотивација?“

Само доколку одговорот ви дава чувство на сигурност, преминете на следното важно прашање: „Кои се нивните квалификации?“

Примарниот трик на моменталната медицинска структура е да ве наведе да заборавите на првото прашање – нивната вистинска мотивација – заслепувајќи ве со тоа што изгледа како чудесни веродостојни квалификации.

Но клинички испитувања спроведени од силно пристрасни „истражувачи“, реклами и вести внимателно направени за да ве исплашат во вашите верувања, високо исполирани корпоративни канцеларии и корпоративни веб-страници, и екстремен фокус на тоа што носи најголем потенцијал за профит – не потенцијал за спасување или подобрување на животот – не се квалификации. Тоа се измами.
Не паѓајте на такви измами.

Наша мотивација е да ве направиме здрави колку што може да бидете со обезбедување на најновите информации за природно здравје и ресурси што најмногу ќе ви бидат од корист.

„Здрава Исхрана“ не е, со други зборови, алатка од која ќе профитираме. Ние сами ја финансираме веб-страницата и затоа не сме врзани за рекламни, тивки партнери или корпоративни родители.

Како лидери мора да имаме на ум дека нашата цел е промоција на здравјето и дека нашиот фокус и пристап кон здравствените прашања секогаш мора да биде позитивен. Позитивниот став е многу важен како појдовна точка за подобрување.

Ние сме тим од професионалци со долгогодишно искуство во областа на природното здравје. Нашата мисија е едукација и обезбедување едноставни методи што ќе помогнат да се ограничат или да се избегнат непотребните и потенцијално опасни лекови и операции.

Веруваме дека со соодветна исхрана, начин на живот и вежбање, можете да превземете контрола врз вашето здравје.

Статиите за здравје, извадоци и други материјали што ви ги нудиме на располагање објавени на „Здрава Исхрана“ се внимателно избрани од експерти со долгогодишно искуство во областа на природното здравје.

Нашата филозофија е безусловно служење и целта ни е искрено да допреме до читателите со квалитетни информации.

За да ја задржиме автентичноста и точноста на информациите, доколку сакате да ги споделите на трети страници или на вашите Facebook профили, користете го соодветниот линк до “Здрава Исхрана”.

Општи услови

Информациите објавени на „Здрава Исхрана“ не се наменети да заменат директен однос со квалификувано медицинско лице и не се наменети како медицински совет. Наменети се како споделување на знаење и информации од истражувања и од искуството на експертите по природно здравје. Ве охрабруваме да донесете свои одлуки за вашето здравје врз основа на вашето истражување и партнерство со квалификуван професионалец за здравствена заштита. Ако сте бремени, доите, земате лекови или имате одредена медицинска состојба, консултирајте се со вашиот лекар пред да користите производи врз основа на оваа содржина.

Авторски права

Содржините објавени на веб-страницата на „Здрава Исхрана“ се состојат од сопствени содржини, содржини од партнери / извори / автори кои се користат со нивна дозвола. Содржините на веб-страницата и услугите се заштитени со авторски права. Менувањето, позајмувањето, продажбата или дистрибуцијата на таквите содржини се можни само со претходна писмена дозвола од „Здрава Исхрана“ или сопствениците на содржините кои „Здрава Исхрана“ ги објавува со дозвола од партнерите и други издавачи. Доколку корисникот смета дека дошло до повреда на авторските права на веб-страницата, должен е да нè извести.