Колку се ефикасни маските за лице, дали постои ризик од нив и дали штитат од КОВИД-19?

За време на пандемијата КОВИД-19, имаше контрадикторни совети за носењето маски за лице или прекривки за лице, дури и во рамките на истите јавни здравствени установи или агенции за јавно здравје. На пример, некои медицински организации тврдат дека носењето маска ги штити другите од вас само доколку сте носител на вирусот, но ве повикуваат да носите доколку сте во близок контакт со пациент со КОВИД-19, со што се заклучува дека маската може да ве заштити и од заразено лице.

Оваа препорака покренува неколку прашања. Прво, многу луѓе можат да носат вирус и да не го знаат тоа затоа што се асимптоматски и не се тестирани. Како би знаеле тие луѓе дека треба да носат маска? Второ, ако се препорачува маска кога сте во близок контакт со пациент со КОВИД-19, тогаш тоа би индицирало дека маската ве заштитува од другите, а не ги заштитува другите од вас. Која е вистината?

Постои уште еден елемент во спротивставениот совет или препорака. Некои медицински експерти тврдат дека носењето маска за лице е штетно за носителот. Тие не само што не ве штитат, велат тие, туку може да ви го ограничат кислородот, па дури и да ги пренасочат штетните патогени кои може да ги вратите назад во дишните патишта. Бидејќи мерките за КОВИД-19 не траат вечно и завршуваат, а луѓето повторно излегуваат во јавноста, што велат доказите за носењето маски за лице?

Советите за маски за лице од СЗО (Светската здравствена организација) и ЦДЦ – CDC (Центрите за контрола и превенција на болести во САД) се разликуваат

Светската здравствена организација, основана во 1948-мата година, се состои од повеќе од 7 000 луѓе од повеќе од 150 земји. Нејзиниот персонал е составен од медицински лекари, специјалисти за јавно здравје, научници, епидемиолози и експерти за здравствена статистика, економија и итни случаи. Кога станува збор за маски за КОВИД-19, ова тело на експерти не ги промовира маските како лек. Првично, СЗО ги наведе следните упатства за тоа кој треба да носи маски:

  • Ако сте здрави, потребно е да носите маска само ако се грижите за лице со КОВИД-19.
  • Носете маска ако кашлате или кивате.
  • Маските се ефикасни само кога се користат во комбинација со често миење раце, триење на рацете со алкохол или миење со сапун и вода.
  • Ако носите маска, тогаш мора да знаете како да ја користите и правилно да ја фрлите.

СЗО сепак се предомисли и ги измени своите препораки на 5-ти јуни оваа година за да ја советува пошироката јавност да носи маска во специфични ситуации кога социјално дистанцирање не е можно. Рече: „… нема директен доказ (од студии за КОВИД-19 и кај здрави луѓе во заедницата) за ефикасноста на универзалното носење маски од страна на здрави луѓе во заедницата со што ќе се спречи инфекција со респираторни вируси, вклучително и КОВИД-19.“

Центрите за контрола и превенција на болести во САД се водечка здравствена агенција во САД или скратено ЦДЦ (CDC), администрирана под Одделот за здравство и човечки услуги. Кога станува збор за борба против КОВИД-19, нивниот совет не е ист со советот на СЗО. Посочувајќи дека луѓето можат да го носат вирусот без никакви симптоми или пред симптоми како кашлање и кивање, објавено е следното на нивната веб-страница на 3-ти април оваа година:

„Ова значи дека вирусот може да се шири помеѓу луѓето кои имаат интеракција во непосредна близина… ЦДЦ препорачува да се носат платнени прекривки за лицето во јавни средини каде што е тешко да се одржат други мерки за социјално дистанцирање (на пр., продавници за храна и аптеки), особено во области со значително пренесување на вирусот во заедницата.

ЦДЦ дополнително советува употреба на едноставни платнени прекривки за лице, за да се забави ширењето на вирусот и да им се помогне на луѓето или тие што може имаат вирус, а не знаат, да спречат да го пренесат на други.“

До 22-ри мај оваа година, ЦДЦ додаде жолто-обележан транспарент на својата веб-страница, велејќи: „Платнена прекривка за лице можеби не го штити носителот, но може да го спречи носителот да го шири вирусот на други.“

Многу медицински и политички лидери поддржуваат носење маски. Д-р Ентони Фаучи, висок медицински член на работната група за коронавируси во Белата куќа и директор на Националниот институт за алергија и заразни болести, го одобри носењето маски.
Исто така и поранешниот вршител на должноста директор на ЦДЦ, д-р Ричард Бесер.

Гувернерот на Вирџинија, Ралф Нортам потпиша извршна наредба на крајот на мај оваа година за задолжителни маски во неговата држава, а гувернерот на Охајо, Мајк Девајн, рече дека носењето маска е израз на „сакање на својот близок“.

Земјите кои рутински користат маски за лице го намалија преносот на КОВИД-19. Дали тоа значи дека оние кои одбиваат маски за лице го зголемуваат ризикот од пренесување за себе и за другите? Многу прашања остануваат неодговорени.

Што велат истражувањата за ефикасноста на маските за лице?

Д-р Крис Мареј, директор на Институтот за здравствена метрика и проценка, рече дека маските за лице претставуваат „веројатно 50 % заштита од пренесување“, но некои други проценки се помалку смирувачки. На пример, едно истражување за способноста на маските да го блокираат КОВИД-19, што е предизвикано од вирусот SARS-CoV-2, објавено од јужнокорејски истражувачи во аналите за интерна медицина („Annals of Internal Medicine“) во април оваа година, го открива следното:

„Ниту хируршките ниту памучните маски ефикасно го филтрираат SARS-CoV-2 за време на кашлање од заразени пациенти. Претходни докази дека хируршките маски ефикасно го филтрираат вирусот на инфлуенца ги поткрепуваат препораките дека пациентите со потврден или осомничен КОВИД-19 треба да носат маски за лице за да спречат пренесување.

Сепак, големината и концентрациите на SARS-CoV-2 во аеросолите генерирани при кашлање се непознати.

Оберг и Бросо покажаа дека хируршките маски не покажуваат соодветни перформанси на филтерот против аеросоли со дијаметар од 0,9, 2,0 и 3,1 μm… под претпоставка дека SARS-CoV-2 има слична големина (како SARS – CoV), многу малку веројатно е дека хируршките маски се ефикасни да го филтрираат овој вирус.“

Контаминираност (загаденост) е пронајдена на надворешната страна на маските, напишале истражувачите:

„Забелешка, најдовме поголема контаминација на надворешната отколку на внатрешната површина на маската… Аеродинамичните карактеристики на маската може да го објаснат овој наод. Турбулентен млаз поради истекување на воздух околу работ на маската може да ја загади надворешната површина. Алтернативно, малите аеросоли на SARS-CoV-2 генерирани за време на голема кашлица може да навлезат во маските.

Како заклучок, се чини дека и хируршките и памучните маски се неефикасни во спречување на ширење на SARS-CoV-2, при кашлање на пациенти со КОВИД-19, во околината и надворешната површина на маската.“

Критиката на испитувањето од страна на други истражувачи беше брза, почнувајќи од доведување во прашање на ракувањето со маските пред експериментот, што може да предизвика предвремена контаминација, па се до други забелешки дека се вклучени само мал број на испитаници.

Пол В. Леу, вонреден професор по индустриско инженерство, машинство и наука за материјали на Универзитетот во Питсбург, забележа во писмо до уредникот дека премисата на истражувањето е погрешна бидејќи маските немаат за цел „да ја скратат траекторијата на капките испуштени при кашлање.“
Наместо тоа, тој напиша:

“Заклучоците од ова истражување… не само што се погрешни, туку се во заблуда…Функцијата на маската е да намали колку далеку патуваат аеросолните капки при дишење, зборување, пеење, кивање или кашлање. Тоа е истата причина зошто треба да ја покриете устата или носот со подлактицата, внатрешноста на лактот или марамче при кивање.“


Друг критичар, Кен Лим од СајберМедиа Конверџенс Консалтинг (CyberMedia Convergence Consulting), напиша дека експериментот требаше да биде „колку вирусни капки се појавија на друго лице или површина“, а не на самите маски. Потоа, во јуни, авторите го повлекоа ова истражување. Признавајќи дека читателите го насочија вниманието на недостатоците во нивната работа, тие рекоа дека понудиле да се поправат „со нови експериментални податоци од дополнителни пациенти, но уредниците побараа повлекување“.

Повеќе прашања за ефикасноста на маските за лице

Едно истражување што се појави во април оваа година на medRxiv открива дека:

„Доказите не се доволно силни за да се поддржи широко распространетата употреба на маски за лице како заштитна мерка против КОВИД-19. Сепак, има доволно докази за поддршка на употребата на маски за лице за кратко време од страна на особено ранливи лица кога се во минливи ситуации со поголем ризик.“

Сепак, Јан Џонес, професор по вирологија на Универзитетот во Ридинг, не се согласува со овие откритија, според списанието „The British Medical Journal“. „Ако аеросолна капка го погоди материјалот на маската, а не дупката, јасно е дека е спречена да патува… помага да се забави епидемијата.“ – рече тој, наведувајќи дека маските не се „лек“, но се корисни во израмнување на кривата.

Исто така, според „The British Medical Journal“, Симон Кларк, вонреден професор по клеточна микробиологија на Универзитетот во Ридинг, видел уште еден проблем со широко распространетото носење маски. „Масовното носење на маски за лице од страна на јавноста, веројатно ќе предизвика недостиг на маски за луѓето на кои навистина им е потребна заштитна опрема – здравствените работници во првата линија во нашите болници.“ – рече тој.

Според клиниката Мајо, иако маските се корисни, стравот од нивни недостаток ги обликувал оригиналните препораки на ЦДЦ. Клиниката напиша на својата веб-страница:

„ЦДЦ ја призна оваа загриженост кога препорача платнени маски за јавноста, а не хируршки и маски N95 потребни за здравствените работници.“

Постои и друга причина за доцнењето на ЦДЦ во одобрување на маските кога за првпат се појави пандемијата, напиша Мајо.

„Во тоа време, експертите сè уште не знаеја до кој степен луѓето со КОВИД-19 може да го шират вирусот пред да се појават симптоми. Ниту пак беше познато дека некои луѓе имаат КОВИД-19, но немаат никакви симптоми. Двете групи можат без знаење да го шират вирусот на други.

Овие откритија ги наведоа ЦДЦ да ги ажурира своите упатства и да препорача широко распространета употреба на едноставни платнени прекривки за лице, за да се спречи пренесување на вирусот од луѓе кои имаат КОВИД-19, но не се свесни за тоа.“

Друга пречка за целосно одобрување на маските за лице од страна на групите за јавно здравје беше загриженоста дека тие можат да обезбедат лажно чувство на безбедност. Експертите исто така стравуваа дека маските може да доведат до повеќе допирање на лицето или контаминација доколку носителот ја стави маската на нечиста површина.

Кога станува збор за здравствените работници, тие не треба да работат без респираторна заштита од некаков вид, според авторите на едно истражување од 2015-тата година, кои ги ажурираа своите коментари во април оваа година:

„Сега има бројни извештаи за здравствени работници кои носат домашни платнени маски или користат веќе употребени маски за еднократна употреба и респиратори, и бараат совет. Ако здравствените работници изберат да работат во овие околности, треба да им се дадат упатства за употреба.

Има голем број на лабораториски истражувања кои ја разгледуваат ефикасноста на различните видови на материјали, единечни наспроти повеќеслојни, и улогата што може да ја играат филтрите. Сепак, ниту еден не е тестиран во клиничко испитување за ефикасност. Доколку здравствените работници изберат да работат со платнени маски, предлагаме да имаат најмалку две и да ги менуваат, така што секоја да може да се измие и исуши по дневната употреба.

Спреј за дезинфекција или кутии за УВ дезинфекција можат да се користат за нивно чистење за време на паузите во текот на еден ден. Овие се прагматични, наместо предлози засновани на докази, со оглед на ситуацијата.

И конечно за КОВИД-19, носењето маска не е доволно за да се заштитат здравствените работници – употребата на ракавици и очила исто така е потребна како минимум, бидејќи SARS-CoV-2 може да зарази не само преку респираторен пат, туку и преку контакт со контаминирана површини и самоконтаминација.“

Маските за лице може да наштетат, велат некои експерти

Контроверзноста на маските за лице не се врти само околу тоа дали тие се ефикасни или неефикасни во спречувањето на инфекции или дали широката употреба ќе создаде недостаток на маски за здравствените работници. Некои медицински експерти велат дека маските можат да им наштетат на тие што ги носат.
Експертот за вируси Џуди Миковиц со прославувањето преку „Планедемик“, беше многу гласна за опасностите од носењето маски за лице. Според Weblyf.com, во објавите на социјалните мрежи таа има напишано:

„Дали знаете колку е нездраво постојано да го вдишувате јаглеродниот диоксидот и да го ограничувате правилниот проток на кислород? Телото бара ИЗОБИЛНИ количини на кислород за оптимално имунолошко здравје. Правилното оксигенирање на вашите клетки и крв е ОСНОВНО за телото да функционира како што треба, за да се бори против какво било заболување. Маските ќе го попречат внесот на кислород.

Освен ако не работите во болничко опкружување, НЕ е потребно… Ако сакате да бидете здрави, престанете да пушите, променете ја исхраната, престанете да консумирате алкохол, исклучете го бежичниот интернет (wi-fi) и мобилниот телефон, сопрете инјектирање со невротоксини, престанете да земате токсични лекови, престанете да користите толку многу хемикалии, сончајте се, пијте многу (филтрирана) вода и спијте добро.“

Миковиц не е единственото стручно предупредување за опасностите од маските за лице. Според News-Medical.Net, д-р Џени Харис, заменик главен медицински службеник во Англија, ја предупреди јавноста да не носи маски за лице „бидејќи вирусот може да се заглави во материјалот и да предизвика инфекција кога носителот дише“.

Национално признатиот лиценциран неврохирург, д-р Расел Блејлок исто така верува дека маските за лице се способни да предизвикаат сериозна штета:

„Сега кога утврдивме дека не постојат научни докази со кои треба да се носи маска за лице за превенција, дали има опасности од носење маска за лице, особено подолг период на време? Неколку студии навистина откриваат значителни проблеми со носењето на таква маска.

Тоа може да варира од главоболка до зголемена отпорност на дишните патишта, акумулација на јаглерод диоксид, хипооксија, се до сериозни компликации опасни по живот. Со носење маска, издишаните вируси нема да можат да избегаат и ќе се концентрираат во носните шуплиинии, ќе влезат во нервот за мирис и ќе патуваат до мозокот.“

Маските за лице исто така можат да претставуваат опасност за здравствените работници, напиша Блејлок, предизвикувајќи „намалување на оксигенацијата на крвта (хипооксија) или покачување на CO2 во крвта (хиперкапнија)“, како и главоболки. И старите лица се изложени на ризик, тој предупредува:

„За жал, никој не им кажува на изнемоштените стари лица и оние со белодробни заболувања, како што се хронична опструктивна пулмонална болест (COPD), емфизем или белодробна фиброза, за овие опасности при носење маска за лице од кој било вид – што може да предизвика сериозно влошување на функцијата на белите дробови.

Ова исто така вклучува пациенти со карцином на бели дробови и луѓе кои имале операција на белите дробови, особено со делумна ресекција или дури и отстранување на целиот бел дроб.“

Штитниците за лице можат да бидат поефикасни од маските за лице

Штитниците за лице, пластичните прекривки на целото лице кои функционираат како штитници, може да изгледаат екстремно или глупаво, но имаат некои предности во однос на платнените маски. Прво, за разлика од платнените маски, тие можат да се чистат со вода и сапун или средства за дезинфекција и повторно да се користат постојано затоа што се пластични и нема да се деградираат.

Второ, штитниците за лице се поудобни за носење, особено во топлите денови, бидејќи не се поставени директно преку устата и носот, и овозможуваат слободно дишење. Конечно, и што е најважно, штитници за лице ве штитат подобро од маските за лице затоа што устата и носот не се единствениот влез за инфекција. Според National Post, штитниците за лице исто така:

„…го блокираат влегувањето на вирусот во „порталите“, (устата, носот и очите) и „го намалуваат потенцијалот за автоинокулација“, што значи вградување на вирусот во нашите тела откако ќе ја допрете контаминираната површина, спречувајќи го носителот да го допира неговото лице.

Додека SARS-CoV-2 се шири со вдишување на мали капки кои содржат вирус, постојат и докази дека може да навлезе во телото преку мукозните мембрани, вклучувајќи ги мукозните мембрани на површината на окото и внатрешната страна на капакот на окото.“

Штитниците за лице, кога се проучуваат за грип, ги заштитуваат луѓето од вдишување на 96 % грипозни капки произлезени од кашлица, дури и кога носителите на штитник за лице имаат само 30 cm дистанца од тие што кашлаат. Јасно е дека тие обезбедуваат некои од заштитите од социјалното дистанцирање што може да објасни зошто се повеќе гледаме како ги користат здраствените работници.

Ако носите маска за лице, следете ги овие упатства

Јасно е дека постојат докази и за и против носењето маски за лице за време на пандемијата. Ако сепак одлучите да носите маска за лице, еве корисни совети од СЗО за употреба и отстранување за да бидете сигурни дека безбедно ја користите маската:

  • Пред да ставите маска, идеално, исчистете ги рацете со вода и сапун.
  • Покријте ја устата и носот со маската, и проверете дали има празнини помеѓу вашето лице и маската.
  • Избегнувајте да ја допирате маската додека ја користите; ако го направите тоа, исчистете ги рацете со рачно триење на алкохол или сапун и вода.
  • Заменете ја маската со нова веднаш штом е влажна и не користете ги повторно маските за еднократна употреба.
  • За да ја извадите маската, отстранете ја одназад (не допирајте ја предната страна на маската), фрлете ја веднаш во затворена корпа за отпадоци и исчистете ги рацете со алкохол или сапун и вода.
д-р Меркола, експерт за природно здравје

Извори:

Bae, S., Kim, M. C., Kim, J. Y., Cha, H. H., Lim, J. S., Jung, J., Kim, M. J., Oh, D. K., Lee, M. K., Choi, S. H., Sung, M., Hong, S. B., Chung, J. W., & Kim, S. H. (2020). Effectiveness of Surgical and Cotton Masks in Blocking SARS-CoV-2: A Controlled Comparison in 4 Patients. Annals of internal medicine, 173(1), W22–W23. https://doi.org/10.7326/M20-1342 (Retraction published Ann Intern Med. 2020 Jun 2;:)

Bae, S., Kim, M. C., Kim, J. Y., Cha, H. H., Lim, J. S., Jung, J., Kim, M. J., Oh, D. K., Lee, M. K., Choi, S. H., Sung, M., Hong, S. B., Chung, J. W., & Kim, S. H. (2020). Notice of Retraction: Effectiveness of Surgical and Cotton Masks in Blocking SARS-CoV-2. Annals of internal medicine, 173(1), 79. https://doi.org/10.7326/L20-0745

Blaylock, R. (2020). Blaylock: Face Masks Pose Serious Risks To The Healthy. Technocracy. https://www.technocracy.news/blaylock-face-masks-pose-serious-risks-to-the-healthy/

Brainard, J. S., Jones, N., Lake, I., Hooper, L., & Hunter, P. (2020). Facemasks and similar barriers to prevent respiratory illness such as COVID-19: A rapid systematic review. medRxiv. doi: https://doi.org/10.1101/2020.04.01.20049528

CDC. (2020). Considerations for Wearing Masks. https://www.cdc.gov/coronavirus/2019-ncov/prevent-getting-sick/cloth-face-cover-guidance.html?CDC_AA_refVal=https%3A%2F%2Fwww.cdc.gov%2Fcoronavirus%2F2019-ncov%2Fprevent-getting-sick%2Fcloth-face-cover.html

CDC. (2020). How to Select, Wear, and Clean Your Mask. https://www.cdc.gov/coronavirus/2019-ncov/prevent-getting-sick/about-face-coverings.html

Herer, J. (2020). Dr. Judy Mikovits Statement about ‘Wearing a Mask’ Policy. Weblyf. https://www.weblyf.com/2020/04/dr-judy-mikovits-statement-about-wearing-a-mask-policy/

Kaiser Heath News. (2020). Experts Say Emerging Data Is Clear: Masks Work And Course Of Pandemic Will Be Shaped By Their Use. https://khn.org/morning-breakout/experts-say-emerging-data-is-clear-masks-work-and-course-of-pandemic-will-be-shaped-by-their-use/

Kirkey, S. (2020). Face masks, goggles, shields and visors: Experts weigh in on the best COVID-19 protection. National Post. https://nationalpost.com/news/what-to-wear-first-face-masks-now-goggles-and-shields-experts-weigh-in-on-the-best-covid-19-protection

Laguipo, A. B. B. (2020). Reusing masks may increase your risk of coronavirus infection, expert says. News Medical Life Sciences. https://www.news-medical.net/news/20200315/Reusing-masks-may-increase-your-risk-of-coronavirus-infection-expert-says.aspx

MacIntyre, C. R., Seale, H., Dung, T. C., Hien, N. T., Nga, P. T., Chughtai, A. A., Rahman, B., Dwyer, D. E., & Wang, Q. (2015). A cluster randomised trial of cloth masks compared with medical masks in healthcare workers. BMJ open, 5(4), e006577. https://doi.org/10.1136/bmjopen-2014-006577

Mahase, E. (2020). Covid-19: What is the evidence for cloth masks?. BMJ (Clinical research ed.), 369, m1422. https://doi.org/10.1136/bmj.m1422

Mayo Clinic. (2020). COVID-19: How much protection do face masks offer? https://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/coronavirus/in-depth/coronavirus-mask/art-20485449

WDBJ7. (2020). Public reacts to governor’s mask mandate. https://www.wdbj7.com/content/news/Roanoke-residents-react-to-governors-mask-mandate-570893791.html

Wink News. (2020). Despite some refusing to wear them, masks seem to be working. https://www.winknews.com/2020/05/27/despite-some-refusing-to-wear-them-masks-seem-to-be-working/

WHO. (2020). Coronavirus disease (COVID-19) advice for the public: When and how to use masks. https://www.who.int/about/who-we-are

WHO. (2020). Structure. https://www.who.int/about/who-we-are

WHO. (2020). Who we are. https://www.who.int/about/who-we-are

You have successfully subscribed to the newsletter

Се појави грешка. Обиди се повторно.

Здрава Исхрана will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.