Целосен третман на рак со сода бикарбона

Терапија за рак според д-р Симончини
Нов пристап на лекување на рак

Д-р Тулио Симончини, онколог од Рим, Италија, е пионер во терапија со натриум бикарбонат (NaHCO3), или сода бикарбона, како средство за лекување на рак.
Основната теорија зад овој третман лежи во фактот дека и покрај големиот број на варијабилни фактори, формирањето и ширењето на туморите е едноставно резултат на присуство на габи.

Третирање на ракот со раствор од натриум бикарбонат

Натриум бикарбонатот, за разлика од другите антигабични лекови на кои габите може да станат имуни, е крајно дифузен и ја задржува својата можност да навлезе во туморот, како резултат на брзината со која натриум бикарбонат го дезинтегрира туморот. Таа брзина ја оневозможува приспособливоста на габите на натриум бикарбонатот.

Резиме на терапија за рак според д-р Симончини

Ако до пред 40, 30, па дури и пред 20 години, беше можно некако да се убедат луѓето за добронамерноста на официјалната онкологија и за нејзините резултати, денес, кога резултатите се континуирани како што се и безумни, иако постојано се трубат од страна на медиумите, никој повеќе не прифаќа да биде воодушевен од зборови, хипотези и ветувања што се непоткрепени и неизвесни. Болното будење што скоро секој го искусил, за мизерниот крај на еден или друг роднина, пријател или познаник, е поврзано со тие неуспеси. Треба да се прифатат доказите дека современата онкологија е неспособна да ни ги даде неопходните одговори за тие што се болни од рак и затоа е наша морална и етичка обврска да се обидеме да најдеме правилно решение за најтешкото и најболното заболување на нашето време.

Ракот е габа

Околу 100 години, основната теорија за ракот беше заснована на хипотезата дека станува збор за дефект во гените. Од таа гледна точка се подразбира дека карциномот е интрацелуларен (внатреклеточен). Сепак, мојата гледна точка е дека карциномот е габична инфекција и како таков е екстрацелуларен феномен (феномен кој се одвива надвор од клетката).

Кандида

Во растителниот свет, карциномите се предизвикани од габична инвазија и можно е да се тврди дека истото се случува и кај човечките суштества. Габите се секогаш вклучени во карциномите – тие се наоѓаат и in vivo, и во постсмртниот преглед. Сепак, научниците веруваат дека тие се развиваат после почетокот на болеста. Моето мислење е дека тие доаѓаат пред тоа – тие го создаваат карциномот, го супресираат имунолошкиот систем и потоа го напаѓаат целиот организам. Секој вид на карцином е предизвикан од габи од видот на Кандида (Candida), како што е наведено и во други истражувања, а хистолошката конфигурација е резултат на одбранбената реакција на ткивото против инвазијата. Со тек на време, ткивото се исцрпува и создава само недиференцирани клетки. Ракот може да се нарече „цврст апсцес“, каде што колониите го формираат центарот, а реакцијата на домаќинот е насекаде околу тој центар.

Сода бикарбона

Традиционалните антигабични лекови се неефикасни во лекувањето на туморите бидејќи цврстите колонии можат да бидат нападнати само на површината на нивниот волумен, а после првите апликации, тие стануваат отпорни. Цврста инфекција е многу помоќна од бактериска. Затоа едноставните габични инфекции може да траат вечно. Јас ги идентификував супстанците уникатно способни да навлезат во тие волуменски инфекции: за рак на внатрешни органи, тоа е натриум бикарбонат; а најдобрата супстанца за елиминирање на рак на кожа е тинктура од јод. Постојат многу публикации што ја опишуваат ефективноста на натриум бикарбонат за карцином, но заклучоците донесени во нив се секогаш погрешни затоа што претпоставуваат интрацелуларно наместо антигабично дејство.

Детска онкологија

Оваа терапија е применлива и во детска онкологија, под услов дозата да се прилагоди и да се ревидира според тежината и возраста на пациентот, како и видот на неопластична формација.

Клинички случаи

Неколку добро документирани клинички случаи, испитани пред и по третманот со натриум бикарбонат, беа регистрирани кај мене. Напишав книга со наслов „Ракот е габа“ објавена на италијански, холандски, француски и англиски (“Cancer is a Fungus”), благодарение на помошта од семејството и пријателите.
Видео-снимките од сведочењата на пациентите се исто така достапни овде. Моја длабока желба е да ја направам оваа терапија достапна за целото човештво. За да го направам тоа, мора да продолжам со истражувањето. Ова истражување е направено приватно бидејќи не добив одговор од официјалните институции – и покрај тоа што ги објавив резултатите од добро документираните и успешни клинички случаи што сум ги третирал.

Третман со сода бикарбона (натриум бикарбонат)

Моите методи ги лекуваат луѓето повеќе од 25 години. Многу од моите пациенти целосно се опоравија од карцином, дури и во случаи кога официјалната онкологија се откажа. Најдобар начин да се обидете да го елиминирате туморот е да го доведете во контакт со натриум бикарбонат што е можно поблиску, односно да користите орална администрација за дигестивниот тракт, енеми за ректумот, плакнење за вагината и матката, интравенска инјекција за белите дробови и мозокот, и инхалација за горните дишни патишта. Градите, лимфните јазли и поткожните грутки можат да се третираат со локални перфузии. Внатрешните органи можат да се третираат со натриум бикарбонат со поставување на соодветни катетри во артериите (на црниот дроб, панкреасот, простатата и екстремитетите) или во празнините (на плеврата или перитонеумот). Важно е секој вид на карцином да се третира со соодветна доза. За флебоклиза (инфузија), потребни се 500 cm³ на 5 % или 8,4 %; а за надворешна администрација, доволно е да се вкуси дали растворот е солен. Понекогаш разумно е да се комбинираат различни начини. За секој третман земете во предвид дека колониите на туморите се намалуваат помеѓу третиот и четвртиот ден, а се уништуваат помеѓу четвртиот и петтиот, така што администрација од шест дена е доволна. Еден комплетен, ефективен циклус се состои од третман од шест дена и одмор од шест дена, кои се повторуваат четири пати. Најважни несакани ефекти од овој начин на нега се жед и слабост.

Рак на кожа и псоријаза

За рак на кожа, на заболената област треба да се нанесува 7 % јодна тинктура, 20-30 пати на ден, со цел да се создадат голем број на цврсти слоеви како кора. По овој третман, карциномот ќе го снема.

Ракот и кандидата

Генетиката, борбениот коњ на модерната онкологија, само што не се откажала од сеништето, заедно со нејзините бесконечни објаснувања засновани на ензимски и рецепторски процеси. Всушност, таа не успеа, само никој не може да најде нешто друго за да може да го заземе нејзиното место. Последица на неможноста на онколошките установи да го признаат неуспехот на тоа поле на истражување, што во овој момент е научно неоправдано, е постојано трошење на голема количина на економски, научни и човечки ресурси.

Кој пат да се избере? Каде да ги бараме оние минимални логички елементи кои можат да фрлат светлина врз незнаењето во онкологијата? Многу мислители, особено биолози, веруваат дека со примена на Дарвинската теорија на еволуција на живите суштества, може да се напредува по нов пат кога станува збор за т.н. дегенеративни заболувања како карцином, кардиопатија и ментални заболувања. Според тој начин на размислување, тие заболувања не се припишуваат на еколошки или генетски фактори, како што се верува во моментов, туку на инфекции.

Затоа одговорот на прашањето за тоа што предизвикува дегенеративно заболување, може да се најде во полето кое повеќе од што било друго ѝ даде сјај на медицината, а кое ја промовира медицината од обична пракса па се до наука, а тоа е микробиологијата.

Кандида

Туморите се перцепираат како еден феномен. Туморите се еден феномен, но има многу видови. Зошто? Според официјалните ставови кои гледаат генетска промена врз основа на неопластичен развој, можно е промената да се манифестира во секое опкружување со сите можни типолошки разлики.

Од микробиолошка гледна точка, наместо тоа, Кандидата е секогаш таа што напаѓа различни анатомски делови, предизвикувајќи различни реакции како резултат на функцијата на органите од кои се храни.

Тие реакции се резултат на квантитетот и квалитетот на погодените ткива. Орган чие сврзно ткиво е нападнато, се брани со клеточна хиперпродукција која се обидува да ги ограничи габичните колонии кои се обидуваат целосно да го колонизираат организмот.

Протокол според д-р Симончини

Внимание! За третман на рак со употреба на капки, плакнење или пиење, препорачана е контрола од доктор. Исто и во случај кога станува збор за псоријаза и повеќето видови рак на кожа. За други видови на рак (на внатрешни органи), секогаш е неопходен доктор.

Целосниот протокол според д-р Симончини е достапен на неговата веб страница на англиски јазик.