Двата волци
Нашите негативни мисли може да создадат анксиозност, лутина, незадоволство, љубомора – низа на емоции. Негативното размислување е нормално во некоја мера. Сепак, ако тој начин на размислување стане постојан, може да доведе до депресија и самоуништувачко однесување, како зависности, оддалечувајќи нè од тоа што најмногу го сакаме во животот. Во најмала мера, негативното размислување ја исцрпува целата наша енергија, ја еродира нашата самодоверба и може да нè стави во лошо расположение. Сигурно многумина би се согласиле дека нашите мисли доаѓаат и си одат толку брзо што се чини е невозможно да ги забележиме, но со свеста и ставот на сомилост за себе можеме да ги пренасочиме нашите негативни мисли во позитивни.
„Двата волци“ е легенда на индијанското племе Чироки и ја прикажува најважната битка во нашиот живот – битката помеѓу нашите добри и лоши мисли. Следува приказната.
Еден стар Чироки го учи неговиот внук за животот. „Внатре во мене се случува борба.“ – му рече на момчето.
„Тоа е страшна борба, а е борба помеѓу два волци. Едниот е лош – тој е гнев, завист, тага, жалење, алчност, арогантност, самосожалување, вина, лутина, инфериорност, лаги, лажна гордост, супериорност и его.“ Тој продолжи: „Другиот е добар – тој е радост, мир, љубов, надеж, ведрина, понизност, љубезност, добрина, сочувство, дарежливост, вистина, сомилост и верба. Истата борба се одвива и внатре во тебе – и исто и во секоја друга личност.“
Внукот размислувал кратко за тоа и потоа го прашал неговиот дедо: „Кој волк ќе победи?“
Стариот Чироки едноставно одговорил: „Тој што ќе го храниш.“
Нашите мисли можат да бидат наш најлош непријател. Ако им дозволиме. Размислете како можете да ги „храните“ вашите негативни мисли дозволувајќи им да владеат со вашиот мозок. Следниот пат кога ќе имате негативна мисла, фатете ја и запрашајте се себе: „Што прави оваа мисла за мене?“ Ќе најдете дека одговорот е дека сè што тие прават е ве ослабуваат. Веднаш можете да се почувствувате посилни доколку се фокусирате на нешто добро во вашиот живот и ја негувате практиката на благодарност.
Можеме да создадеме поголем мир, доверба и позитивен исход учејќи како да се справуваме со нашите мисли. После сè, може да извојуваме победа во таа битка бидејќи ја имаме моќта на изборот!
Кој волк го храните вие? Запомнете, секогаш имате избор…