Флуорот е токсин кој е штетен за вашето тело и мозок

Ако сè уште верувате во митот дека флуорот е добар за вашите заби и забите на вашите деца, размислете повторно. Постојат голем број на научни истражувања што го потврдуваат спротивното – дека флуорот е токсин кој е крајно штетен за вашето тело, мозок, па дури и за забите.

Се повеќе истражувања денес ја испитуваат способноста на флуорот да го оштети вашиот мозок. Неодамнешни испитувања за здравјето на човекот во Кина ги потврдувааат резултатите од претходни тестови врз животни, дека зголемената изложеност на флуор води до намален коефициент на интелигенција кај деца.

Когнитивната способност на вашето дете дополнително се намалува ако е дефицитарно на јод.

Пред тие испитувања, повеќе од 30 испитувања врз животни правени од 1992-рата година, регистрирале нарушување во учењето и мемориските процеси кај животни третирани со флуор.

Дури и кај случаи со ниски нивоа од 1ppm (дел од милион), испитувањата покажуваат директни токсични ефекти врз мозочното ткиво, вклучувајќи:

  • намалување на содржината на липиди
  • оштетен антиоксидантен одбранбен систем
  • зголемена апсорпција на алуминиум
  • оштетување на хипокампус
  • оштетување на Пуркиниеви клетки
  • формирање на бета-амилоидни плаки (класична мозочна абнормалност кај Алцхајмерова болест)
  • акумулација на флуор во пинеална жлезда (епифиза)

Има толку многу научни истражувања што ги докажуваат директните токсични ефекти на флуорот во вашето тело и е навистина извонредно што сè уште не е постигнат научен консензус досега. Восхитувачки е фактот што медицинските (и стоматолошките) заедници толку тврдоглаво го отфрлаат поврзувањето на точките кога се работи за огромниот раст на когнитивни нарушувања кај возрасни (Алцхајмерова болест и разни деменции) и проблеми во однесувањето кај деца (синдром на дефицит на внимание и хиперактивност, депресија и други когнитивни нарушувања).

Флуорираната вода за пиење за дентално здравје е измама од масовни пропорции.

Наградуваниот новинар Кристофер Брисон, детално објаснува во својата книга „Флуор измамата“ („The Fluoride Deception“), како флуорирањето на водата во САД започна во средината на 1940-тите години како решение за загадувањето со флуор, под покровителство на програмата за атомска енергија и алуминската индустрија.

Користејќи ја едноставната вистина дека природна форма на флуор е дел од составот на вашите заби (органски калциум фосфат), започна да се шири пропаганда за да се убедат сите дека пиењето токсични хемиски соединенија на флуорот – отпадните материи од индустриите кои доведуваат до загадување со флуор, како и користењето флуор во пастите за заби – ќе биде добро за забите на децата. Тоа е чиста генијалност!

Започнаа со зрно вистина и завршија со лага со големина на Сахара.

Наместо да ризикуваат многубројни тужби од земјоделците чии посеви и добиток умирале од изложеност на токсичниот воздух што го носел ветерот или да се трошат огромни суми на пари за безбедно да се ослободат од тие хемикалии, беа во можност да ги продадат своите отпадни материи како производ за „здравје“! Неверојатно!

А прикривањето продолжува и до овој ден.

Дали знаете дека дури и кога научниците ја испитуваат токсичноста на флуорот кај луѓето, испитуваат фармацевтски чист флуор (истиот материјал се користи во антидепресиви), но всушност не соединенијата на флуорот што се користат за флуорирање на вода – што се дури и повеќе токсични од отпадните материи произведени од индустријата за вештачко ѓубриво?

Всушност, нивните веќе штетни резултати, може да бидат далеку поголеми отколку што се смета во моментов. Веќе е доволно лошо, со оглед на тоа што основниот натриум флуорид (кој е далеку поедноставен отров од соединенијата на флуорот што се користат за флуорирање на водата), исто така се користи и како:

  • Отров за стаорци и лебарки
  • Анестетици
  • Хипнотици
  • Воен нервен гас (сарин)

Како можете да ги зачувате вашите заби здрави без употреба на флуор? Како прво, флуорот никогаш не бил одговорот, затоа не грижете се мислејќи дека со елиминирање на овој токсин ќе ги уништите забите на вашето дете (или своите).

Наместо тоа, за природно здрави заби погледнете во вашата исхрана. Всушност, повеќето луѓе чија исхрана вклучува многу малку шеќер и малку преработена храна имаат многу низок степен на кариес. Ограничување или елиминирање на шеќерот и избегнување на преработена храна – заедно со редовно чистење кај вашиот стоматолог – ќе осигура вашите заби да останат здрави природно.

Исто така можете да се заштитите себе само со користење на паста за заби без флуор во составот и да не примате флуоридни третмани кај вашиот стоматолог. Одредени цементи, пломби и врзувачки материјали исто така содржат флуор, затоа разговарајте со вашиот стоматолог за други опции без флуор во такви случаи.

Дефинитивно не треба да им давате на вашите деца дополнителни флуор суплементи, кои некои стоматолози ги препишуваат во нефлуорирани области.

За жал, отстранување на флуорот од водата за пиење е далеку потежок подвиг. Додека некои други хемикалии додадени во водата за пиење ќе испарат, флуорот не е еден од нив. Ниту готвењето, преработката на храната, обичната филтрација, ниту пак варењето на храната нема да го отстрани флуорот.

Единствен познат начин да се отстрани флуорот од водата е со користење на филтер за обратна осмоза. Исто така треба да запомните да ја филтрирате не само водата за пиење, туку и водата што ја користите за миење на зеленчук, правење коцки мраз и за готвење.

Доколку живеете во област со флуорирана вода, како додаток на вашата кујна, можеби ќе сакате да размислите да додадете и филтри во вашиот туш бидејќи исто така ќе апсорбирате контаминации преку вашата кожа кога се туширате или бањате.

д-р Меркола, експерт за природно здравје

Извори:

Choi, A. L., Sun, G., Zhang, Y., & Grandjean, P. (2012). Developmental fluoride neurotoxicity: a systematic review and meta-analysis. Environmental health perspectives, 120(10), 1362–1368. https://doi.org/10.1289/ehp.1104912

Eble, D. M., Deaton, T. G., Wilson, F. C., Jr. and Bawden, J. W. (1992). Fluoride Concentrations in Human and Rat Bone. Journal of Public Health Dentistry, 52, 288-291. doi:10.1111/j.1752-7325.1992.tb02290.x

Li, Y., Berenji, G. R., Shaba, W. F., Tafti, B., Yevdayev, E., & Dadparvar, S. (2012). Association of vascular fluoride uptake with vascular calcification and coronary artery disease. Nuclear medicine communications, 33(1), 14–20. https://doi.org/10.1097/MNM.0b013e32834c187e

Luke J. (2001). Fluoride deposition in the aged human pineal gland. Caries research, 35(2), 125–128. https://doi.org/10.1159/000047443

Masters, R. D., Coplan, M. J., Hone, B. T., & Dykes, J. E. (2000). Association of silicofluoride treated water with elevated blood lead. Neurotoxicology, 21(6), 1091–1100.

Phipps, K. R., Orwoll, E. S., & Bevan, L. (1998). The association between water-borne fluoride and bone mineral density in older adults. Journal of dental research, 77(9), 1739–1748. https://doi.org/10.1177/00220345980770091001

error: Внимание: Содржината е заштитена!

You have successfully subscribed to the newsletter

Се појави грешка. Обиди се повторно.

Здрава Исхрана will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.