Паметни начини како да се храните здраво со мал буџет

Здравата храна може да биде скапа. Затоа може да биде тешко добро да се храните доколку имате мал буџет. Меѓутоа постојат многу начини да заштедите пари, а сепак да јадете природни производи од една состојка.

Следуваат 17 паметни совети кои може да ви помогнат да се храните здраво со мал буџет.

1. Планирајте ги вашите оброци

Кога се работи за заштеда на пари во продавница за храна, неопходно е планирање. Секоја недела искористете еден ден за да ги испланирате оброците за следната недела. Потоа направете листа на храна што треба да ја купите. Исто така бидете сигурни да го проверите фрижидерот и сите елементи каде што чувате храна за да видите што веќе имате. Обично има многу храна скриена некаде поназад што може да се искористи. Планирајте да купите само тоа што знаете дека ќе го употребите, за да не завршите фрлајќи многу од тоа што го купувате.

Планирајте ги оброците за неделата што следува и направете листа на храна што треба да ја купите. Купувајте само тоа што сте сигурни дека ќе го употребите и проверете што веќе имате дома.

2. Држете се до вашата листа на храна

Откако еднаш ќе ги испланирате вашите оброци и ќе ја направите листата, држете се до неа. Многу е лесно да изгубите контрола во продавница, што може да доведе до несакани, скапи набавки. Како општо правило, обидувајте се прво да купувате по периметарот на продавницата. На тој начин е поверојатно дека ќе ја наполните вашата кошничка со природна храна. Средината на продавницата често ги содржи најпреработените и нездрави производи. Ако се најдете на тие патеки, гледајте на врвот или на дното од полиците наместо право пред вас. Најскапите производи обично се поставени во висина на очите. Покрај тоа, денес постојат и многу апликации за листа на намирници што може да ви помогнат при купувањето. Некои од нив дури може и да ги зачуваат вашите омилени производи или да споделат листи помеѓу повеќе купувачи. Користењето на апликација е исто така и одличен начин да бидете сигурни дека нема да ја заборавите вашата листа дома.

Држете се до вашата листа на намирници кога купувате. Најпрво купувајте по периметарот на продавницата бидејќи обично таму се наоѓа природната храна.

3. Гответе дома

Готвењето дома е многу поефтино од јадењето надвор. Стекнете навика да готвите дома, наместо да јадете надвор во последна минута. Општо земено, може да нахраните цело семејство од четири члена за истата цена како и храна во ресторан за двајца. На некои луѓе им е полесно да подготват храна во текот на викендот за неделата што следува, додека пак други готват оброк по оброк. Кога вие самите готвите, исто така имате и можност да знаете што точно има во вашата храна.

Готвењето дома е далеку поефтино отколку јадењето надвор. На некои луѓе им е полесно да подготват храна во текот на викендот за неделата што следува, додека пак други готват оброк по оброк.

4. Подготвувајте големи порции и користете ги вашите остатоци

Готвењето големи оброци може да ви заштеди и време и пари. Остатоците може да се искористат за ручек, во други рецепти или замрзнати како поединечни порции во кои може да уживате подоцна. Остатоците обично се многу добри за чорби, потпржување, салати и бурито. Овие типови на храна се особено добри за луѓе со ограничен буџет.

Гответе големи оброци од ефтини состојки и користете ги остатоците во текот на следните денови.

5. Не купувајте кога сте гладни

Ако отидете во продавница гладни, поголема е веројатноста да не се држите до листата за купување и да купите нешто импулсивно. Кога сте гладни, често посакувате храна што не е добра за вас или за вашиот буџет. Обидете се да грабнете парче овошје, јогурт или друга здрава ужинка пред да одите во продавница.

Купувањето кога сте гладни може да доведе до желба за одредена храна и импулсивно купување. Ако сте гладни, имајте ужинка пред да одите да купувате во продавница.

6. Купувајте природни производи

Некои производи се многу поефтини во помалку преработена форма. На пример, еден блок сирење е поефтин од рендано сирење. Целите житарици, како кафеав ориз и овес, се исто така поефтини по порција од повеќето преработени житарици. Помалку преработените производи често се продаваат во поголеми количини и од нив се добиваат повеќе порции по пакување.

Природните производи се често поефтини од нивните преработени еквиваленти. Исто така можете да ги купите и во поголеми количини.

7. Купувајте генерички брендови

Повеќето продавници нудат генерички брендови за скоро секој производ. Сите производители на храна треба да следат одредени стандарди за да обезбедат безбедна храна. Генеричките брендови може да имаат ист квалитет како и другите национални брендови, само се поефтини. Сепак, читајте ја листата на состојки за да бидете сигурни дека не купувате производ со помал квалитет отколку што сте навикнати.

Повеќето продавници нудат генерички брендови за многу производи. Тие често имаат ист квалитет како и поскапите национални брендови.

8. Престанете да купувате преработена храна

Исфрлете дел од преработената храна од вашата исхрана. Ќе се изненадите кога ќе видите колку всушност плаќате за сокови, крекери, колачи, спакувани оброци и други преработени производи. Покрај фактот што нудат многу малку хранливи материи и се спакувани со нездрави состојки, исто се и многу скапи. Со избегнување на преработени и нездрави производи, можете да потрошите поголем дел од вашиот буџет на високо квалитетни здрави производи.

Престанете да купувате преработена храна од продавница. Скапа е и спакувана е со нездрави состојки. Исто така нуди многу малку или воопшто никакви хранливи материи.

9. Купувајте на распродажба

Ако имате омилени производи или некои основни производи што често ги користите, треба да купите повеќе од нив кога се на распродажба. Ако сте сигурни дека е нешто што сигурно ќе го употребите, можете да купите повеќе и ќе заштедите пари. Само бидете сигурни дека ќе трае одредено време и дека нема да му истече рокот на траење во меѓувреме. Во никој случај нема да заштедите ако купите нешто што подоцна ќе го фрлите.

Купувајте повеќе основни продукти и омилени производи кога се на распродажба. Само бидете сигурни дека нема да се расипат во меѓувреме.

10. Заменете го месото со други протеини

Јадењето помалку месо може да биде добар начин да заштедите пари. Обидете се, за почеток со еден или два дена неделно, да користите други извори на протеини како мешункасти плодови, семе од коноп и јајца. Сите тие се ефтини, хранливи и лесни за подготовка. Повеќето од нив исто имаат и долг рок на траење, и затоа е помала веројатноста брзо да се расипат.

Обидете се да го замените месото со грав, мешункасти плодови или јајца. Тоа се ефтини и хранливи извори на протеини.

11. Купувајте сезонски производи

Локалното сезонско производство обично е поефтино. Исто така обично достигнува врв и со хранливите материи и со вкусот. Производството што не е во сезона често е транспортирано од некој друг дел на светот до вашата продавница, што не е добро ни за околината, ни за вашиот буџет. Исто така купувајте производи на кило, доколку можете. Тоа е обично поефтино отколку купување на парче. Ако купите повеќе отколку што ви е потребно, можете да го замрзните остатокот или да го вклучите во планот за оброци за следната недела.

Сезонското производство е обично поефтино и похранливо. Ако купите премногу, замрзнете го остатокот или вклучете го во планот за идните оброци.

12. Купувајте замрзнато овошје и зеленчук

Свежото овошје, бобинки и зеленчук се обично во сезона само неколку месеци годишно, а понекогаш се прилично скапи. Брзо замрзнатото производство е обично исто толку хранливо. Поефтино е, достапно е во текот на целата година и обично се продава во големи пакувања. Замрзнатото производство е одлично за користење при готвење, за правење смуди или како додаток на овесни снегулки и јогурт. Исто така имате предност да издвоите само толку колку што ви треба да употребите. Остатокот безбедно ќе биде зачуван од расипување во замрзнувачот. Намалувањето на исфрлена храна е одличен начин за заштеда на пари.

Замрзнатото овошје, бобинки и зеленчук се обично исто толку хранливи како и нивните свежи еквиваленти. Достапни се во текот на целата година и често се продаваат во големи пакувања.

13. Купувајте на пакет

Купувањето на некои типови на храна на пакет може да ви заштеди многу пари. Зрнестата храна како кафеав ориз, просо, јачмен и овес е достапна на пакет. Тие исто така траат долго време, доколку ги чувате во херметички садови. Тоа важи и за гравот, леќата, некои јаткасти плодови и сувото овошје. Сите тие се основни производи кои се релативно ефтини и може да се користат во различни здрави оброци.

Многу производи се достапни на пакет за многу пониска цена. Траат долго време во херметички садови и може да се користат за различни здрави ефтини јадења.

14. Одгледувајте ваши сопствени производи

Доколку можете, одлична идеја е да одгледувате ваши сопствени производи. Семињата се многу ефтини да ги купите. Со малку време и труд, ќе можете да одгледувате ваши сопствени билки, никулци, домати, кромид и многу други вкусни култури. Постојаната снабденост дома ќе ви заштеди пари во продавница. Домашното производство може исто така да е и многу повкусно од сортите купени од продавница. Исто ви е загарантирано дека е набрано кога е зрело.

Со малку време и труд, лесно е да одгледате ваши сопствени производи како билки, никулци, домати и кромид.

15. Спакувајте си ручек

Јадењето надвор е многу скапо, особено доколку го практикувате редовно. Пакувањето ручек, ужинки, пијалоци и други оброци е поефтино и многу поздраво од јадењето надвор. Ако сте се навикнале на готвење големи оброци дома (погледнете го советот 4), постојано ќе имате ручек што ќе може да го понесете со вас без никаков дополнителен труд или трошок. Потребно е планирање, но ќе ви заштеди многу пари на крајот од месецот.

Пакувањето на ручек ги намалува трошоците за јадење надвор. Долгорочно тоа може да ви заштеди многу пари.

16. Користете ги мудро купоните

Купоните се одличен начин да заштедите пари. Но бидете сигурни дека ги користите мудро. Повеќето купони се за нездрави, преработени производи. Издвојте ги добрите зделки и купувајте залихи од производи за чистење, здрава храна и основни производи што сигурно ќе ги употребите. Со намалување на трошоците за производи што ви се потребни во домот, можете да потрошите повеќе од вашиот буџет на здрава храна.

Купоните може да бидат одличен избор за купување залихи на производи за чистење и здрава храна. Само избегнувајте ги тие што вклучуваат преработени и нездрави производи.

17. Ценете ги поефтините производи

Постојат многу производи кои се и ефтини и здрави. Со одредени прилагодувања и користење на состојки на кои обично може не сте навикнати да ги користите, можете да подготвите многу вкусни и ефтини оброци. Обидете се да ја зголемите употребата на јајца, грав, семиња, замрзнато овошје и зеленчук, и цели житарици. Сите тие се вкусни, ефтини (особено на пакет) и многу хранливи.

Инкорпорирањето на ефтина, а сепак здрава, храна во вашата секојдневна рутина ќе ви помогне да заштедите пари и добро да се храните.

Пренесете ја пораката

Не мора да ограбите банка за добро да се храните. Всушност, постојат многу начини да се храните здраво дури и со помал буџет. Тоа исто вклучува и планирање на вашите оброци, готвење дома и правење мудар избор во продавница. Исто имајте на ум дека брзата храна ќе ве чини двојно. Лошото здравје доаѓа заедно со медицински трошоци, лекови и дури и намалена способност. Дури и ако здравата исхрана е поскапа (што не мора да биде), тогаш сепак вреди на крајот. Навистина не можете да ставите цена на доброто здравје.

Ада Бјарнадотир, лиценциран нутриционист


error: Внимание: Содржината е заштитена!

You have successfully subscribed to the newsletter

Се појави грешка. Обиди се повторно.

Здрава Исхрана will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.