12 Начини да ги избегнувате токсините во вашата кујна

По поминување многу време во избирање и подготвување на здрава храна, може да биде прилично фрустрирачки да дознаете дека производите што се користат за готвење, печење, јадење и складирање на храна може да го стават нашето здравје на ризик. Материјали како тефлон, БПА, олово, алуминиум, фталати и меламин често се наоѓаат во секојдневните кујнски производи, а се поврзани со сериозни нарушувања на здравјето. Добрите вести се дека постојат многу побезбедни алтернативи, како и нешта што може да ги избегнувате.

1

Избегнувајте пластика секогаш кога е можно, кога станува збор за храна и пијалоци. Тврдата пластика може да го задржи БПА (BPA), кој е развоен, нервен и репродуктивен токсин. Научниците поврзуваат многу мали дози на изложеност на БПА со рак, нарушување на функцијата на имунолошкиот систем, ран почеток на пубертет, дебелина, дијабетес и хиперактивност. Може да се пренесе од пластиката во храната и пијалоците. Едно ново истражување наоѓа дека дури и пластиката што не соджи БПА, содржи синтетички хемикалии што можат да мигрираат во храната.

2

Ако морате да користите пластика во кујната:

• Изберете пластика што не содржи БПА и ПВЦ (BPA-Free, PVC-Free).
• Не загревајте пластични контејнери во микробранова печка („безбедно за во микробранова печка“ само значи дека пластиката всушност нема да се стопи, а високата топлина на печката ќе го зголеми трансферот на хемикалии).
• Не складирајте мрсна или кисела храна во пластика.
• Не користете оштетени (изгребани), лошо зачувани или заматени пластични контејнери за храна и пијалоци.
• Рачно мијте ги пластичните контејнери за да се избегне оштетување.

3

Избегнувајте садови од цврста пластика меламин. Направени се со комбинирање на хемискиот меламин со формалдехид (кој е познат карциноген за човекот). Истражувањата покажуваат дека формалдехидот може да се филтрира од садовите во храната.

4

Кога се работи за складирање на храна, во побезбедни материјали се вбројуваат: стакло, нерѓосувачки челик 304 наменет за користење при исхрана, силикон наменет за користење при исхрана – сите материјали од кои не може да се филтрираат хемикалии во вашата храна.

5

Кога станува збор за садови, стаклото е одличен избор, следено од керамика со безоловна глазура. Ако сте загрижени од кршење – силикон наменет за користење при исхрана (бренд Кајндервил – Kinderville), високо квалитетен нерѓосувачки челик 304 наменет за користење при исхрана и бамбусови или дрвени садови со безбедни бои при исхрана се безбедни опции.

6

Избегнувајте тефлон и други хемиски нелепливи покривни слоеви. Тефлонот е покривен слој произведен со користење на перфлуороктанска киселина-ПФОК (Perfluorooctanoic acid-PFOA) која се смета за „најверојатно“ карциногена за човекот. При загревање, садовите обложени со тефлон и други синтетички нелепливи површини испуштаат гасови што може да убијат птици и потенцијално да ги разболат луѓето. Прегревањето на нелепливите тавчиња и какво било изгребување или поткршување на тие материјали може да предизвика ослободување на тие хемикалии.

7

Претпазливо користете алуминиумски садови. Алуминиумот е мек, високо реактивен метал и може да мигрира во мерливи количини во храната кога се користи за готвење. Алуминиумот се поврзува со нарушувања на мозокот, како и бихејвиорални нарушувања, и се смета за токсична супстанца од Агенцијата за токсични супстанци и регистарот на болести во САД. Многу компании преминуваат од алуминиум на анодизиран алуминиум. Во тој процес алуминиумот се потопува во хемиска бања за да се создаде поиздржлив слој, за алуминиумот да не може така лесно да се филтрира во храната. Сепак, анодизацијата може да престане со тек на време – значи сепак не е најбезбеден избор за садови за готвење.

8

Избегнувајте пластичен прибор за јадење и прибор за готвење бидејќи може да се стопи или да се излее површинскиот слој при висока температура или при долгорочно користење, што потенцијално доведува хемикалиите да мигрираат во храната. Наместо нив изберете стабилни материјали како: дрво, бамбус, силикон или нерѓосувачки челик.

9

Најбезбедните материјали за готвење и печење вклучуваат: стакло, високо квалитетен нерѓосувачки челик 304 наменет за користење при исхрана, леано железо и Екстрема керамички садови (Xtrema ceramic cookware).

10

Кога користите садови од нерѓосувачки челик, треба да знаете дека длабоко изгребани и оштетени садови може да предизвикаат металите (никел и хром) да мигрираат во храната во мали количини. Тие не се токсични елементи, па затоа нема вистинска причина за загриженост, освен доколку имате конкретна алергија или чувствителност. Но за бидете безбедни, избегнувајте честа употреба на абразивни материјали на садови од нерѓосувачки челик.

11

Користете нетоксични производи за чистење и миење – избегнувајте белило, амонијак и синтетички мириси и бои.

12

Филтрирајте ја водата од чешма за пиење и готвење. Најдете високо квалитетен филтер кој може да отстранува тешки метали, хлор, испарливи органски соединенија и други загадувачи.

На крај, купувајте производи од реноминирани производители или поединци кои можат да ги одговорат вашите прашања, производи што не содржат токсини и ги исполнуваат сите барања за безбедност.

Извори:

An, L., & Sun, W. (2017). A Brief Review of Neurotoxicity Induced by Melamine. Neurotoxicity research, 32(2), 301–309. https://doi.org/10.1007/s12640-017-9731-z

Fenichel, P., Chevalier, N., & Brucker-Davis, F. (2013). Bisphenol A: an endocrine and metabolic disruptor. Annales d’endocrinologie, 74(3), 211–220. https://doi.org/10.1016/j.ando.2013.04.002

Geens, T., Aerts, D., Berthot, C., Bourguignon, J. P., Goeyens, L., Lecomte, P., Maghuin-Rogister, G., Pironnet, A. M., Pussemier, L., Scippo, M. L., Van Loco, J., & Covaci, A. (2012). A review of dietary and non-dietary exposure to bisphenol-A. Food and chemical toxicology : an international journal published for the British Industrial Biological Research Association, 50(10), 3725–3740. https://doi.org/10.1016/j.fct.2012.07.059

Guan, X., & Deng, Y. (2016). Melamine-associated urinary stone. International journal of surgery (London, England), 36(Pt D), 613–617. https://doi.org/10.1016/j.ijsu.2016.11.012

Konieczna, A., Rutkowska, A., & Rachoń, D. (2015). Health risk of exposure to Bisphenol A (BPA). Roczniki Panstwowego Zakladu Higieny, 66(1), 5–11.

Rochester, J. R. (2013). Bisphenol A and human health: a review of the literature. Reproductive toxicology (Elmsford, N.Y.), 42, 132–155. https://doi.org/10.1016/j.reprotox.2013.08.008

Sajid, M., & Ilyas, M. (2017). PTFE-coated non-stick cookware and toxicity concerns: a perspective. Environmental science and pollution research international, 24(30), 23436–23440. https://doi.org/10.1007/s11356-017-0095-y

Wang, Z., Liu, H., & Liu, S. (2016). Low-Dose Bisphenol A Exposure: A Seemingly Instigating Carcinogenic Effect on Breast Cancer. Advanced science (Weinheim, Baden-Wurttemberg, Germany), 4(2), 1600248. https://doi.org/10.1002/advs.201600248