Натриум бикарбонат (сода бикарбона) – најдобар пријател на секој пациент со рак

Канцерозните клетки имаат пониска pH од околното ткиво. Третманот на рак со натриум бикарбонат се базира на покачување на вредноста на pH.

Како да не беше доволно понижувачко за конзервативните онколози да научат дека понизната хемикалија натриум бикарбонат (сода бикарбона) е важна во третманот на рак, па сега треба да го проголтаат и истражувањето што укажува на фактот дека бикарбонатот може исто така да се користи и за да се дијагностицира рак во неговата најрана фаза. Онколозите разбираат и знаат дека бикарбонатот е неопходен за да ги заштити нивните пациенти од токсичност и оштетувања од високо токсични хемикалии што се користат во хемотерапијата. Исто така знаат и дека е од исклучителна помош за пациентите што примаат радијациона терапија за да ги заштити како бубрезите, така и другите ткива во телото од радиоактивни оштетувања.

Онколозите исто така треба да знаат дека екстрацелуларната алкализација предизвикана од бикарбонатот води до значајни подобрувања во терапевтската ефикасност на одредени хемо агенси.

Голем број на истражувања покажуваат дека екстрацелуларната pH на ракот е обично пониска за разлика од истата кај нормално ткиво и дека кисела pH промовира инвазивен раст на тумор кај примарен и метастатски рак. Надворешната pH на цврстите тумори е кисела, како последица на зголемување на метаболизмот на глукоза и слаба перфузија. Покажано е дека киселата pH стимулира инвазија на туморските клетки и метастазирање и ин витро, и во клетки пред инјекција во завршна вена ин виво.

Истражувачите ја испитувале прилично разумната претпоставка дека пуферите водат до намалена интратуморна и перитуморна ацидоза, а како резултат на тоа до инхибиција на малигнен раст.

Покажано е дека зголемени серумски концентрации на натриум бикарбонат (NaHCO₃) може да се постигнат со орален внес. Тие истражувачи нашле дека последователното намалување на киселоста на туморот значајно го намалува растот и инвазијата на туморот без промена на pH на крвта или на нормалното ткиво.

Оралниот NaHCO₃ селективно ја покачува pH на туморите и го намалува формирањето на спонтани метастази кај модели од глувци со метастатски рак на дојка. Терапијата со NaHCO₃ исто така ја намалува и стапката на зафатеност на лимфните јазли, и значително го намалува формирањето на хепатални метастази. Киселата pH покажува зголемено ослободување на активен катепсин Б, важна протеза за ремоделирање на матриксот.

Знаеме дека бикарбонатот лесно се претвора во CO2 кога се раствора во вода како што навлегува во желудникот, но малкумина знаат дека канцерозното ткиво го претвора бикарбонатот во јаглерод диоксид. Пред неколку години, еден тим за истражување на ракот во Велика Британија откри дека МРИ (MRI) скенови можат да ги следат промените во бикарбонатот и со тоа да го идентификуваат ракот дури и во ран стадиум.

Натриум бикарбонат и истражувања за рак

Сите типови на рак имаат ниска pH, што значи дека е покисела од околното ткиво. При работа со глувци, истражувачите ја зголемиле чувствителноста на МРИ (MRI) за повеќе од 20 000 пати. Со користење на МРИ (MRI), сакале да видат колку од обележаниот бикарбонат се претвора во јаглерод диоксид во туморот.

Главниот истражувач, проф. Кевин Бриндл од Институтот за истражување на Кембриџ, за истражување на ракот во Велика Британија на Универзитетот во Кембриџ рече: „Оваа техника може да се користи како високо чувствителен систем за рано предупредување за знаци на рак. Со искористување на природниот систем за балансирање на pH на телото, најдовме потенцијално безбеден начин за мерење на pH за да видиме што се случува кај пациентите. МРИ (MRI) може да открие абнормални вредности на pH кои се наоѓаат кај ракот, а тоа може да се искористи за да посочи каде е присутна болеста и дали реагира на третманот.“

Посебна забелешка: Во „Натриум бикарбонат – Третман на рак за богатиот и сиромашниот човек“ („Sodium Bicarbonate – Rich Man’s Poor Man’s Cancer Treatment“) истакнато е дека третманот на рак со натриум бикарбонат не е самостоен третман од еден чекор.

Секогаш треба да се користи во комбинација со целосен протокол што вклучува: најважно магнезиум хлорид, јод и селен, плус природен пристап кон исхраната, чистење на цревата, изложеност на сонце и многу други нешта што може да помогнат.

д-р Марк Сиркус, акупунктурист, доктор по ориентална и пастирска медицина
– директор на Меѓународната медицинска асоцијација „Веритас“ („International Medical Veritas Association“)

Извори:

Robey, I. F., Baggett, B. K., Kirkpatrick, N. D., Roe, D. J., Dosescu, J., Sloane, B. F., Hashim, A. I., Morse, D. L., Raghunand, N., Gatenby, R. A., & Gillies, R. J. (2009). Bicarbonate increases tumor pH and inhibits spontaneous metastases. Cancer research, 69(6), 2260–2268. https://doi.org/10.1158/0008-5472.CAN-07-5575

Silva, A. S., Yunes, J. A., Gillies, R. J., & Gatenby, R. A. (2009). The potential role of systemic buffers in reducing intratumoral extracellular pH and acid-mediated invasion. Cancer research, 69(6), 2677–2684. https://doi.org/10.1158/0008-5472.CAN-08-2394