Исцелувачки придобивки од супата од коски

  • Желатинот што се наоѓа во супата од коски е хидрофилен колоид што привлекува и задржува течности, вклучувајќи дигестивни сокови, со што обезбедува правилна дигестија.
  • Супата од коски намалува болка во зглобовите и воспаление, благодарение на хондроитин сулфатот, глукозаминот и другите соединенија екстрахирани од сварената ’рскавица.
  • Амино киселините како глицин, пролин и аргинин во супата од коски имаат антивоспалителни ефекти.
  • Супата од коски содржи високи концентрации на калциум, магнезиум и други хранливи материи кои имаат важна улога во формирањето на здрави коски.
  • Супата од коски може да биде направена од кој било тип на коски што сакате – пилешки, свински или дури и од коски од риба – но барајте коски од органски одгледани животни, животни што паселе или биле хранети со трева.

Исцелувачки придобивки од супата од коски за вашиот гастроинтестинален тракт

Супата од коски е основна во ГАПС диетата, која се базира на принципите на гастроинтестинален и психолошки синдром (Gut and Psychology Syndrome-GAPS) развиени од д-р Наташа Кемпбел-МекБрајд.

ГАПС диетата често се користи во третман на деца со аутизам и други нарушувања со потекло од нарушена функција на гастроинтестиналниот тракт, но исто така и кај алергии и благо нарушено здравје на гастроинтестиналниот тракт бидејќи е наменета за лекување на зголемена цревна пропустливост (Leaky gut syndrome). Ако вашите црева се пропустливи или пермеабилни, делумно несварената храна, токсините, вирусите, габите и бактериите добиваат можност да поминат низ цревата и да влезат во крвотокот, што е познато како зголемена цревна пропустливост.

Кога вашата цревна покривка е повеќекратно оштетена поради повторно јавување на зголемена цревна пропустливост, продолжетоците на оштетените клетки наречени микровили стануваат неспособни да ја вршат нивната работа правилно. Стануваат неспособни да ги обработуваат и користат хранливите материи и ензимите што се од витално значење за правилна дигестија.

На крај, варењето е нарушено, а апсорпцијата на хранливи материи е негативно погодена. Како се зголемува изложеноста, вашето тело иницира напад на туѓите тела. Реагира со воспаление, алергиски реакции и други симптоми поврзани со различни болести.

Зголемена цревна пропустливост е корен на многу алергии и автоимуни заболувања, на пример.

Во комбинација со токсини имате совршена бура што може да доведе до невролошки нарушувања како аутизам, синдром на дефицит на внимание и хиперактивност, и потешкотии при учење.

Еден од главните производи што треба да го користите е супата од коски бидејќи не само што лесно се вари, туку исто така содржи и значајни компоненти за оптимизирање на имунолошкиот систем кои се основни градежни елементи во третманот на автоимуните заболувања.

Како што вашата зголемена цревна пропустливост ќе започне да се лекува, а вашето здравје ќе се подобрува, одредени производи повторно се додаваат во исхраната, но супата од коски останува основна бидејќи е неверојатно хранлива за вашето тело. Затоа дури и ако немате проблеми со гастроинтестиналниот тракт, сепак е одлична основна храна што треба да ја вклучите во вашата исхрана.

Рецептот што следува е од готвачот „Излекувајте го вашиот гастроинтестинален тракт: Рецепти со многу хранливи материи за здрави црева користејќи ја ГАПС диетата“ („The Heal Your Gut Cookbook: Nutrient-Dense Recipes for Intestinal Health Using the GAPS Diet“). Напишан е од Хилари Бојнтон и Мери Брекет, и содржи корисни совети како темелно и трајно да го излекувате вашиот гастроинтестинален тракт.

Овој рецепт за супа од коски е класичен, а ќе сакате да го зачувате за во иднина. Исто така вклучив и совети како да го направите овој рецепт ако користите низок извор на топлина или различни видови на коски, како пилешки коски. Можеби најважна напомена кога правите супа од коски е да бидете сигурни дека коските се од органски одгледани животни, животни што паселе или биле хранети со трева.

Основен рецепт за супа од коски

Рецептот што следува се прави со говедски коски, но исто така може да ја направите супата од коски и користејќи пилешки коски, коски од риба или свински коски. Секоја ќе има различен вкус. Бојнтон и Брекет всушност предлагаат да започнете со пиле бидејќи има најблаг вкус (говедското месо има појак вкус). Ако користите пиле, едноставно ставете го целото пиле, сирово, во тенџере наместо говедските коски и продолжете со рецептот како што следува.

Една напомена, ако готвите цело пиле, месото треба да започне да се одвојува од коските по околу два часа. Едноставно извадете го пилето од тенџерето и одвојте го месото од коските. Потоа ставете ги коските назад во тенџерето и продолжете да ги варите. Дури може да користите и коски од печено пиле или мисирка за да направите супа од коски, што е навистина исплатливо бидејќи инаку би ги фрлиле.

Калории: 379 (една порција)

Порции: 3

Состојки:

  • 1,5-2 kg говедска удина и коски од зглобови
  • 1 kg коски со месо како кратки ребра
  • ½ чаша сиров јаболков оцет
  • 4 литри филтрирана вода
  • 3 китки целер, преполовен
  • 3 моркови, преполовени
  • 3 главици кромид, исечени на 4 дела
  • Полна рака свеж магдонос
  • Морска сол

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги коските во тенџере или електричен лонец, додадете го јаболковиот оцет и водата, и оставете ја мешавината да отстои еден час за јаболковиот оцет да ги извлече минералите од коските.
  2. Ако е потребно додадете повеќе вода за да ги покрие коските.
  3. Додадете го зеленчукот, варете до точка на вриење и отстранете го слојот од нечистотии што ќе се создаде на површината на водата.
  4. Намалете ја температурата до точка на тивко вриење, покријте го тенџерето и варете 24-72 часа (доколку не се чувствувате безбедно да го оставите тенџерето да вари во текот на ноќта, исклучете го изворот на топлина и оставете го да отстои во текот на ноќта, и потоа повторно уклучете го и оставете го да се вари следниот ден, цел ден)
  5. За време на последните десет минути од варењето додадете го свежиот магдонос за додатен вкус и минерали.
  6. Оставете ја супата да се излади и измешајте ја, бидете сигурни дека целата срцевина е надвор од коските во супата.
  7. Додадете морска сол по вкус и пијте ја супата како што е подготвена или чувајте ја во фрижидер пет до седум дена, или во замрзнувач до шест месеци за да ја користите за супи или чорби. 
д-р Меркола, експерт за природно здравје

Извори:

Luiking, Y. C., Poeze, M., Ramsay, G., & Deutz, N. E. (2005). The role of arginine in infection and sepsis. JPEN. Journal of parenteral and enteral nutrition, 29(1 Suppl), S70–S74. https://doi.org/10.1177/01486071050290S1S70

Rennard, B. O., Ertl, R. F., Gossman, G. L., Robbins, R. A., & Rennard, S. I. (2000). Chicken soup inhibits neutrophil chemotaxis in vitro. Chest, 118(4), 1150–1157. https://doi.org/10.1378/chest.118.4.1150

error: Внимание: Содржината е заштитена!

You have successfully subscribed to the newsletter

Се појави грешка. Обиди се повторно.

Здрава Исхрана will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.